Контакт

Uncategorized

Почина американскиот репибликански сенатор Џон Мекејн

Објавено пред

Американскиот сенатор Џон Мекејн почина на 81 година од животот, соопшти неговата канцеларија. Неговата сопруга и семејството биле покрај него кога починал.

Мекејн со години се бореше со агресивен рак на мозокот. Тој во петокот ја напушти болницата поради напредно ширење на канцерот.

Мекејн 6 пати беше сенатор, поранешен воен затвореник и два пати кандидат за претседател.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Амнестија во текот на судскиот процес, прекин на постапката за тие што не тепале на 27 април?

Објавено пред

Кој ќе се спаси од кривична одговорност за инцидентите од 27 април, најверојатно ќе се утврдува според обвинителниот акт, односно кривичното дело за кое се обвинети или осудени. Од координативното тело за помирување и интеграција кое ги подготвува препораките за амнестија, брифираат дека има согласност да се направи дистинкција меѓу лицата кои биле насилни и оние кои упаднале во Собранието, но не тепале. Не ја отфрлаат можноста, предлогот кој ќе биде разгледан деновиве на првиот состанок на ова тело, да има препорака за прекин на постапката против лицата кои не биле насилни. Со ова се отфрла втората можност, амнестијата да важи по завршувањето на судскиот процес против 30 лица кои се гонат за терористичко загрозување на уставниот поредок. Од Телото за помирување повторуваат дека целта не им е да се мешаат во работата на судот, но нивниот предлог, како што велат, е во насока на помирувањето што го иницираа како еден од условите да гласаат за отворање на Уставот.

Во оваа насока е изјавата и на министерката Дескоска, која порача дека амнестијата за 27 април треба да биде врз основа на обвинителниот акт, односно во зависност од тоа за кое дело лицата се обвинети или осудени, и дека тоа е во надлежност на собраниското тело кое го подготвува законот, посочувајќи ги како пример веќе донесените пресуди за насилство врз пратеникот Села и министерката Шекеринска.

Процесот за 27 април сè уште е во тек, утре продолжува рочиштето на кое треба да продолжи презентирање на СМС и вибер-комуникацијата од мобилните телефони на обвинетите, додека в понеделник, на 26 ноември, треба да заврши одбраната на пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов и Јохан Тарчуловски. Дел од обвинетите веќе ги повлекле доказите, иако не откриваат дали тоа е поврзано со најавената амнестија. Дел од обвинетите, пак, велат дека не знаат дали ќе бидат опфатени со амнестијата, а некои од нив велат и дека не сакаат да се мешаат во политичките одлуки.

„Не знам дали ќе бидам опфатен, јас не изготвувам никаков закон, можам да кажам дека слободата е вистинска правда за тие што сме неправилно обвинети“, рече Богдан Илиевски, еден од организаторите на протестите „За заедничка Македонија“.

„Јас својата невиност сакам да си ја докажам пред судот, не можам, а не сакам ни да се мешам во политички одлуки. Јас сум полицаец што постапувал по своите задачи, одлуката за амнестијата ѝ ја препуштам на комисијата што преговара“, рече Горан Ѓошевски, шеф на обезбедувањето на Трајко Велјаноски.

Претходно премиерот Зоран Заев порача дека е прифатлив закон за амнестија, освен за насилниците од 27 април, ако на тој начин, како што кажа, може да се постигне помирувањето за кое се залагаат заедно со осумте пратеници од опозицијата кои гласаа за почнување на процесот на уставни измени.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Џеси Џеј откри дека не може да има деца

Објавено пред

Познатaта британска пејачка Џеси Џеј со своите обожаватели ја сподели тажната вест што ѝ ја соопштија нејзините лекари пред четири години.

Пејачката настапи во „Ројал Алберт хол“ во понеделникот вечер, и пред да ја изведе песната Four Letter Word откри дека оваа песна ја напишала за себе во моменти на голема тага и болка.

„Пред четири години ми беше кажано дека никогаш нема да можам да имам деца. Јас не ви го кажувам ова поради сожалување, бидејќи јас сум само една од милион жени и мажи кои поминуваат низ ова. Тоа не е нешто што нè одредува, но ја напишав оваа песна за себе во моментот на тага и болка, сакав себеси да си обезбедам радост дозволувајќи им на другите луѓе да ја слушаат оваа песна кога им е многу тешко”, рече Џеси Џеј.

„Ако некогаш сте доживеале нешто слично или знаете некој што минува низ ова или има изгубено дете, знајте дека не сте сами во својата болка. Мислам на сите вас додека ја пеам оваа песна”, рече пејачката.

Инаку, Џеси е во врска со актерот Ченинг Тејтум, кој пред 6 месеци се разведе од својата сопруга Џена Деван.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

(Видео) Пожарот во Калифорнија се шири, расте бројот на загинати

Објавено пред

Пожарот во јужниот дел на Калифорнија постојано се шири, а пожарникарите се обидуваат да и стават крај на огнената стихија, но тоа засега е невозможно, пишуваат тамошните медиуми.

