Контакт

Uncategorized

Скопска епархија: Немаме информација за донираните лустери, црковниот одбор си ги обезбедил

Објавено пред

Скопската епархија нема информации за донираните лустери во црквата „Св. Никола“ во селото Љубанци. Од МПЦ велат дека црковните одбори самите обезбедуваат донации и средства, а така било и во случајот со донацијата од ВМРО-ДПМНЕ.

„Епархијата ниту имала информации дека црковниот одбор се обидувал да најде донации за такво нешто,  ниту имала удел во целата процедура“, изјави за „Макфакс“ отец Бобан Митевски.

Која е вредноста на лустерите,  дали партијата ќе продолжи со донирање луксузни предмети од Белата палата и други детали околу донацијата, од ВМРО-ДПМНЕ не откриваат со образложение дека не сакаат да се фалат за нивната хуманост. Партискиот портпарол Наум Стоилковски изјави дека тие информации ќе ги споделат со јавноста ако органите на партијата донесат таква одлука.

Од владејачкиот СДСМ обвинија дека станува збор за сомнителна донација и побараа одговори од опозицијата во кој финансиски извештај ја пријавиле луксузната набавка.

Реакцијата следува по објавата на пратеникот Јохан Тарчуловски на „Фејсбук“ дека од централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ ќе се донираат два лустери за црквата во Љубанци, кои за партијата претставувале луксуз.

Uncategorized

Осми ден од протестите во САД – илјада уапсени, ранети петмина полицајци

Објавено пред

Продолжуваат протестите против полициската бруталност и системски расизам во САД, кои започнаа поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Градовите се подготвуваат за потенцијално нови немири, по заканите на Трамп за примена на поголема сила.

Демонстрантите маршираа по улиците на Вашингтон, Њујорк и Лос Анџелес. Стотина се собраа крај поставената ограда која им оневозможува да влезат во паркот во близина на Белата куќа, каде во понеделникот мирните демонстранти беа растерани со солзавец, за да американскиот претседател Доналд Трамп може да пројде до црквата во близина и да се фотографира со Библијата во рака.

Според информациите, четворица полицајци се ранети со огнено орује во Сент Луис и еден во Лас Вегас, за време на судирите со демонстрантите.

Уапсени се илјада демонстранти во градовите низ САД, а има и повредени.

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската во градовите и сојузните држави за да ги смири нередите. Гувернерите на Њујорк, Масачусетс, Мичиген и Илиноис се меѓу оние кои го отфрлија повикот на Трамп на посилен одговор на протестите.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Досега во организација на МНР вратени се 3.032 македонски граѓани од над 15 земји

Објавено пред

По апелот за пријавување на македонски граѓани затекнати во странство и нивно евидентирање со цел враќање во земјата, како и по јавниот повик за организирање  авионски превоз, но и преку хуманитарни конвои, досега (14 април) во организација на МНР е направена репатријација на 3.032 наши државјани.

Од нив, 2022 се репатрирани од 13 земји (Малта, Хрватска, Словенија, Германија, Австрија, Швајцарија, Велика Британија, Белгија, Франција, Шведска, Данска, Холандија и Италија) на летовите од 15 градови: Валета, Загреб, Љубљана, Минхен, Берлин, Бон/Келн, Виена, Базел, Лондон, Брисел, Париз, Стокхолм, Копенхаген, Ајндховен и Венеција), а 214 граѓани со 4 хуманитарни конвои (автобуси и автомобили) од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија и Турција.

„На 573 наши државјани им помогнавме со насочување или обезбедување дозволи за нивно враќање дома преку аеродромите во Софија, Солун, Истанбул и Тирана. Со регулирана постапка, пак, во комуникација со српските органи, самостојни дозволи во посредство на МНР беа издадени на 149 македонски граѓани за да ги преминат српските граници за да се вратат во земјата“, велат од министерството.

Со ова се исполнети барањата на граѓаните за враќање во земјата во контекст на чартер-летовите, но предвидени се и дополнителни хуманитарни конвои. Од Министерството велат дека во соработка со надлежните власти на другите држави, ќе продолжат и со помагање при индвидиуални дозволи за транзитирање таму каде што условите тоа го дозволуваат.

„Во духот на солидарноста и добрата соработка како со земјите од регионот, така и со земјите членки на ЕУ и НАТО, но и пошироко, овозможивме репатријација и на повеќе од 759 странски државјани кои од Скопје се враќаат во своите земји, меѓу кои: Австрија, Велика Британија, Германија, Австралија, САД, Чешка, Унгарија, Словачка, Швајцарија, Италија, Франција, Хрватска, Црна Гора, Косово, Малезија и др. На тој принцип, во соработка со други земји и нивните министерства за надворешни работи, им беше помогнато и на 74 наши државјани да се вратат дома од земјите од Централна и Јужна Америка, Полска, Нов Зеланд, Обединетите Арапски Емирати“, додаваат од Министерството.

Оттука изразуваат благодарност до сите инволвирани во овој процес, на колегите од Кризниот тим при Министерството за надворешни работи и колегите од сите наши дипломатско-конзуларни претставништва за нивната посветеност.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Спасовски: Членството во НАТО ќе помогне и кон пристапувањето во ЕУ

Објавено пред

Како дел од безбедносен штит на најмоќниот воен сојуз во светот, Северна Македонија е фактор за стабилност во регионот, извозник на безбедност, земја во која граѓаните и децата имаат сигурна иднина. Ова го истакна претседателот на Владата, Оливер Спасовски, на онлајн дискусијата на тема „Глобалните закани и ризици и македонското членство во НАТО”,  а по повод одбележувањето на 4 Април, Денот на НАТО.

