Контакт

Uncategorized

Трамп: Агентите на ФБИ ми ги украдоа трите пасоши

Објавено пред

Агентите на ФБИ заплениле три пасоши на поранешниот американски претседател Доналд Трамп при претрес на неговиот имот Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида, напиша експретседателот на САД на социјалните мрежи:

dobivaj vesti na viber

„За време на рацијата на ФБИ ми украдоа три пасоши (еден истечен). Покрај се друго“ – напиша тој.

Трамп сето тоа што се случи го нарече „напад врз политички противник од размери досега невидени во САД“.

„Волстрит журнал“ објави дека ФБИ пронашол 11 комплети доверливи документи во Мар-а-Лаго, додека, пак, „Њујорк тајмс“ тврди дека Трамп е осомничен за незаконско користење воени информации, крадење и уништување документи.

Поранешниот американски претседател, како што се претпоставува, има син пасош како и сите американски граѓани, но и црвен „дипломатски“ издаден на функционери.

Трамп доби дипломатски пасош додека беше на чело на Белата куќа.

Агентите на ФБИ неодамна извршија претрес во замокот на Трамп од каде што зеле 27 кутии со доверливи документи.

Uncategorized

Северна Кореја: Не сме извезувале оружје во Русија, САД да не шират лажни вести

Објавено пред

Северна Кореја денеска објави дека никогаш не ѝ доставила на Русија оружје и муниција и нема такви планови предупредувајќи ги САД да замолчат и да престанат да шират шпекулации, кои имаат цел да го нарушат имиџот на таа земја.

dobivaj vesti na viber

„Неодамна, САД и другите непријателски земји зборуваа за прекршување на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН и ширеа шпекулации за договорите за оружје меѓу Демократска Народна Република Кореја и Русија. Никогаш не сме извезувале оружје и муниција во Русија и не планираме да ги извезуваме“, изјави неименуван функционер на Министерството за одбрана во соопштението што го пренесе државната агенција КЦНА.

Заменик-портпаролот на американскиот Стејт департмент, Ведант Пател, изјави претходно овој месец дека Русија е во процес на набавка на милиони ракети и артилериски гранати од Северна Кореја за употреба во Украина“.

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, подоцна објасни дека станува збор за потенцијално купување и дека нема индикации дека купувањето е завршено.

Вашингтон исто така го обвини Иран дека ѝ доставува беспилотни летала на Русија за употреба во војната во Украина, што Техеран го негира.

Русија исто така ги отфрли обвинувањата и побара од САД да обезбедат докази, пренесе „Телеграф.рс“.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Грковска: Важно да се овозможи ефикасен пристап при процесот на дигиталната трансформација на општеството

Објавено пред

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше работна средба со тимот од Естонскиот центар за меѓународен развој и претставници од Амбасадата на САД во земјата, кои се дел од проектот за унапредување и дигитална трансформација на општеството, што во Република Северна Македонија се спроведува со поддршка на Естонија и САД.

dobivaj vesti na viber

На состанокот, на кој учествуваше и заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски, вицепремиерката Грковска информира за тековните процеси поврзани со дигиталната трансформација на општеството што се спроведуваат во нашата држава, со посебен акцент на воведувањето електронска лична карта, носење закон за архивско работење и поголемо развивање на платформата за интероперабилност. Нагласи дека е многу важно да се овозможи ефикасен и координиран пристап при процесот на дигитална трансформација на општеството, кој ќе даде брзи резултати, но истовремено ќе се обезбеди оптимизиација на процесите и подобрување на јавните услуги.

На состанокот вицепремиерката Грковска потенцира дека со воведувањето на електронската лична карта е-услугите ќе се поедностават и ќе бидат подостапни за граѓаните, а нивното користење најпрвин ќе се овозможи за е-услугите во образованието, здравството, како и за услугите што ги даваат Министерството за економија и за труд и социјална политика.

Експертите од Естонскиот центар за меѓународен развој, предводени од Кадри Масик, извршна директорка, ќе бидат вклучени како поддршка при подготовка и предлагање решенија за подобрување на правната рамка на политики и институционалната рамка за дигитализација, со посебен акцент на воведувањето електронска лична карта, размена на експертиза и искуство во однос на моделите за интероперабилност и дигитализација на јавните услуги и помош при развој и спроведување на посебно ИТ-решение.

На состанокот беше потенцирано дека од исклучително значење за Република Северна Македонија е сите проекти, кои преку странски партнери се реализираат во земјата, да бидат меѓусебно координирани и комплементарни за да не дојде до преклопување, но и за да се зголеми нивната ефикасност.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Петровска-Најт: Северна Македонија и Вермонт покажаа како се создава вистинско сојузништво

Објавено пред

„Северна Македонија и американската држава Вермонт имаат исклучително блиска соработка од која учиме и ние и Националната гарда на Вермонт, се развиваме заедно и ги зголемуваме капацитетите како сојузници во НАТО. Ние сме амбициозни затоа што знаеме дека ако сме посветени како и досега, нема граница за она што можеме да го постигнеме и во доменот на интероперабилноста, и во развојот на вештините и способностите на припадниците на Армијата и на Националната гарда на Вермонт“.

dobivaj vesti na viber

Тоа го истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната средба со генерал-мајорот Грегори Најт, командант на Националната гарда на Вермонт кој престојува во неколкудневна посета на Северна Македонија, по повод Денот на Армијата и јубилејот „30 години Армија“.

Министерката посочи дека нема подобар пример за заедништво од она на кое сите бевме сведоци во текот на месец мај, кога армиските припадници и припадниците на Националната гарда на Вермонт заеднички се обучуваа на армискиот полигон „Криволак“ во рамки на досега најголемата вежба реализирана во Северна Македонија, Swift Response 22. Петровска упати благодарност до генералот Најт и Националната гарда и за континуираната поддршка во развојот на капацитетите на армиската единица за АБХО.

