Контакт

Uncategorized

СДСМ: На Мицкоски му потонаа сите лаги, почнавме преговори, македонскиoт јазик влезе во ЕУ

Објавено пред

На Мицкоски му потонаа сите лаги, почнавме преговори, македонски јазик влезе во ЕУ, остана само неговиот срам, реагира СДСМ по изнесените ставови на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

„На Христијан Мицкоски му потонаа сите лаги, затоа воопшто и не спомнува веќе ниту бугаризација ниту асимилација. Почнавме преговори со ЕУ, како Македонци, почна скрининг-процесот.

Македонскиот јазик гордо одекна во Брисел и влезе во официјалните канали на ЕУ, тоа целата јавност го виде. Македонски јазик со чиста формулација без фусноти станува дел од преговарачкиот процес.

Хистеричните лаги кои Мицкоски ги ширеше заедно со неговиот проруски партнер Димитар Апасиев пукнаа како меур од сапуница.

Не успеа Мицкоски и ова е уште еден пораз за него и сите деструктивни антиевропски сили.

Не му успеаја крвавите сценарија, не му успеа обидот за блокада на европскиот пат на земјата, лагите му потонаа, Северна Македонија почна преговори со ЕУ, македонскиот јазик е во ЕУ.

Остана само срамот на Мицкоски.

Истиот тој Мицкоски кој прифати во ЕПП да биде именувана нашата држава како регистерска табличка НМК“, се наведува во реакцијата на СДСМ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Елтон Џон за Мајкл Џексон: Тој беше ментално болен

Објавено пред

Сер Елтон Џон во своите мемоари „Јас: Елтон Џон“ го нарече кралот на попот Мајкл Џексон ‘ментално болна, вознемирувачка личност’.

dobivaj vesti na viber

Автобиографијата на Џон е полна со шокантни откритија за неговиот живот во шоу-бизнисот, а во еден дел тој детално ја опишува неговата дружба со покојната контроверзна ѕвезда.

„Го познавам Мајкл уште кога имаше 13 или 14 години. Тој беше најслаткото дете што можете да го замислите. Но, во одреден момент во годините што следеа почна да се одвојува од светот и реалноста, нешто слично како Елвис Присли”, пишува Џон. Тој во своите мемоари зборува и за зависноста на Џексон од лекови против болки.

„Господ знае што се случуваше во неговата глава и Бог знае со какви лекови на рецепт го полнеа. Секогаш кога ќе го видев во неговите подоцнежни години си мислев дека кутриот тотално ги изгубил нервите. И не на лесен начин… Тој стана навистина ментално болен, делуваше вознемирувачки“, напиша легендарниот британски музичар.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Манасков се врати во Вардар

Објавено пред

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков е нов член на Вардар и по пауза од шест години повторно го облекува „црвено-црниот“ дрес. Вардар го засилува тимот со искусен играч на позицијата лево крило кој зад себе има настапи во неколку европски екипи и настапи на ЕП и СП со репрезентацијата на Македонија.

dobivaj vesti na viber

-Вардар добива брз, прецизен и искусен играч со големо меѓународно искуство со што екипата повторно гради силен, респектабилен и конкурентен тим и за сезонава. „Црвено-црните“ полека го градат тимот со кој и сезонава ќе атакуваат на двојната круна во домашното првенство се вели во известувањето од клубот.

Манасков во Скопје доаѓа по неколку сезони минати во унгарски Веспрем каде беше еден од најдобрите стрелци на клубот со над 540 голови на над 160 натпревари. Претходно настапуваше за екипите на Борец Велес, Металург, Вардар, Вецлар, Рајн Некар и на крајот во Веспрем.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

18 лица загинаа во рација на бразилската полиција во Рио де Жанеиро

Објавено пред

Најмалку 18 лица се убиени во вториот по големина град во Бразил, Рио де Жанеиро, за време на голема полициска рација во сиромашна населба, соопшти државната воена полиција, цитирана од „Ројтерс“.

dobivaj vesti na viber

Оперативни тимови на цивилната и воената полиција на Рио де Жанеиро вчера извршија рација во комплексот Алемао, група фавели во северниот дел на градот, како дел од операцијата против организирана криминална група осомничена за повеќекратни кражби и грабежи на банки, како и што се однесува до планирањето напади врз сиромашните квартови, се вели во соопштението на воената полиција.

Во акцијата учествуваа околу 400 полицајци, четири авиони и 10 оклопни возила.

Поради големиот број загинати, оваа полициска акција поттикна истрага за можни прекршувања на човековите права, наведува британската агенција.

– Има знаци на големи прекршувања на човековите права и оправдано сомневање дека ова е една од операциите со најголем број смртни случаи во Рио де Жанеиро – се наведува во соопштението на државниот омбудсман.

