Uncategorized
(Видео) Се запали автомобил во движење кај Јаја паша
Се запали автомобил марка „Застава 101“ додека се движеше по улицата кај Јаја паша во Чаир. Нема повредени во инцидентот.
Колата беше изгасната со пп апарат за гаснење пожар, а луѓе се собраа да му помогнат на сопственикот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
(Видео) Во БиХ падна првиот снег
Во Босна и Херцеговина падна првиот снег на планините Бјелашница, Јахорина и Влашиќ. До утрово остана само на Јахорина, покажуваат веб-камерите.
Според прогнозите на Федералниот хидрометеоролошки завод денеска во БиХ ќе биде претежно облачно.
Претпладне се очекуваат врнежи од дожд низ земјата, а на планините можен е и слаб снег.
Вака изгледаше Бјелашница синоќа.
Uncategorized
„Како политичари, наша задача е да ги насочуваме нашите народи кон иднина што ги надминува историските предизвици и ја прифаќа колективната европска судбина“, Муртезани на БИФ форумот во Подгорица
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, попладнево учествуваше на „Балканскиот интегративен форум 2024“ (BIF2024), кој од 12-ти до 14-ти септември 2024 година, се одржува во Подгорица, Црна Гора.
На панелот со тема „Политички и технички преглед на процесот на интеграции во ЕУ на секоја од земјите на Западен Балкан“, министерот Муртезани се осврна на комплексниот евроинтегративен пат, кој има огромно политичко и економско значење за Западен Балкан.
„Овој процес, кој ја поврзува иднината на нашиот регион со визијата за обединета Европа, не е само бирократска вежба на исполнување зададени обврски; туку е чисто политички потфат. Претставува егзистенцијален избор, кој има за цел да ги преструктуира општествата, да поттикне стабилност и да ги вгради начелата на демократијата, владеењето на правото и заедничкиот просперитет во ткивото на нашите нации.“ – нагласи Муртезани.
Uncategorized
Мицкоски задоволен: 66 општини поднесоа 215 проекти до вчера, а меѓу нив и од СДСМ и ДУИ
Шеесет и шест општини поднеле околу 215 проекти заклучно со вчерашниот ден. Премиерот Христијан Мицкоски рече дека подносителите не се само од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, таму има општини од СДСМ и од ДУИ и други општини од коалицијата ВРЕДИ, ВЛЕН или пак политичката партија ЗНАМ, независни кандидати коишто се градоначалници.
Мицкоски истакна дека е исклучително задоволен, и очекува денеска да пристигнат и други предлози.
„250 проекти ќе значат подобри услови за живот на стотици семејства и тоа е суштината на овој проект, да направиме нешто коешто ќе биде соодветен одговор на реалните потреби на граѓаните, а со тоа да реализираме што е можно поголем број капитални инвестиции и да ја придвижиме економијата. И затоа е потребен и овој кредит, затоа што не само овие 250 милиони евра за општините, туку и 250 милиони евра за бизнисот којшто ќе предизвика, ќе имплицира дополнителни 250 сопствени средства милиони од страна на бизнисот, значи ние ќе имаме инвестициска активност од половина милијарда евра плус 250 милиони евра од општините. Тоа до сега не се случило. Тоа до сега не се случило, и тоа е оној ветер во грб којшто треба да го даде Владата за бизнисот“, рече Мицкоски.
Како што додаде, Владата нема намера да се занимава со ниски страсти, да го понижува народот и да го ограбува.
„Сите оние коишто беа навикнати на таков тип на работа, денеска исчезнаа од периметарот на владините институции, бидејќи знаат како функционира оваа Влада. Но, да имаме намера да се грижиме за интересот на граѓаните и да го помагаме бизнисот, бидејќи помагајќи го бизнисот ќе имаме посилна држава. А колку ни е државата посилна, колку е Македонија појака, толку и нашиот имот во Македонија е посилен и повреден“, рече Мицкоски.
Со јавниот повик кој е во тек ќе бидат доделени средства на општините за проекти со чија реализација ќе се придонесе за унапредување на инфраструктурата на локално ниво со директен импакт врз зголемување на економскиот раст, развој во општините и зголемување на квалитетот на живот на граѓаните.
Право да поднесуваат апликации и предлог-проекти имаат општините, општините во градот Скопје и градот Скопје. Општините можат да аплицираат со еден или повеќе инфраструктурни проекти од областа на културата, спортот, животната средина, патната инфраструктура, како и од областа на социјалната политика и образованието. Средствата ќе се доделат преку 6-те ресорни министерства соодветни од областа на проектите и тоа: Министерството за култура и туризам; Министерството за транспорт; Министерството за социјална политика, демографија и млади; Министерството за образование и наука; Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за спорт.
За следење на целиот процес, формирано е владино координативно тело, кое што ќе го предводи Министерството за локална самоуправа и во истото ќе членуваат претставници од сите ресорни министерства.