Контакт

Uncategorized

Целосна забрана за движење во шуми само за Македонски Брод и Чашка

Објавено пред

Овој месец се регистрирани 56 пожари, а опожарени се 4.000 хектари. Досега е завршена постапката за 22 пожари, од кои што штетата е околу 1 милион евра. Првичните анализи покажуваат дека дел од пожарите се подметнати, а дел се предизвикани од невнимание. Министерството за внатрешни работи, веќе има поднесено кривични пријави против две лица, посебен извешај за едно лице и записиници за две лица, поради постоење сомнение дека сториле кривично дело „предизвикување шумски пожари“ во регионот на Македонски Брод, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Македонски Шуми“, даде согласност за повлекување на целосната и враќање на делумната забрана за движење во шуми. Оваа делумна забрана не важи за регионите каде што е прогласена кризна состојба, односно за Македонски Брод и Чашка, таму останува на сила целосната забрана за движење во шуми. Делумната забрана ќе трае сè до проценка дека е намален ризикот од појава на шумски пожари. Делумната забрана за движење во шуми не важи за вработените во ЈП „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја, за организирана ура на туристи за туристичко рзгледување.

И покрај враќањето на делумната забрана, и во следниот период ќе има засилени контроли на терен од страна на Шумската полиција и Инспекторатот за шумарство и ловство. Исто така засилени конторли ќе се спроведат за да се спречи опожареното дрво да заврши во промет.

– Ние сме во постојана комуникација со ЈП Македонски шуми. Нема да дозволиме опожареното дрво да биде ставено во промет. Со новиот директор на ЈП Македонски Шуми Зоран Ѓорѓиев, веќе ги креиравме политиките на кој начин ќе се спроведува постапката со опожареното дрво.Ќе се најде начин како ова опожарено дрво да се користи во понатамошниот период, но во никој случај нема да дозволиме тоа дрво да се препродава. Во координација со ЈП Македонски шуми, ќе ги разгледаме сите други опции како ова дрво може да се употреби за други намени, на пример за пензионери, синдикати или други цели, но нема да дозволиме ова опожарено дрво да се стави во промет – вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

22-годишен Турчин со тротинет тешко повреди 55-годишна жена на  Партизанска и избега, полицијата го бара

Објавено пред

Скопјанка е тешко повредена од возач на тротинет кој избегал од местото на несреќата што  се случила вчера попладне на булеварот Партизански одреди во Скопје.

„Ф.Е.Т.(22) од Турција, управувајќи тротинет, удрил во пешакот К.Б.(55) од Скопје и го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Б., констатирани во Јавна здравствена установа ’Св.Наум Охридски’, Скопје“, соопшти МВР.

Полицијата направила увид на местото на несреќата и презема мерки за пронаоѓање на 22-годишниот возач на тротинет.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

СДСМ реагира по обраќањето на премиерот: Место мерки прочита цени на горива, граѓаните со празни фрижидери за Велигден

Објавено пред

Наместо мерки за високите цени кои постојано растат 45 дена, Мицкоски, македонскиот Далај Лама повторно излезе со празен, холистички и филозофски настап – без резултати, да чита цени на горива од владината говорница, обвини преку соопштение СДСМ по обраќањето на премиерот Христијан Мицкоски за намалувањето на цените на горивата.

„Месец и половина растат цените. Јагнешкото месо надмина 700 денари за килограм, јајцата, млечните производи, маслото, зеленчукот – сè е поскапено. Основните производи станаа луксуз за огромен дел од граѓаните.

Велигденската трпеза оваа година е полупразна, затоа што е најскапа досега.

Ама Мицкоски не објавува мерки за намалување на цените и заштита на животниот стандард, туку чита цени на горивата – кои ги утврдува Регулаторната комисија за енергетика.

Очигледно затоа што и Регулаторната комисија не е независна, туку дел од неговата бизнис мрежа.

Каков дилетант. Веќе 45 дена цените се на високо ниво, без ниту една сериозна интервенција од Владата. Нема мерки, нема план, нема грижа за граѓаните.