Повеќе од 150 000 луѓе беа евакуирани, меѓу кои и голем број познати личности.

Најмалку единаесет лица досега загинаа во пожар во северна Калифорнија, а најлошо е погоден градот Парадајс, каде што целосно се уништени 6 700 домови и продавници.

Овој пожар и официјално стана еден од најразорните пожари досега во историјата на земјата, велат властите.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

В петок состанок на телото за помирување

В петок, најверојатно, ќе се одржи состанок на координативното тело за помирување и интеграција. Деталите околу новиот предлог за амнестија...

Бегството на Груевски3 часа

Рот: Правото на азил е гест на хуманост за прогонетите, но не и за пријател на премиерот

Државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот, упати критики до унгарските власти кои му доделија...

Македонија3 часа

Италијански медиуми: Папата Франциско во мај ќе ја посети Македонија

Папата Франциско во мај следната година ќе ја посети Македонија, објави римокатоличкиот интернет сервис „Религион дигитал“, повикувајќи се на извори...

Свет5 часа

Турција: Не е можно ЦИА да не знае кој дал наредба за убиството на Кашоги

Турција ги обвини САД дека се обидуваат да го игнорираат убиството на новинарот Џамал Кашоги, што се случи во саудискиот...

Бегството на Груевски7 часа

Унгарскиот министер за правда: Унгарија не може да го екстрадира Груевски, тој може да добие патнички документи

Унгарскиот министер за правда, Ласло Трочањи, за телевизијата „Еко“ изјави дека Никола Груевски може да аплицира за патнички документи како...

Македонија7 часа

Сијарто: Унгарските дипломати не го шверцуваа Груевски преку границите, тој имаше документи

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денеска одржа прес-конференција, на која рече дека Груевски морал да премине преку три...

Македонија8 часа

(Видео) Апостолски: Недозволиво е да се одреди мерка притвор без да биде сослушан обвинетиот

Денеска, го добивме решението за мерката притвор на Сашо Мијалков. Без да се повика на сослушување, недозволиво е на обвинетиот...

Бегството на Груевски8 часа

Директорот на затворот „Скопје“: Мијалков е во ќелија со други затвореници, има право на посети и два часа прошетка

Нема наредба од судот за ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, да биде спроведен на рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“ поврзан со...

Македонија8 часа

Хан очекува објаснување од Орбан за азилот на Груевски

Еврекомесарот за проширување, Јоханес Хан на Твитер објави дека доколку е потврдена информацијата дека Унгарија одобрила азил за Никола Груевски,...

Свет9 часа

(Видео) Американскиот Сенат преку писмо побара од Трамп втора истрага за Кашоги

ЦИА не успеа со сигурност 100 %, да утврди дали саудискиот престолонаследник го наредил убиство на новинарот Џамал Кашоги, изјави...

Македонија9 часа

МЗД: Да се разреши составот на Комисијата која утврди дискриминација кон Груевски

Со утврдувањето дискриминација кон Никола Груевски, Комисијата за заштита од дискриминација покажа селективно и непрофесионално работење, смета Мрежата за заштита...

Македонија19 часа

СЈО барало притвор за Мијалков поради оперативни информации дека ќе бега

Во решението на кривичниот суд за притворот на ексдиректорот на тајната полиција, Сашо Мијалков, пишува дека мерката му е определена...

Македонија21 час

Адвокатот на Мијалков: Недозволиво е што тој не беше известен за притворот

Недозволиво е судија на претходна постапка или кривичен совет да не ја извести странката, во случајов Сашо Мијалков, дека за...

Македонија23 часа

(Видео) Мијалков спроведен во затворот во Шуто Оризари

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, вечерва е спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари поради опасност од бегство, велат...

Македонија24 часа

Владата го одби предлог-законот за амнестија предложен од ВМРО-ДПМНЕ

Владата на денешната владина седница донесе негативно мислење за предлог-законот за амнестија за настаните од 27 април. „Владата донесе негативно...

Uncategorized1 ден

Амнестија во текот на судскиот процес, прекин на постапката за тие што не тепале на 27 април?

Кој ќе се спаси од кривична одговорност за инцидентите од 27 април, најверојатно ќе се утврдува според обвинителниот акт, односно...

Македонија1 ден

Влада: Очекуваме Будимпешта да го предаде Груевски во Македонија

Владата соопшти дека официјално покрај протестната нота доставена вчера за улогата на амбасадите на Унгарија во бегството на Груевски од земјата,...

Бегството на Груевски1 ден

Груевски: Добив азил во Унгарија, продолжувам да ја барам правдата

Поранешниот премиер Никола Груевски, на неговиот „Фејсбук“ профил, ги потврди информациите дека добил политички азил во Унгарија. Тој себе си...

Македонија1 ден

Кривична за директор на јавно претпријатие кој незаконски си зел аванси од над 2 милиона денари

Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишен директор од Дојран поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Како...

Бегството на Груевски1 ден

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски до Министерството за правда на Република Унгарија. „Барањето за...

Досие