Контакт

Uncategorized

Унгарија го елиминира олимпискиот шампион

Објавено пред

Елиминацијата на олимпискиот шампион Данска е најголемото изненадување во досегашниот тек од 25-то светско првенство во ракомет. Данците потклекнаа пред Унгарија, која одигра беспрекорен меч и славеше 25:27. Четвртфинале избори и Шведска која ја декласира Белорусија 41:22.

Унгарците на овој Мундијал праварт смена на генерациите, против Данска беа тотални аутсајдери, но одиграа беспрекорен меч, го имаа расположениот Миклер на голот, кој одбрани 15 удари и заслужено славеа против олимпискиот шампион 27:25.

Унгарија водеше во најголемиот дел од натпреварот, имаше неколку пати и максимална предност од четири гола, во последните пет минути го одби налетот на противникот (23:23) и на крајот заслужено победи.

Покрај голманот Миклер кај Унгарците се истакна Лекаи кој постигна шест гола. Данска ја предводеше најефикасниот играч на мечот Микел Хансен со осум голови.

Унгарија во четврфиналето за противник ќе ја има Норвешка која во саботата славеше против Македонија.

За разлика од Данците, другите скандинавци, Швеѓаните, против Белорусија делуваа како казнена експедиција. На полувремето Шведска имаше 19:10, а на крајот 41:22.

Готфридсон со осум и Екберг со седум голови беа најефикасни во редовите на Шведска.

Противник на Шведска во четвртфиналето ќе биде Франција. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Македонија2 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Не е точно дека гувернерот посочил дека одлуката во врска со Алта банка ја донел премиерот

СДС да престанат со манипулациите и ширење несигурност кај граѓаните за Алта банка. Не се точни тврдењата дека гувернерот посочил...

Македонија27 минути

Единствена Македонија: Михаилова потврди дека се чувствува како Бугарка, иницијатива за одземање на државјанството

Синоќешното гостување на бегалката Ива Михаилова на бугарски медиум, во кое таа изнесе тешки обвинувања против Македонија како и истакнување...

Култура48 минути

12. издание на „Битола Шекспир фестивал“ за прославата на 82 години постоење на Народниот театар Битола

На 14 ноември 1944 година е основан Народниот театар – Битола, македонски театар со статус на национална установа и најстар...

Црна хроника53 минути

Тешко повреден пешак во Скопје, го удриле со автомобил на паркинг

Вчера околу 13:40 часот на паркинг просторот кај бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје автомобил „пежо“ со скопски регистарски ознаки...

Црна хроника55 минути

Тајно ја снимал и се заканувал дека ќе ги објави видеата, пријава против кочанец за демнење

Полицијата поднесе кривична пријава против 26-годишен жител на Кочани за демнење. Според информациите на МВР, полиција поднесе кривична пријава против К.М.(26)...

Македонија57 минути

Скопјанец повикан во полиција, управувал дрон без дозвола

Скопјанец бил повикан во полиција затоа што управувал дрон без дозвола. Според информациите на МВР, вчера во 18:30 часот во...

Регион1 час

Додик присуствуваше на собир на движењето „MAGA“. „Не можев да поминам, сите постојано ме запираа“

Милорад Додик, лидерот на владејачката партија во Република Српска, денеска изјави дека е уверен оти сегашниот став на американската администрација...

Македонија2 часа

Филков: ЕК го потврди сработеното, за две години поставивме темели за реформа на правосудството

Извештајот на Европската комисија за 2026 година е јасна потврда дека политиките што ЗНАМ ги спроведуваше во Министерството за правда...

Македонија2 часа

(Видео) Мостот што граѓаните го нарекуваа „мост за ловење риба“, конечно ќе ја добие својата вистинска намена, објави Ѓорѓиевски

Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција – зборот е збор, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Ветив дека...