Резултатот е јасен: Граѓаните се оставени сами на себе, токму пред Велигден – со празни фрижидери и полупразни трпези.

Оваа Влада на Мицкоски не се бори против скапотијата – туку за бизнис интересите. А граѓаните ја плаќаат цената.

’Де факто’ и ’де јуре’ македонскиот Далај Лама ги лаже граѓаните повторно, исто како што лажеше за време на кампањата дека ќе го врати името и клечеше за власт. Сега Македонија е на колена“, стои во соопштението од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

ПСЖ понудиле 55 милиони за Де Јонг

Објавено пред

ПСЖ испрати официјална понуда за играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг (28), но од „Камп Ноу“ дојде решителен одговор. Актуелниот европски шампион понуди 55 милиони евра, но каталонскиот клуб ја отфрли таа сума и постави значително построги услови за евентуален трансфер.

Понудата на ПСЖ вклучуваше исплата од 55 милиони евра на рати, што е вообичаена практика во модерниот фудбал. Сепак, челниците на Барселона ја одбиле понудата, незадоволни од сумата и начинот на исплата.

Каталонците бараат 70 милиони евра за холандскиот играч од средниот ред, но клучниот детаљ не е само износот на обештетувањето. Барселона инсистира целата сума да се исплати веднаш, без никакви одложувања или плаќања на рати.

Таквиот цврст став значително ги комплицира преговорите и го става францускиот клуб пред одлука дали да ја зголеми понудата и да ја промени структурата на плаќање.

Френки де Јонг е познат со години како еден од најважните играчи во средниот ред на Барселона. Неговиот технички квалитет и преглед на играта го прават високо ценет на пазарот.

И покрај финансиските предизвици со кои се соочува клубот, Барселона со оваа одлука испраќа јасна порака дека нема намера лесно да ги продаде своите клучни играчи.

Foto/ Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт6 часа

(Видео) Фиорентина бега од опасната зона

Фиорентина славеше победа над Лацио (1:0) во последниот натпревар од 32-то коло на Серија А и освоија исклучително важни бодови...

Спорт6 часа

(Видео) Голем триумф на Лидс во борбата за опстанок, победија на „Олд Трафорд“

Фудбалерите на Лидс го победија Манчестер Јунајтед со 2:1 на „Олд Трафорд“, во последниот натпревар од 32-то коло од Премиер...

Регион8 часа

Македонски државјани изнудиле 40.000 евра од пензионерка во Хрватска со измама дека ќерка и’ е во болница: eдна приведена, по двајца се трага

Загрепската полиција уапсила 25-годишна државјанка на Македонија, дел од група од тројца измамници кои, претставувајќи се како лекари, измамиле 87-годишна...

Спорт8 часа

Јамал посакува пресврт на „Метрополитано“

Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, пред реваншот со Атлетико Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите, изјави дека верува, дека...

Црна хроника8 часа

Напад во Затвор Штип: осуденик физички нападнал друг затвореник

Во Казнено-поправната установа Затвор Штип бил пријавен инцидент во кој еден осуденик физички нападнал друг. Според пријавата во СВР Штип...

Македонија8 часа

Израелската амбасадорка ја поздрави реакцијата на властите по обидот за палење на синагогата

Израелската амбасадорка во земјава, Вивијан Аисен, ја поздрави реакцијата на македонските власти по обидот за опожарување на објект на Еврејската...

Спорт8 часа

(Видео) Жан Тод призна: Шумахер два пати не играше чесно и тоа скапо го плати

Жан Тод, потврди дека Михаел Шумахер два пати во кариерата, неспортски се обиде да освои шампионска титула. Легендарниот Тод, го...

Спорт9 часа

Капитенот ја заврши сезоната

Фудбалерот на Тотенхем, Кути Ромеро, ќе мора да паузира помеѓу шест и осум недели, објави Фабрицио Романо. Ромеро претрпе повреда...

Свет9 часа

(Видео) Ова беше чесен пораз, продолжуваме да му служиме на народот, рече Орбан ден по изборите

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, повторно се огласи по изборниот пораз, обраќајќи им се на гласачите на неговата партија Фидес-КДНП....