Контакт

Uncategorized

РКЕ: Подготвен е сет од сајбер-безбедносни правила за намалување на ризиците при снабдување со електрична енергија

Објавено пред

Со цел да се обезбеди сигурност во снабдувањето и да се намалат ризиците од нарушување на континуираното снабдување со електрична енергија, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе правила за сајбер-безбедност.

dobivaj vesti na viber

Новата регулатива за сајбер-безбедност се воспоставува како стандард за енергетски компании од електроенергетскиот сектор и е изработена во соработка со NARUC (National Association of Regulatory Utility Commissioners) и УСАИД.

„Сведоци сме дека информатичката инфраструктура, која е од витално значење за функционирање на една држава и која се дефинира како критична инфраструктура, е често цел на сајбер-напади. Енергетската инфраструктура изобилува со податоци од кои зависи доверливото функционирање на енергетските пазари, а РКЕ има стратешка улога да обезбеди добро функционирање на националните енергетски пазари. Сајбер-отпорноста и сајбер-безбедноста не се проблем само за ИТ, тоа е и безбедносно прашање, но, пред сѐ, е и регулаторно. Затоа подготвивме правила и препораки, кои треба да ги следат и спроведат енергетските компании со цел да се обезбеди сигурност во снабдувањето, заштита на учесниците на пазарот и потрошувачите и зајакната ефикасност, конкурентност и транспарентност на енергетските пазари“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Во сетот сајбер-безбедносни правила донесена е и листа на препораки за електроенергетските компании, кои треба да се спроведат од МЕПСО и од „Електродистрибуција“, како и од производителите на електрична енергија, кои управуваат со електроцентрали, со вкупна инсталирана моќност еднаква или поголема од 200 MW (ЕЛЕМ, ТЕ-ТО). Операторите и производителите се должни да назначат службеник за сајбер-безбедност и да дадат приоритет на мерки за заштита на критичната инфраструктура за која ќе има соодветна процедура за следење, известувања и справување со сајбер-напади.

Uncategorized

13. издание на фестивалот на нова музика ЗДРАВО, МЛАДИ на 23 септември во МКЦ

Објавено пред

На 23 септември (сабота), со почеток во 20 часот, па сè до раните утрински часови следниот ден, ќе се одржи 13. јубилејно издание на фестивалот на нова музика ЗДРАВО, МЛАДИ, кој повторно го носи свежиот звук на светската музика во Скопје.

dobivaj vesti na viber

На 5 бини во Младинскиот културен центар ќе настапат повеќе од 20 артисти од 11 земји од Европа. Како и секоја година, програмата на фестивалот цели кон жанровска разновидност, нови и надежни артисти, како и веќе етаблирани музичари во својата музичка кариера. Надоаѓачките артисти се срцевината на фестивалот.

Во салата „25 Мај“ во МКЦ, популарно позната како Денсинг-сала, централниот настан ќе го отвори настапот на рускиот џез-панк состав „Оми“ по кој следуваат фолк-сензацијата Џутко и „Плодови земље“ од Хрватска, потоа домашниот состав „Мај тиар“ со нов состав и најава за новиот албум, хрватската психоделична банда „Немања“ за на крајот вечерта на оваа бина да се затвори со долгоочекуваниот настап на хрватскиот антирапер Војко В и „Доуп куќата“.

Киното „Фросина“ е наменето за млади надоаѓачки артисти, а некои од нив настапот на ЗДРАВО, МЛАДИ им е посебен предизвик во нивните новопечени кариери. На оваа бина ќе се проследат настапите на новата ѕвезда на српската поп-музика, Жива, Португалката маѓионичарка на уку лелето, Рита Брага, домашниот џез-фолк состав „Калата“ и францускиот рапер Јоланде Башинг.
Клубот МКЦ е резервиран за електронските артисти на фестивалот. Овде публиката ќе има можност да го чуе легендарниот рокенрол-изведувач Јан Свенониус и неговиот последен проект „Ескапизам“, францускиот електронски артист, чиј настап долго се очекува YMNK, кралевите на кумбијата, „Маускович денс бенд“, Италијанците Планет Опал и ѕвездите на вечерта, Британците од PVA, кои за многу кратко време ќе се искачат многу високо на светските топ-листи.

Џебното кино во МКЦ е резервирано за промоција на литературно-музичкиот колектив „Слово култ“, со настап на 3 електронски артисти, ЏејДи Зази, Елизабета Костадиновска и Маргарет Аноун.
На платото пред МКЦ, пак, со свој диџеј-сет ќе нè загреваат во текот на целата фестивалска вечер – резидент диџејот на Здраво Млади, диџеј Фиц заедно со поддршка од локалните диџеј уметници Ајнур Касо и Ертунч Сали.

