Uncategorized
Филипче поднел анкетен лист
Министерстото за здравство испрати демант во врска со објавата дека не е пријавена имотната состојба на министерот за здравство до Државната комисија за спречување корупција.
„Информираме дека министерот за здравство, д-р Венко Филипче, во целост го има запазено рокот за пријавување на имотот, односно поднесена е пријава на 25.01.2018, во рамки на законскиот рок и за тоа поседува писмен доказ – потврда за прием на пратка и фискална сметка за доставена пратка до ДКСК, со датум наведен согласно со законските рокови“.
Од ДКСК известија за „Макфакс“ дека до денеска таков документ не е стигнат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Алиу: Најдлабока благодарност до семејствата на органодарителите, го засилуваме институционалното темпо затоа што некаде некој чека нова шанса за живот
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска се обрати на трибина посветена на органодарителство, во организација на Владата, Министерството за здравство и Националната координаторка за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска, во рамки на националната кампања за подигнување на свесноста за органодарителството и трансплантацијата.
„Денес најдлабоката благодарност ја упатуваме до семејствата на органодарителите. Во момент на неизмерна лична загуба, нивните одлуки спасиле други животи. Затоа, органодарителството не смее да биде тема за која првпат разговараме во болничките ходници. За него мора да зборуваме порано, во семејствата, образовните институции, меѓу лекарите и пациентите, отворено, одговорно и без предрасуди. Министерството за здравство, заедно со националната координаторка и трансплантациските тимови, во само два месеца, во рамки на националната кампања „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста“, сними и објави повеќе од дваесет видеа. Пред јавноста застанаа хирурзи, специјалисти, медицински сестри и членови на тимовите – секој со својата хумана страна на својата професија. Во наредниот период, кон оваа кампања се приклучуваат и граѓански здруженија од оваа област со свои пораки за поддршка на органодарителството“, истакна министерот Алиу во обраќањето.
Тој додаде дека Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување веќе е во финална владина постапка. Со законските измени, секој полнолетен граѓанин при посета на својот матичен лекар ќе треба да се произнесе дали сака или не сака по смртта да биде органодарител. Изјаснувањето ќе се врши преку нов дигитален модул во „Мој термин“, и тоа безбедно и со двојна верификација, при што секој ќе може во секое време да ја промени или да ја повлече својата одлука.
Воедно, министерот Алиу потенцираше дека кога системот ќе започне со примена, ќе биде првиот што ќе се регистрира како органодарител.
„Со поддршка на Владата и на сите релевантни институции, темата за органодарителството конечно ја поставуваме таму каде што припаѓа, во средиштето на јавниот разговор. Нашата цел не е само да имаме медицински подготвени тимови. Потребно е да изградиме и општество кое ја разбира вредноста на дарувањето, му верува на системот и знае дека една одлука може да спаси повеќе човечки животи. Ова е само почеток, институционалното темпо ќе го засилуваме, системот нема да се предаде затоа што некаде некој чека“, порача министерот Алиу.
Воедно, тој упати голема благодарност до сите трансплантациони тимови кои беа дел од сите сложени операции операции досега: Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, Национален центар за кардиоваскуларни заболувања, Клиниката за ортопедија, Клиниката за урологија, Клиниката за неврохирургија, Клиниката за нефрологија, Институтот за радиологија, Институтот за трансфузиологија и централна стерилизација.
Uncategorized
Муцунски утре во Босна, со колегата Елмедин Конаковиќ ќе разговара за европската перспектива на регионот
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре ќе оди во еднодневна работна посета на Босна и Херцеговина. Ќе има средба со министерот за надворешни работи, Елмедин Конаковиќ, најави неговата ПР – служба.
Посетата се реализира на покана на министерот Конаковиќ, а двјцата министри ќе разговараат билатералните односи и континуираната соработка во областите од заемен интерес.
На средбата се очекува да стане збор за европската перспектива на регионот и процесот на интеграција во Европската Унија, а ПР – службата на министерот извести и дека ќе бидат разменети мислења за можностите за натамошно продлабочување на билатералната соработка, пред сè на економски план, со посебен акцент на унапредувањето на надворешната трговија.
Uncategorized
(Видео) Манасиевски: Само Филипче и Радев на иста линија бараат уставни измени
Покрај сите пофалби и признанија на функционери од земји членки на ЕУ кон Македонија, само Филипче и Радев на иста линија бараат уставни измени, обвини денес портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.
„Сите од ЕУ со внимание ги следат реформите на македонската влада и ги поздравуваат велејќи дека сме лидери во регионот, само Филипче и Радев велат единствена реформа се уставните измени. По долго време коленичење и лековерност од страна на властите предводени од СДС, сега европските претставници гледаат државнички пристап од македонската влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и велат дека заслужуваме предвидлив европски пат. Само Венко Филипче и Румен Радев не сметаат така.
Но, мекото ткиво предводено од Филипче и СДС ја отежнува работата. Само тие се на иста линија со Радев и Бугарија, а на бугарските власти тоа им одговара. Наместо да застанат зад македонските интереси, тие спремаат уште поголемо предавство“, рече Манасиевски.
Тој јавно ги праша СДСМ и Филопче уште што повеќе сакаат да направат за да и наштетат на Македонија и да бидат запаметени во историјата како најголемите предавници на татковината.
