Контакт

Uncategorized

Преку ден жешко, навечер дожд

Објавено пред

Денес температурите во Македонија ќе бидат високи како и вчера, иако во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста, а ноќта кон понеделник ќе има и локален пороен дожд и грмежи. Минималните температури ќе се движат од 10 до 20 степени, а максималните од 31 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а ќе има и локален дожд со ретки грмежи. Температурата ќе биде во интервал од 16 до 35 степени.

Позначителна промена на времето се очекува в понеделник, кога ќе преовладува променливо облачно, ветровито и свежо време со локални врнежи од дожд и ретки грмежи. На места можни се поинтензивни врнежи од пороен дожд и грмежи, се очекува локално да наврнат нат 30 литри на метар квадратен воден талог. На повеќе места ќе дува засилен северен ветер, особено попладне и ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура за околу 10 степени, која ќе биде во интервалот од 20 до 29 степени.

Од вторник времето ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината, соопшти УХМР.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

22-годишен Турчин со тротинет тешко повреди 55-годишна жена на  Партизанска и избега, полицијата го бара

Објавено пред

Скопјанка е тешко повредена од возач на тротинет кој избегал од местото на несреќата што  се случила вчера попладне на булеварот Партизански одреди во Скопје.

„Ф.Е.Т.(22) од Турција, управувајќи тротинет, удрил во пешакот К.Б.(55) од Скопје и го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Б., констатирани во Јавна здравствена установа ’Св.Наум Охридски’, Скопје“, соопшти МВР.

Полицијата направила увид на местото на несреќата и презема мерки за пронаоѓање на 22-годишниот возач на тротинет.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

СДСМ реагира по обраќањето на премиерот: Место мерки прочита цени на горива, граѓаните со празни фрижидери за Велигден

Објавено пред

Наместо мерки за високите цени кои постојано растат 45 дена, Мицкоски, македонскиот Далај Лама повторно излезе со празен, холистички и филозофски настап – без резултати, да чита цени на горива од владината говорница, обвини преку соопштение СДСМ по обраќањето на премиерот Христијан Мицкоски за намалувањето на цените на горивата.

„Месец и половина растат цените. Јагнешкото месо надмина 700 денари за килограм, јајцата, млечните производи, маслото, зеленчукот – сè е поскапено. Основните производи станаа луксуз за огромен дел од граѓаните.

Велигденската трпеза оваа година е полупразна, затоа што е најскапа досега.

Ама Мицкоски не објавува мерки за намалување на цените и заштита на животниот стандард, туку чита цени на горивата – кои ги утврдува Регулаторната комисија за енергетика.

Очигледно затоа што и Регулаторната комисија не е независна, туку дел од неговата бизнис мрежа.

Каков дилетант. Веќе 45 дена цените се на високо ниво, без ниту една сериозна интервенција од Владата. Нема мерки, нема план, нема грижа за граѓаните.

Резултатот е јасен: Граѓаните се оставени сами на себе, токму пред Велигден – со празни фрижидери и полупразни трпези.

Оваа Влада на Мицкоски не се бори против скапотијата – туку за бизнис интересите. А граѓаните ја плаќаат цената.

’Де факто’ и ’де јуре’ македонскиот Далај Лама ги лаже граѓаните повторно, исто како што лажеше за време на кампањата дека ќе го врати името и клечеше за власт. Сега Македонија е на колена“, стои во соопштението од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

ПСЖ понудиле 55 милиони за Де Јонг

Објавено пред

ПСЖ испрати официјална понуда за играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг (28), но од „Камп Ноу“ дојде решителен одговор. Актуелниот европски шампион понуди 55 милиони евра, но каталонскиот клуб ја отфрли таа сума и постави значително построги услови за евентуален трансфер.

Понудата на ПСЖ вклучуваше исплата од 55 милиони евра на рати, што е вообичаена практика во модерниот фудбал. Сепак, челниците на Барселона ја одбиле понудата, незадоволни од сумата и начинот на исплата.

Каталонците бараат 70 милиони евра за холандскиот играч од средниот ред, но клучниот детаљ не е само износот на обештетувањето. Барселона инсистира целата сума да се исплати веднаш, без никакви одложувања или плаќања на рати.

Таквиот цврст став значително ги комплицира преговорите и го става францускиот клуб пред одлука дали да ја зголеми понудата и да ја промени структурата на плаќање.

Френки де Јонг е познат со години како еден од најважните играчи во средниот ред на Барселона. Неговиот технички квалитет и преглед на играта го прават високо ценет на пазарот.

И покрај финансиските предизвици со кои се соочува клубот, Барселона со оваа одлука испраќа јасна порака дека нема намера лесно да ги продаде своите клучни играчи.

Foto/ Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Свет23 минути

Столтенберг: Ако на Трамп му се дозволи да го земе Гренланд, НАТО ќе ги изгуби своите вредности

Заканите на Доналд Трамп за повлекување на САД од НАТО треба да се сфатат сериозно, предупреди поранешниот генерален секретар на...

Свет52 минути

Осмооделенец уби осум ученици и еден наставник во училиште во Турција

Девет лица, меѓу кои осум деца, беа убиени денес во пукотница во училиште во југоисточна Турција, изјави турскиот министер за...

Македонија57 минути

Утре променливо облачно време со локални врнежи од дожд

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност...

Македонија60 минути

Муцунски – Прево: Белгиска поддршка на Македонија во нејзината европска интеграција

На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес во официјална посета на Република Северна Македонија...

Свет2 часа

Германски министер: Не учествуваме во војната во Иран, но ги чувствуваме последиците

Германија, иако не е вклучена во војната во Иран, директно ги чувствува нејзините економски последици, изјави денеска германскиот министер за...

Свет2 часа

Маѓар објави видео, од далеку се гледа Орбан на балкон: Што мислите дека чита – неговиот проштален говор или спортски вести?

Победникот на неодамнешните унгарски избори и иден премиер, Петер Маѓар, објави видео од претседателската палата Шандор во Будимпешта, каде што...

Свет2 часа

Трамп објави слика од Исус како го прегрнува: „Ми изгледа доста убаво!!!“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави слика од Исус како го прегрнува, генерирана од вештачка интелигенција, на својата социјална мрежа...

Свет3 часа

Лавров во Пекинг: Русија и Кина го зајакнуваат сојузот

Русија е подготвена да го зголеми количеството енергија што ја извезува во Кина пред очекуваната посета на претседателот Владимир Путин,...

Македонија3 часа

Савески во Врховниот суд: разговарано за поефикасно постапување по предметите во надлежност на највисокиот суд

Во рамките на заложбите за поефикасна координација меѓу Јавното обвинителство на РСМ и Врховниот суд на РСМ, државниот јавен обвинител...