Младинскиот културен центар ветува уште едно спектакуларно издание на фестивалот, кој оваа година е финансиран од страна на Министерството за култура и Град Скопје, како и настапите на артистите, кои се дел од програмата „Лајвјуроп“.

Билетите се по цена од 800 денари сè до денот на фестивалот. Билетите може да се набават на билетарницата на МКЦ или на онлајн-линкот за продажба на билети на МКЦ.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

(Видео) Битиќи и Османи во Њујорк потпишаа меморандум и договор со Зелениот климатски фонд

Објавено пред

Заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во придружба на генералниот секретар на Владата, Методија Димовски, во седиштето на Постојаната мисија на Република Северна Македонија во Обединетите нации во Њујорк, со извршниот директор на Зелениот климатски фонд, Мафалда Дуарте, потпишаа меморандум за разбирање и договор за привилегии и имунитети, со што ќе се овозможи регионалниот програмски дијалог за земјите од Источна Европа и Централна Азија да се одржи во Северна Македонија од 18 до 22 март 2024 година, под покровителство на Зелениот климатски фонд.

dobivaj vesti na viber

Со потпишувањето на овие два документа се зацврстуваат основите за ефикасно проширување и продлабочување на соработката на Северна Македонија со Зелениот климатски фонд во насока на зајакнување на капацитетите за приспособување, ублажување и спротивставување на климатските промени.

По годинешното 78. Генерално собрание на ОН и самитот за одржлив развој и очекуваниот состанок на Зелениот климатски фонд во Германија, за финансиски заложби од развиените земји, стратегискиот поглед на светските лидери на економскиот развој ќе биде во фокусот на целите за одржлив развој и климатска акција. Во овој контекст поддршката од Зелениот климатски фонд станува значајна во напорите за приближување на Северна Македонија кон остварување на овие цели.

По потпишувањето, вицепремиерот Битиќи и министерот Османи со Дуарте зборуваа за проектите што се финансирани и од Зелениот климатски фонд за што се обезбедува и дополнителна финансиска поддршка за нивно успешно имплементирање. Како, на пример, формирање национален фонд за енергетска ефикасност, изградба на пречистителна станица за градот Скопје, енергетска ефикасност на згради, како и за заедничките напори за одобрување на проектната апликација за национален план за адаптација. Ова се дел од проектите преку кои Фондот директно е вклучен во финансирање одговори на климатските промени и зајакнувањето на капацитетите на Северна Македонија.

Вицепремиерот Битиќи потсети дека во рамките на проектот за подготвеност е инициран процес за акредитација на Фондот за иновации и технолошки развој како национално тело за директен пристап до средства од Зелениот климатски фонд.

„Во рамките на продолжувањето на овој проект ќе почне и следната фаза во процесот на акредитација на ФИТР, преку кој ќе се очекува поголемо вклучување на приватниот секторот. Предвидено е надградување на системот ‘Е-влада’, преку кој Владата ќе има реални податоци за статусот на имплементација на целите за одржлив развој, парискиот договор, поглавјата и кластерите на ЕУ“, рече вицепремиерот Битиќи по потпишувањето на меморандумот.

„Зајакнувањето на капацитетите за ублажување и приспособување кон климатските промени останува врвен приоритет на нашата земја. Последните глобални временски непогоди, кои резултираа со голем број жртви, повторно нè потсетија дека треба сериозно да се посветиме кон постојана заштита на природата“, истакна Османи нагласувајќи дека поддршката на овој Фонд е од исклучителна важност и поради фактот дека климатските политики се високо на агендата на ЕУ, а Северна Македонија, како земја кандидат ја очекуваат суштински реформи како во усогласувањето на законодавството така и во преземањето конкретни чекори за реализација на климатските политики.

„На наше задоволство го потпишуваме договорот за привилегии и имунитети со Северна Македонија. Ова е еден важен чекор во нашето долгогодишно партнерство, кое ја отвора вратата за уште поблиска соработка со еден силен поборник на климатска акција“, рече Дуарте.

Помеѓу вицепремиерот Битиќи, министерот Османи, генералниот секретар Димовски и г-ѓа Дуарте беше дискутирано и за потенцијални нови проекти од областа на земјоделско осигурување, наводнување, земјишна реформа и отпорност на инфраструктурата кон климатски промени.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Путин: Трамп е жртва на политички прогон

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп е жртва на политички прогон поради неговата кандидатура на претседателските избори во САД во 2024 година против актуелниот шеф на државата, Џозеф Бајден.

dobivaj vesti na viber

„Ова е политички мотивиран прогон од неговиот ривал“, рече Путин во Владивосток, на рускиот Далечен Исток, каде што учествува на економски форум.

Путин оцени дека ваквата ситуација укажува на „изопаченоста на американскиот систем“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Нов протест пред Влада, се бара правда за пациентите од Онкологија

Започнаа нови протести на граѓаните на кои се бара  правда за пациентите од Онкологија.  Стотина граѓани побараа правда за сите...

