Uncategorized
Ученик од Белорусија со нож ја убил наставничката

Средношколец во Белорусија со нож ја убил наставничката и уште едно момче од училиштето, соопшти белоруското Министерство за внатрешни работи.
Министерството наведе дека момчето, кое било 10 одделение, ја нападнало наставничката по историја пред почетокот на нејзиниот час. Тој убол уште две момчиња кои се обиделе да ја заштитат наставничката. Напаѓачот потоа отишол во соседното одделение и таму со нож убол уште едно момче.
Наставничката и еден од нападнатите починале на самото место, а другите две деца се сместени во болница.
Полицијата набргу го уапсила напаѓачот. Властите соопштија дека уште не се познати мотивите за нападот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
(Видео) Претставен концептот на новиот Научно-технолошки парк во Скопје

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) го претстави концептот на новиот Научно-технолошки парк во Скопје.
Основањето на паркот е иницијатива на Владата, а се спроведува од страна на Фондот за иновации и технолошки развој и Министерството за информатичко општество и администрација. Има за цел забрзан економски раст и побрз приклучок кон светските економски и општествени текови. Научно-технолошкиот парк е простор кој под еден кров нуди инфраструктура, услуги и пристап до финансии што ќе поттикнат раст базиран на ризик, знаење и иновации и ризик. Истовремено, паркот ќе биде место за контакт и соработка помеѓу академската заедница, студентите, бизнисите и инвеститорите.
Проектот ќе се гради во три фази.
Оваа недела беше отворен Деловно-технолошкиот акцелератор УКИМ за млади претприемачи и иноватори, кој е дел од првата фаза од Научно-технолошкиот парк.
Акцелераторот е сместен во кампусот на техничките факултети во Скопје, а за оваа намена, Владата во соработка со Светската банка ги обезбеди првите половина милион евра инвестиции. Тука се предвидени почетни инвестиции до 25.000 евра по компанија, како и до 75.000 евра во втората инвестициска фаза за стартапите со потенцијал за брз раст.
Втората и третата фаза на Научно технолошкиот парк предвидуваат изградба на нови згради и лаборатории, кои се очекува да бидат завршени до 2024 година (втора фаза), односно до 2027 година (трета фаза).
Студијата за изводливост е подготвена со финансиска и техничка поддршка од Делегацијата на ЕУ во Скопје. Вкупната проценета инвестиција во Научно-технолошкиот парк за сите три фази е околу 80 милиони евра.
Uncategorized
Нова улица кај висококатниците во општина Аеродром

Се гради нова улица „Новопроектирана 3“ кај висококатниците во општина Аеродром.
Како што соопштија од општината, досега се изведени околу 250 метри, а Град Скопје треба да обезбеди влез од булеварот Србија. Улицата е широка 12 метри, има четири ленти и тротоари од двете страни со широчина од по два метра.
Исто така, изведени се фекална и атмосферска канализација, како и улично осветлување.
Се очекува оваа улица дополнително да го растовари сообраќајот во тој дел од општина Аеродром.
Uncategorized
Почна 55. Минхенска безбедносна конференција

Во Минхен денеска е отворена 55. Минхенска безбедносна конференција која во следните три дена ќе собере бројни високи светски функционери – 35 шефови на држави и Влади, меѓу кои и премиерот Зоран Заев, како и 50 министри за надворешни работи.
Конференцијата ја отвори претседавачот Волфганг Ишингер, кој порача дека светот е соочен со низа мали и големи кризи, но и со епохални промени.
„Не е доволно само да се седи и чека додека конфликтите продолжуваат да им штетат на идните генерации ширум светот. Не е доволно ни само да седите и да се молите дека ќе бидете поштедени од најлошото“, рече Ишингер.
Тој укажа дека е потребна стратегија за да се влијае врз светските прашања.
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал
- Македонија2 месеци
(Видео) Кога општеството потфрла, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа