Uncategorized
Часот на планетата Земја ќе се одбележи во над 190 земји

Денеска ќе биде одбележан часот на планетата Земја со гаснење на светилките во траење од еден час. Милиони луѓе ширум светот во исто време симболично во своите домови ќе го исклучат осветлувањето во знак на солидарност за планетата.
Светилките ќе бидат изгаснати во периодот од 20:30 до 21:30 часот по средноевропско време.
Часот на планетата Земја е најголемата и мајмасовната светска еколошка акција, која секоја година обединува милиони луѓе ширум светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Турција гласаше – вечерва ќе се знае дали на чело на земјата ќе остане Ердоган или ќе застане Киличдароглу

Турција денеска за прв пат во историјата одлучува за претседател во вториот круг од изборите, а гласачките места се затворени.
Повеќе од 64 милиони граѓани со право на глас денеска избраа меѓу актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган и кандидатот на опозициската Национална алијанса, Кемал Киличдароглу.
Ердоган, говорејќи пред новинарите по гласањето во училиште во Истанбул, истакна дека ова е првпат во Турција да се организира втор круг од претседателските избори.
Тој, исто така, го пофали високиот одѕив на гласачите во првиот круг и рече дека очекува одѕивот на гласачите денеска повторно да биде голем.
„Му се молам на Бога тие (изборите) да бидат корисни за нашата земја и нација“, рече тој.
Киличдароглу (74) вториот круг го опиша како референдум за иднината на земјата.
„Овие избори се одржаа во многу тешки околности, имаше разни клевети“, рече Киличдароглу по гласањето, додавајќи дека верува во здравиот разум на луѓето.
„Ќе дојде демократијата, ќе дојде слободата, луѓето ќе можат слободно да ги критикуваат политичарите на улиците“, рече Киличдароглу.
Тој гласаше во исто време со Ердоган, а локалната телевизија ги прикажа ривалите како гласаат на поделен екран.
Турција нема излезни анкети, но прелиминарните резултати се очекуваат да бидат познати за неколку часа.
Ердоган, кој ја водеше Турција 20 години, се смета за фаворит за освојување на нов петгодишен мандат во вториот круг, откако не успеа да победи во првиот круг на 14 мај за помалку од еден процент од гласовите.
Народната алијанса на Ердоган предводена од владејачката Партија на правдата и развојот освои мнозинство во државниот парламент во првиот круг.
Uncategorized
„Бехтел и Енка“ ќе може да гради, Законите за Коридорите поминаа во Собрание

Владеачкото мнозинство го изгласа пакетот закони поврзани со договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на Коридорите 8 и 10д. Петте закони беа изгласани со 62, односно 63 гласа во Собранието, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа против.
Владата претходно одлучи предлог-законите да одат по скратена постапка со европско знаменце. Предвидено е автопатите да бидат изградени за 4 години и 7 месеци.
Расправата во Собранието за законските измени заврши вчера, откако претходно поминаа во Комисијата за европски прашања каде беа доставени на предлог на Владата со европско знамнце, со образложение дека ќе овозможат поефикасна, побрза и поевтина изградба.
Во Собранието во 16 часот треба да продолжи седницата за пратенички прашања.
Uncategorized
Шведската амбасадорка во Москва повикана на разговор

Шведската амбасадорка Малена Мард денеска беше повикана на разговор во руското Министерство за надворешни работи, каде што беше информирана за одмазднички мерки за протерување на руски дипломати, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
Таа беше информирана дека поради курсот на кралството кон конфронтација со Москва, од 1 септември ја прекинува работата на рускиот генерален конзулат во Гетеборг, пренесе РИА Новости.
Воедно, шефот на шведската дипломатска мисија беше информиран дека руската страна ќе ја повлече согласноста за активностите на Генералниот конзулат на Шведска во Санкт Петербург од 1 септември 2023 година, соопшти Министерството.
Руското Министерство за надворешни работи го оцени протерувањето на петмина вработени во руските странски агенции во април 2023 година од Шведска како отворено непријателски потег на Стокхолм.
Како што нагласија, овој чекор дополнително ја влоши состојбата во односите меѓу двете земји, кои веќе достигнаа невидено ниско ниво, меѓу другото и поради „русофобната кампања што е во тек во Шведска“.
Амбасадорот бил информиран дека руската страна за персона нон грата прогласила пет шведски дипломати, меѓу кои и одбранбеното аташе во шведската амбасада во Москва.
Ним им беше наредено да ја напуштат земјата во иста временска рамка како и шведските власти.