 

 

Спасовски нагласи дека со зачленување во НАТО и со отворените преговори за членство во ЕУ, по принципот на „еднаков меѓу еднаквите“ и принципот на солидарност „сите за еден – еден за сите“, се стекнавме со можност за влијание и еднакво право во носење на одлуките.

Тој истакна дека економскиот раст зависи во голема мера од способноста на земјата да обезбеди одржлив мир и стабилност, односно долгорочната безбедност и политичка стабилност.

 

„Членството во НАТО обезбедува поголема безбедност што ја подобрува можноста на земјата да обезбеди политичка и економската стабилност“, рече Спасовски и додаде дека во Северна Македонија е постигната рекордна вредност од 624 милиони евра на странските инвестиции во годината кога беше соопштено дека го започнуваме процесот на ратификација на Протоколот за пристапување во членство во НАТО.

„Да ја одржиме мотивацијата и силната енергија што не крепеше на патот за членството во НАТО, со иста таква сила и во процесот за членство во ЕУ. Гордоста што огромен дел од граѓаните ја чувствуваат овие денови, е мотивација да продолжиме со одлучност, посветеност и храброст и да го завршиме и нашиот пат до членство во ЕУ“, рече Спасовски.

Тој узрази надеж дека членството во НАТО ќе помогне и во остварувањето на пристапувањето во ЕУ. Свесни сме, вели Спасовски, дека постои блиска комплементарност и соработка меѓу двете организации.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Инспектори биле спречени да направат надзор во кафеана, внатре бил лидер на политичка партија

Вработени во угостителски објект на Боемската улица во Дебар Маало не им дозволиле на инспекторите од Пазарниот инспекторат да извршат...

Македонија3 часа

Филипче: Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега

Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега. Вирусот нема да...

Македонија5 часа

Владата донесе одлука за повторно воведување полициски час

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести за повторно воведување полициски час за време на претстојниот продолжен викенд...

Топ8 часа

Приведени седум полицајци во Куклица, правеле забава без да ги почитуваат мерките

Седум полициски службеници, кои не биле на должност, биле приведени затоа што правеле забава, без да ги почитуваат мерките против...

Македонија9 часа

И со негативен тест задолжителен е 14-дневен карантин по влез во земјата

Министерството за внатрешни работи соопшти дека при влез на наши граѓани во земјата, како и на странци, но само со...

Економија10 часа

Граѓаните на интернет ќе треба да проверат дали се меѓу корисниците на домашната платежна картичка

Граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја...

Македонија11 час

Османи во Штип: Во компаниите ќе има ковид-координатори кои ќе го следат спроведувањето на мерките

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на главен координатор на кризните штабови за одбрана од Ковид-19, оствари...

Македонија12 часа

Четворица починати и 101 случај на новозаразени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на Ковид-19, информираат од Минитерството за...

Свет15 часа

Тајна снимка на СЗО откри како Кина го прикрила коронавирусот

Снимки од интерни состаноци во Светската здравствена организација покажале дека СЗО едвај ги добила најпотребните информации од Кина на почетокот...

Европа15 часа

Главниот шведски епидемиолог призна дека од денешен аспект би имал друг пристап кон пандемијата

Главниот шведски епидемиолог, кој стои зад стратегијата земјата да не применува строги мерки поради пандемијата на коронавирусот, призна дека требало...

Свет15 часа

(Видео) Бајден: Полицијата треба да пука во нозе

Полицајците кои пукаат во луѓето кои претставуваат закана треба да им пукаат во нозете, а не во срцето, соопшти поранешниот...

Свет16 часа

Војска распоредена околу Вашингтон, трупите се во состојба на засилена готовност

Околу 1.600 американски војници се распоредени во пошироката област на Вашингтон и се во состојба на засилена подготвеност, објави Пентагон...

Европа17 часа

По тримесечната блокада, Италијанците од денеска може да патуваат низ земјата

Италија денеска ги отвори регионалните граници по тримесечна блокада поради пандемијата, со што е овозможена поголема слобода на движење за...

Регион1 ден

Црна Гора прогласи крај на епидемијата

Националното координативно тело за заразни болести, по предлог на Институтот за јавно здравје, прогласи крај на епидемијата на Ковид-19 во...

Свет1 ден

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да стави крај на протестите

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да ги угасне протестите во САД, поради смртта на Афроамериканецот Џорџ...

Свет1 ден

Путин: На напад со конвенционално оружје Русија ќе возврати со нуклеарно

Рускиот претседател, Владимир Путин, донесе уредба со која се утврдува дека руската војска може да употреби нуклеарно оружје како одговор...

Македонија1 ден

Не се 67 новозаболени, туку 76 – покажуваат новите бројки на Министерството за здравство

Од Министерството за здравство информираат дека бројот на новозаболени е 76, а не како што претходно беше објавено дека се...

Македонија1 ден

Од денес во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија поради позитивен колега странец

Шеесетина полицајци, кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опасност од нов мигрантски бран, од денес се во...

Македонија1 ден

Случај „Рекет“: Навреди и критики кон Русковска и Камчеви во завршните зборови на Јанева

Со критики и навредливи зборови за Орце и Ана Камчеви, обвинетата Катица Јанева ги даде своите завршни зборови во судот...

Македонија1 ден

На 18 јуни пресуда за случајот „Рекет“

За две недели, односно на 18 јуни судот ќе ја изрече пресудата за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан...

Досие