Полициските сили на сојузната држава Рио редовно вршат вакви рации во сиромашните квартови на градот, насочени против криминални групи, во кои често има неколку мртви луѓе и бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој ги поддржува таквите полициски тактики во борбата против организиран криминал, изјави претходно „дека се надева дека криминалците ќе умрат на улиците како лебарки“, според „Ројтерс“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Нов вирус се појави во Кина: Заразени 35 луѓе – имаат треска, замор, кашлица, анорексија

Нов тип на хенипавирус добиен од животинско потекло, Langia henipavirus, кој може да зарази луѓе е пронајден во источната кинеска...

Свет3 часа

Поранешен шеф на кампањата на Трамп: Споделив доверливи информации со Русите

Пол Манафорт, кој беше менаџер на кампањата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во 2016 година, призна дека споделил доверливи...

Македонија4 часа

МОН го повлекува учебникот по Социологија за втора година гимназиско образование

Министерството за образование и наука информира дека е формирана Комисија за давање предлог за повлекување од употреба на одобрен учебник...

Македонија7 часа

Регистрирани 679 новозаразени од коронавирус, нема починати лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се...

Економија10 часа

ССМ: Вредноста на минималната синдикална кошничка во јули 2022 е 47.042 денара

Вредноста на синдикалната минимална кошница со вклучена инфлација (трошоци за живот) за јули изнесува 47.042,00 денара и не може да...

Македонија10 часа

МНР: Ги отфрламе сите наводи дека се подготвуваат нови обврски за двете држави надвор од договорените принципи

„Во врска со појавени шпекулации во јавноста за нови заемни документи меѓу Северна Македонија и Бугарија, дозволете да информираме дека...

Регион12 часа

Румен Радев: Изборите на 2 октомври треба да произведат стабилно и одговорно мнозинство

„За сите од најголема важност е овие избори да дадат одговорно мнозинство. Исто така, важно е ова мнозинство да ужива...

Свет13 часа

Градоначалникот на Нагасаки: Нуклеарното оружје е реална и присутна закана

Нуклеарното оружје е реална и присутна закана откако Русија ја нападна Украина, изјави денеска градоначалникот на Нагасаки на 77-годишнината од...

Свет13 часа

Зеленски со порака до Западот: Забранете им на Русите да влезат, нека живеат во свој свет

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните земји да го забранат влезот на сите руски граѓани. Во интервју за „Вашингтон...

Македонија13 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски скриен во глувчешка дупка молчи додека во Бугарија се спремаат нови услови и барања за Македонија

„На повидок нов дебакал на предавничката влада предводена од Димитар Ковачевски во дипломатијата. Повторно нови услови и нови документи од...

Свет13 часа

Агенти на ФБИ со претрес на имотот на Трамп: Мојот прекрасен дом моментно е под опсада

ФБИ извршило налог за претрес во одморалиштето Мар-а-Лаго на Доналд Трамп во Палм Бич, Флорида, како дел од истрагата за...

Регион13 часа

Пожар на најпознатата плажа во Хрватска

На најпознатата плажа во Хрватска, Зрче, на островот Паг, синоќа избувнал голем пожар. Како што пишува „Јутарњи лист“, со пожарот...

Македонија1 ден

(Видео) ЦУК: Локализиран пожарот кај Дојран и Богданци

Пожарот кај селото Фурка и браната Паљурци, помеѓу општините Дојран и Богданци е локализиран со здружени и координирани сили во...

Македонија1 ден

Десет починати лица, регистрирани 1.233 новозаразени со коронавирус

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 6.8. 2022 до...

Македонија1 ден

ЈП „Комунална хигиена“: Кон вработената која предизвика инцидент веќе е започната дисциплинска постапка

На 33 лица кои биле вработени, преку АПВ, во ЈП „Комунална хигиена“-Скопје кои месеци и години земале плата а не...

Европа1 ден

Бајден за активностите на Кина: „Загрижен сум“

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека не е загрижен за Тајван, туку дека е загрижен за Кина. Бајден открил...

Топ1 ден

Турски државјанин со живеалиште во Скопје осомничен за криумчарење на над 13 килограми злато на Табановце

Основното јавно обвинителство Куманово, постапувајќи по поднесена кривична пријава, донело наредба за спроведување истражна постапка против турски државјанин со живеалиште...

Економија1 ден

Се намалува цената на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните...

Македонија1 ден

(ВИДЕО) Иван, кој го преживеа Халкидик, во интервју за грчки медиум: Најлошиот роденденски подарок

Пред точно еден месец скопјанецот Иван (30) заедно со своите пријатели исчезна на отворено море од плажата Мити, на Халкидик....

Свет1 ден

Путин прави чистка: отпуштил шест генерали, меѓу кои и Месарот од Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин отпуштил шест генерали поради лошите резултати од борбените операции во Украина, јавуваат светските медиуми. Според информациите,...