Контакт

Uncategorized

Рекордна цена за бела торба од крокодилска кожа

Објавено пред

Француската модна куќа Хeрмес (Hermes) го надмина светскиот аукциски рекорд бидејќи торбата од тој производител на луксузни модни детали беше продадена за 380.000 долари во Хонгконг, соопшти аукциската куќа Кристи (Christie’s).

Аукциската куќа не го идентификува купувачот на мат бела торба направена од крокодилска кожа.

Торбата е направена во 2014 година и има 18-каратни копчиња украсена со 205 дијаманти.

На аукцијата достигна цена до 380.000 долари, што е рекордна сума за торба продадена на аукција, соопшти Кристи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Заложничка драма во Бразил: маскиран маж држи во заложништво патници во автобус

Објавено пред

Маскиран маж држи како заложници патници на автобус на мостот Рио-Нитерој, што ги поврзува градовите Рио де Жанеиро и Нитерој.

Вооружени полициски службеници го опколија местото и преговараат со киднаперот.

Засега не е јасно колку заложници има во автобусот, а според неофицијални информации, мажот ослободил пет лица.

Локалните медиуми наведоа дека киднаперот се заканил дека ќе го запали возилото.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Исчезнатата Британка на грчкиот остров Икарија пронајдена мртва во бездна

Објавено пред

Триесет и петгогодишната Британка Наталија Кристофер, која исчезна во понеделникот наутро на грчкиот остров Икарија, попладнево е пронајдена мртва. Нејзиното тело било пронајдено во бездна длабока 20 метри, во непрооден планински терен во областа Караме, Агиос Кирикас.

Според првичните информации, таа била поклопена од карпа што паднала врз неа, а била пронајдена по сигналот од нејзиниот мобилен телефон. Како што пренесуваат грчките медиуми, најверојатно станува збор за несреќен случај, откако Наталија сакала да се качи на карпата.

Наталија, која има британско-кипарско потекло, а живее на Кипар, била на одмор со својот партнер во Икарија. Тој пријавил во полиција дека исчезнала откако не му одговарала на телефонските повици. Претходно, Наталија му рекла дека ќе оди да трча.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

На социјалните мрежи се појави видео од Катица Јанева во фризерски салон

Објавено пред

На социјалната мрежа „Фејсбук“ се појавија неколку видео-снимки од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во фризерски салон во Скопје.

Засега не е познато кога е снимена Јанева.

Специјалната обвинителка од минатата недела е на боледување. Ден пред да го отвори боледувањето таа поднесе оставка што ќе стане активна со изборот на нејзиниот наследник.

Обвинителството ѝ го одзеде едниот мобилен телефон со наредба и го предаде на вештачење во истрагата за рекет.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Обвинение против ексградоначалник на Демир Хисар, незаконски вработувал луѓе

Битолското Обвинителство поднесе обвинение против три лица за незаконски вработувања. Обвинети се поранешен градоначалник на Демир Хисар, раководител на Центарот...

Македонија4 часа

(Видео) Трајанов: Со една изборна единица ќе се стави крај на прелевањето на гласовите на малите партии

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, рече дека очекува поддршка со консензус на иницијативата за промена на Изборниот законик да...

Македонија5 часа

Судењето за „Талир 2“ повторно одложено

Судењето за предметот „Талир 2“ на СЈО, судијката Даниела Алексова-Стојановска го одложи за 15 октомври. Причина за одлагањето е доуредување...

Регион5 часа

Mакедонски државјанин фатен при шверц на антички предмети на граничниот премин Прешево

Српските цариници во соработка со полицијата, во вторникот, 17 септември, на граничниот премин Прешево спречија обид за шверц на антички...

Топ6 часа

Обвинение и за девојката што учествувала во убиството на Пино Секондо

Обвинителството поведе обвинение и против девојка од Скопје за која се смета дека е соизвршител во убиството на Пино Секондо,...

Македонија6 часа

Палмер: САД се надеваат дека Северна Македонија ќе ги почне преговорите во октомври

Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, вели дека очекува Северна Македонија да ги почне...

Топ6 часа

Тракторист загина во сообраќајна несреќа на патот Струга – Дебар

Четириесет и осумгодишен тракторист од струшкото село Велешта загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на регионалниот пат Струга...

Свет7 часа

Обелоденети 76 милиони податоци од Mинистерството за внатрешни работи на Австрија

Во Министерството за внатрешни работи на Австрија, според информациите од интернет-страницата „Буре без дно“, дошло до масивно обелоденување полициски податоци....

Свет7 часа

(Видео) Уапсен маж кој пукаше и го блокира стратешкиот мост во Киев

Украинските специјални сили уапсија вооружен маж кој го блокира стратешкиот мост во Киев и се закани дека ќе предизвика експлозија...

Свет7 часа

Њујорк и Мичиген ги забранија ароматизираните електронски цигари

Њујорк е првата сојузна американска држава која забрани продажба на ароматизирани електронски цигари по речиси 400 случаи на сериозни болести...

Македонија8 часа

Собранието ја почнува расправата за ребалансот на буџетот

Во Собранието од денеска почнува расправата по ребалансот на буџетот за 2019 година. Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот...

Македонија9 часа

Здружението Е.Д.Е.Н. предлага субвенционирање фотоволтаици за борба против загадувањето

Според извештајот на Европската агенција за животна средина објавен во 2018 година во земјава околу 3.000 смртни случаи годишно се...

Спорт22 часа

Македонец станува селектор на светските шампиони САД?

Македонецот Влатко Андоновски, тренерот на НВСЛ тимот Рејн ФЦ е главен кандидат да стане нов тренер на светските шампиони во...

Македонија1 ден

Продолжен притворот на Катица Јанева

Судот ѝ го продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“ на Основното јавно...

Македонија1 ден

Со лажна диплома од Приштина работел како професор по математика во Куманово

Педесет и едногодишен маж со фалсификувана диплома од универзитет во Приштина, Косово, се вработил како професор по математика во основно училиште во...

Македонија1 ден

Ексминистерот за правда, Беџети, одбил да ја потпише екстрадицијата за обвинети во „Монструм“

Ексминистерот за правда од ДУИ, Блерим Беџети, одбивал да го потпише барањето за екстрадиција за двајцата обвинети во „Монструм“, Африм...

Македонија1 ден

Случај „Монструм“: во судницата се слушаат разговори во врска со настанот на луѓе блиски до Груевски

Приватни и несуштински разговори беа пуштени во 13 од 25 бомби во судницата за случајот „Монструм“. Во разговорите се слушаат...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Полицајци ќе патролираат кај најкритичните здравствени објекти

Министерот за здравство, Венко Филипче, го поддржа денешниот протест на здравствените работници против насилството врз нив. Тој рече дека почнале...

Македонија1 ден

(Видео) Лекарите на протестот предупредија: Ако не се спречи насилството, ќе престанеме со работа

Медицинските работници, во организација на Асоцијацијата на специјализантите и младите лекари, денеска излезегоа на протест во Клиничкиот центар по повод...

Топ1 ден

Воз прегази маж кај надвозникот на булеварот Србија

Триесет и едногодишен скопјанец загина кога во него удри воз на железничката пруга, пред надвозникот на булеварот Србија. Според информациите,...

Досие