На средбата министерката Петровска се осврна и на идните планови во соработката – реализацијата на вежбата Defender 23 следната година, можностите за проширување на соработката преку трилатерално партнерство помеѓу Северна Македонија, Вермонт (САД) и Австрија, како и развојот на капацитетите за киберодбрана и развојот на подофицерскиот кор, кој е столбот на Армијата.

Генералот Најт порача дека Националната гарда на Вермонт останува силно посветена на партнерството со Северна Македонија, кое може да послужи како одличен пример како заеднички се развива интероперабилноста која е клучна во НАТО-алијансата.

Програмата за партнерство со Националната гарда на Вермонт е иницирана во 1994 година, а досега повеќе од 7.000 припадници на Армијата биле дел од заедничките активности. На Националната гарда на Вермонт доделен ѝ е Орден за заслуги, а годинава министерката Петровска на генералот Најт ќе му додели плакета по повод 30-годишниот јубилеј и долгогодишната успешна соработка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Арсовска со реакција до премиерот: Поради континуирано задоцнетите мерки, сите плаќаме поскапа електрична енергија и парно

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вечерва со реакција по изјавите на премиерот Димитар Ковачевски. Тој порача „ВМРО-ДПМНЕ да се...

Европа4 часа

Трас: Украинците го надмудрија Путин

Британската премиерка Лиз Трас ја коментираше најавата за руска мобилизација и инвазијата на Украина во своето прво интервју за американската...

Европа5 часа

Рускиот патријарх Кирил со повик до Русите: Одете во војна, ако умрете, ќе бидете со Бога

Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил ги повика руските граѓани да не се плашат од смртта поради одлуката на...

Регион6 часа

Трка на пијани возачи кобна за семејството Крстиќ кај Мостар

Тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа во близина на Мостар, во која четири лица загинаа, а четворица се тешко...

Европа7 часа

Има рак на кожа, не гледа и не слуша добро, а го мобилизирале во руската војска

Виктор Дјачок – 59 годишен началник на хируршкото одделение на болницата во Азбест, град во руската област Свердловск во источното...

Европа8 часа

Папата ги повика Италијанците да имаат повеќе деца

Папата Франциск денеска отпатува во јужна Италија за да го затвори конгресот на Италијанската црква што се совпадна со националните...

Македонија11 час

(Видео) Стоилковски: Сопругата на Бочварски и нејзината сестра ухлебени во штипската болница директно „од клупа“?

Продолжуваме со објавување на скандалозни непотистички вработувања и злоупотреби на позиции од клептоманите на власт, додека Македонија тоне во сиромаштија...

Топ12 часа

МВР: Констатирано точење на алкохол на малолетници во угостителски објекти

Утрово во временскиот период од 00.00 до 04.00 часот, полициски службеници од сите Сектори за внатрешни работи, во соработка со...

Европа14 часа

Лавров: Америка сака да ја уништи Русија, сакаат целиот свет да го претворат во свој двор

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се обрати пред Генералното собрание на ОН и во својот говор истакна дека...

Свет15 часа

(Видео) Најмалку пет лица се повредени во пукање во забавен парк во Америка

Најмалку пет лица се повредени, од кои двајца од истрели од огнено оружје, откако избила престрелка во забавен парк во...

Свет15 часа

Северна Кореја лансираше балистичка ракета-Итен состанок на воениот врв на Јужна Кореја

Северна Кореја истрела балистичка ракета во правец на морето во близина на нејзиниот источен брег, во пресрет на планираните воени...

Европа15 часа

Избори во Италија, според анкетите десницата е фаворит

Во Италија денеска се одржуваат парламентарни избори кои според последните анкети ќе доведат на власт десничарска коалиција од која Брисел...

Европа15 часа

Зеленски до Русите: „Предадете се, Путин ве испраќа во смрт“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој им се обрати на руските граѓани, рече дека нивниот претседател Владимир Путин свесно испраќа „граѓани...

Македонија1 ден

Членови на ДУИ: Арогантното и дилетантско однесување на извршната власт на чело со Груби предизвика револт

Бараме од претседателот на партијата, Али Ахмети, да го искористи својот политички и статутарен авторитет, за да најде решение за...

Европа1 ден

Шолц: Гладот ​​е голема опасност, Русија нема да победи

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во својата неделна порака до граѓаните истакна дека Русија нема да победи во војната во...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски во ОН: Немаме друга алтернатива за подобар животен стандард од членство во ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски се обрати на Генералната дебата на 77-то Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк. Тема на годинешната...

Европа1 ден

Путин потпиша нов закон, строги казни за одбивање на мобилизација и за дезертерство

Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша пакет измени на Кривичниот законик поврзани со воената служба, пишуваат руските агенции. Со пакетот...

Топ1 ден

Скопјанка измамена за над 7.200 евра, и кажале дека ќерка и усмртила дете во сообраќајкa и ќе ја спасат од затвор

Вчера во 11.05 часот во СВР Скопје, 69-годишна жена од Скопје пријавила дека на 22.09.2022 била измамена од едно лице...

Европа1 ден

Кина: САД испраќаат многу погрешни и опасни сигнали

Кина ги обвинува Соединетите Држави дека испраќаат „многу погрешни и опасни сигнали“ до Тајван, откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен...

Европа1 ден

Кадиров: Огромен број припадници на државните служби се вешти со оружје, нема да требаат резервисти

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров денеска предложи да се мобилизираат половина од припадниците на федералните сили за таканаречената, како што ја...