Контакт

Uncategorized

Џафери свика вонредна координација за формирање на телото за помирување

Објавено пред

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска ќе одржи координација со потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи и претставниците на политичките партии што не се организирани во пратенички групи. Единствена точка на дневен ред е формирањето интерпартиско парламентарно тело за помирување и интеграција, на барање на новата пратеничка група независна од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Координацијата требаше да се одржи вчера, но на состанокот кај Џафери не присуствуваа подносителите на иницијативата, поради обврски поврзани со посетата на претседателот на австрискиот Национален совет на Австрија, Волфганг Соботка, кој вчера се обрати пред пратениците во Собранието.

Формирањето на телото за помирување беше еден од условите на осумте опозициски пратеници да гласаат за отворање на Уставот. Нивните очекувања се дека сите пратенички групи ќе се вклучат во работата на интерпартиската комисија, која првенствено ќе се фокусира на настаните од 27 април, а не ја исклучуваат можноста да се продолжи мандатот и истото работно тело да функционира и во иднина за други политички прашања.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ го повторија ставот дека нема да учествуваат во работата на ова тело, а како причина сега го наведуваат изборот на Џафери да раководи со него. Од партијата, сепак, оставаат можност дека ќе ги почитуваат одлуките на телото ако се во насока на неселективно помирување, но не отстапуваат од барањето закон за целосна амнестија на обвинетите од 27 април.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

СДСМ: Цените на горивата беа највисоки за време на режимот на Груевски

Објавено пред

Безидејната ВМРО-ДПМНЕ повторно лаже, рекордно највисоки цени на горивата имаше во 2012 година за време на режимот на Груевски, а нема ниту ново нето-задолжување на државата, реагира СДСМ по прес-конференцијата на Димче Арсовски.

„ВМРО ДПМНЕ повторно бесрамно ја лаже јавноста. Рекордно највисока цена на горивата беше постигната во времето на режимот на Никола Груевски или поточно во април 2012 година кога литар ‘eвросупер 95’ чинеше 89 денари, ‘евросупер’ со 98 октани чинеше 90,5 денари, а литар дизел се продаваше за 73,5 денари. Со оглед на тоа дека Регулаторната комисија за енергетика е тело што функционира самостојно, а не го диктира Владата, туку го диктира цената на дериватите на светско ниво, односно се раководи со порастот или намалувањето на цената на суровата нафта на светскиот пазар, ова е уште една од лагите на ВМРО-ДПМНЕ со кои сака да ја манипулира јавноста“, наведе СДСМ во реакцијата.

Владејачката партија вели дека денеска ВМРО-ДПМНЕ излегла со уште една од низата лаги, а тоа е нето-задолжувањето на земјава.

„Според соопштението на Министерството за финансии, нема ново нето-задолжување со денешната аукција. Имено, на аукцијата на државни хартии од вредност запишани се 2,4 милијарди денари (39 милиони евра), од кои утре ќе се врати приближно ист износ или 2,4 милијарди денари (39 милиони евра) по основ на порано издадени и достасани за отплата државни хартии од вредност. Очигледно, безидејната ВМРО-ДПМНЕ не знае за ништо друго, освен пласирање лажни вести и невистини. Соочени со извесниот пораз на претстојните претседателски избори, расте нервозата, расте и очајот кај ВМРО-ДПМНЕ, па преку лаги и невистини се обидува да ја манипулира јавностa“, додаде СДСМ во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Пендаровски од Босилово и Василево: Нема да дозволиме некој да се коцка со иднината на државата

Објавено пред

На вечерашните средби со жителите на општина Босилово и Василево, заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски повика на изборите да се поддржи концептот што води напред, бидејќи тоа значи развој и подобар живот, тоа значи членство во НАТО и интеграција во ЕУ што обебзедуваат нови работни места и повеќе пари кај земјоделците, кај граѓаните.

„На 21 април и на 5 мај, на избори, да дадеме ветер во грб на политиките на оваа власт за да покажеме дека нашата Македонија е на правиот пат, а не да дозволиме политичките противници да се коцкаат со иднината на државата. Тие немаат став за битни работи, но имаат став дека се ќе поништат и ревидираат се што оваа власт направи добро за народот и за државата. Затоа, масовно да излеземе на изборите и да гласаме за број 3, за да продолжиме по вистинскиот пат заедно напред“, повика Пендаровски.

Тој рече дека претстојните избори се особено важни за да продолжат реформите, да продолжи напредокот во интеграциите.

„Во изминативе речиси две години, сведоци сме на еден целосно нов пристап во односите со соседите, кој ги решава најтешките проблемите, и ги отвора портите на Европа за Република Северна Македонија. Го обезбедивме и заштитивме идентитетот и ги отворивме перспективите кон ЕУ и НАТО. Интеграцијата кон овие два сојузи носи бројни придобивки и отвора влез на пазар од 500 милиони потрошувачи. Тоа е дополнителен стимул за нашето земјоделство и нашите земјоделски производи“, порача Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Скопска епархија: Немаме информација за донираните лустери, црковниот одбор си ги обезбедил

Објавено пред

Скопската епархија нема информации за донираните лустери во црквата „Св. Никола“ во селото Љубанци. Од МПЦ велат дека црковните одбори самите обезбедуваат донации и средства, а така било и во случајот со донацијата од ВМРО-ДПМНЕ.