Топ8 часа

Детали за двојното убиство во Гевгелија: Браќата не разговарале повеќе од 40 години

Oсновното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека сторил две...

Македонија9 часа

Бектеши објави кои маркети се затворени оти не ги намалиле цените

Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека во скопскиот регион се затворени маркети на „Веро“ и „Вива фреш“ поради непочитување...

Топ14 часа

46-годишна жена до смрт избодена во Кочани

46-годишна жена од Кочани утрово била избодена по претходна расправија со свој сограѓанин. Полицијата за „Макфакс“ потврдува дека, денеска, во...

Македонија15 часа

Не сообраќаат возови на релација Скопје – Битола, во пожар изгореа 1.000 прага од пругата

Поради штета од пожарите во Битолско-прилепскиот Регион, не сообраќаат возови на пругата Скопје – Битола – Скопје. Од „Железници“ соопштија...

Македонија15 часа

Македонските граѓани безбедно се упатени дома, вели Османи по случувањата во Косово

Македонските државјани сместени во хотел во непосредна близина на манастирот во селото Бањска на северот од Косово, каде што вчера...

Македонија16 часа

Потребно е гаснење на малигниот пожар, кој има цел проширување и во регионот, порачува Ахмети за случувањата во Косово

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, преку напис на социјалните мрежи нападот во Косово го квалификува како сериозна провокација и, според...

Регион18 часа

Курти: Во полициска операција запленета поголема количина оружје

Косовскиот премиер Аљбин Курти на социјалната мрежа Х напиша дека во полициска операција е запленета поголема количина оружје. Тој додаде...

Регион19 часа

(Видео) Пукање во Босна и Херцеговина: во пекарница пронајдени тела на маж и жена

Синоќа, две тела биле пронајдени во пекарница во Завидовиќи, пишува босански „Аваз“. Avaz na licu mjesta: Horor u Zavidovićima, pucnjava...

Регион19 часа

Брнабиќ: Курти е единствениот виновен за конфликтот во Косово, ова е неговиот животен сон

Српската премиерка Ана Брнабиќ го коментира конфликтот на северот од Косово, во кој беа убиени косовски полицаец и тројца српски...

Европа19 часа

(Видео) Илјадници останаа без струја во Санкт Петербург, жителите слушнале експлозија

Вчера вечерта снема струја на рускиот аеродром „Пулково“ и во квартот Шушари во Санкт Петербург, источно од аеродромот. Според разни...

Европа19 часа

Северна Кореја одговори на критиките на Јужна: „Тоа е малигна клевета“

Северна Кореја одговори на критиките на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол за соработката на Пјонгјанг со Москва по посетата на...

Регион20 часа

(Видео) Ранетиот напаѓач префрлен во болница во Приштина: пренесен е со лисици

Еден ранет напаѓач на косовската полиција, по укажаната лекарска помош, доцна вчеравечер е пренесен на Универзитетскиот клинички центар во Приштина....

Регион1 ден

Ковачевски апелира на деескалација во Косово и уверува дека безбедносната состојба во Македонија е стабилна

Премиерот Димитар Ковачевски се огласи со коментар по денешните престрелки на северот на Косово апелирајќи на деескалација и осудувајќи ги...

Регион1 ден

Косовската полиција: Уапсен и вториот напаѓач на полицијата, ситуацијата се’ уште е тензична

Косовската полиција вечерва соопшти дека надлежните полициски единици го уапсиле вториот напаѓач, кој исто така бил во воена униформа и...

Регион1 ден

Вучиќ го осуди убиството на полицаецот: Се побунија Срби од Косово не можејќи да го трпат теророт на Курти

Србите, а не луѓето од централна Србија како што лажеа, се револтираа и не сакаат повеќе да го трпат теророт...

Македонија1 ден

МНР: Седум македонски државјани меѓу кои и дете се во близина на манастирот во Косово

Министерството за надворешни работи објави дека во раните утрински часови, преку дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи, добиена е...

Топ1 ден

Дете од Прилеп загина при пад од дрво

Малолетно момче од селото Црнилиште, Прилепско загина вчера по пад од дрво. Момчето од здобиените повреди починало на лице место. Според...

Македонија1 ден

Мицкоски му посака добро здравје на Груевски: „И’ заби нож во грб на сопствената партија“

Морам да кажам дека како човек оваа јавна преписка со поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ не ме прави среќен, ниту ова...

Регион2 дена

Курти: Триесет вооружени лица продолжуваат со нападите врз косовската полиција

Косовскиот премиер Аљбин Курти  изјави дека продолжуваат нападите врз косовската полиција, како и дека во нив учествуваат 30 вооружени лица....