„Епархијата ниту имала информации дека црковниот одбор се обидувал да најде донации за такво нешто,  ниту имала удел во целата процедура“, изјави за „Макфакс“ отец Бобан Митевски.

Која е вредноста на лустерите,  дали партијата ќе продолжи со донирање луксузни предмети од Белата палата и други детали околу донацијата, од ВМРО-ДПМНЕ не откриваат со образложение дека не сакаат да се фалат за нивната хуманост. Партискиот портпарол Наум Стоилковски изјави дека тие информации ќе ги споделат со јавноста ако органите на партијата донесат таква одлука.

Од владејачкиот СДСМ обвинија дека станува збор за сомнителна донација и побараа одговори од опозицијата во кој финансиски извештај ја пријавиле луксузната набавка.

Реакцијата следува по објавата на пратеникот Јохан Тарчуловски на „Фејсбук“ дека од централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ ќе се донираат два лустери за црквата во Љубанци, кои за партијата претставувале луксуз.

Прикажи повеќе...

Најново

Избори 20197 часа

Дескоска: Ако не се избере претседател, во игра се две опции

Во игра се две опции доколку на претседателските избори не биде постигнат потребниот цензус, изјави министерката за правда, Рената Дескоска....

Македонија9 часа

На интернет објавени четири прислушувани разговори

На интернет пред неколку часа објавени се четири телефонски прислушувани разговори. Зад објавата стои извесен корисник „Илија громовник“, а разговорите се...

Македонија10 часа

Од утре теренска вакцинација во училиштата против морбили

Медицински персонал утре ќе тргне по училиштата и теренски ќе ги вакцинира оние што не ја примиле вакцината против морбили....

Избори 201910 часа

Силјановска во штабот на Пендаровски

Гордана Силјановска-Давкова денеска го посети изборниот штаб на својот противкандидат Стево Пендаровски. Таа на „Твитер“ објави дека со присутните разговарале...

Македонија11 час

(Видео) Поплава во средното уметничко училиште во Скопје

Во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје вчера настанала поплава, откако избил вентилот за парно греење за време на...

Македонија13 часа

Нови 30 дена куќен притвор за Стевчо Јакимовски

Кривичниот суд во Скопје му определи нови 30 дена куќен притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски во...

Свет14 часа

„Фејсбук“ без дозвола собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници

„Фејсбук“ призна дека собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници без нивно знаење и дозвола, објави Си-ен-ен. Најголемата социјална...

Свет15 часа

(Видео) Девојка во Бангладеш запалена зашто пријавила сексуална злоупотреба

Студенти ја полиле со керозин и ја запалиле нивната колешка Нусрат Џахан Рафи во училиште во Бангладеш бидејќи две недели...

Свет17 часа

Маж со канистери полни бензин и запалки сакал да влезе во катедралата во Њујорк

Триесет и седумгодишен маж e уапсен откако се обидел да влезе во катедралата Свети Патрик во Њујорк со два канистери...

Македонија17 часа

Репортери без граници: Земјава на 95. место според слобода на медиумите

Северна Македонија е на  95. место според последниот светски индекс за слободата на медиумите на Репортери без граници (РСФ), со...

Свет17 часа

„Тајм“ објави листа на највлијателни луѓе во светот

Пејачката Тејлор Свифт, телевизиската новинарка Гејл Кинг и фудбалската ѕвезда Мохамед Салах се меѓу шесттемина познати и највлијателни луѓе според...

Европа18 часа

(Видео) Португалија: Загинаа 29 германски туристи во автобус кој излета од патот на островот Мадеира

Најмалку 29 туристи од Германија загинаа синоќа во несреќа на португалскиот остров Мадеира, кога препол автобус излета од патот и...

Свет1 ден

(Видео) Светските знаменитости во боите на Франција

Многубројни светски споменици минатата ноќ светнаа во боите на Франција како знак на поддршка и солидарност по повод трагичниот пожар...

Македонија1 ден

Вклучен аларм во училиштата по случаите на деца што се самоповредувале поради интернет-игри

Во врска со информациите поврзани со учеството на ученици во игри објавени на глобалната интернет-мрежа, кои се карактеризирани како ризични...

Македонија1 ден

(Видео) Антикорупциската ќе поднесе прекршочни постапки против градоначалниците Бочварски и Георгиевски

ДКСК делумно ги прифати приговорите на ВМРО-ДПМНЕ против општините Гази Баба и Штип и одлучи да поведе прекршочни постапки за...

Македонија2 дена

Епидемија на морбили има, вакцини во Кичево нема

Речиси цел месец во Здравствениот дом во Кичево нема вакцини против морбили. Родителите реагираат бидејќи иако сакале да ги вакцинираат...

Македонија2 дена

(Видео) Фазлиу: Градоначалниците да објават како ги трошат парите на нивните веб-страници

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, им порача на градоначалниците дека ќе бара одговорност доколку парите ги трошат недомаќински и...

Македонија2 дена

(Видео) Франција треба да каже како да ѝ помогнеме

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски изјави дека сè уште нема конечна одлука на кој начин ќе ѝ се помогне на Франција...

Крвав четврток2 дена

До крајот на мај, обвинение за организаторите на крвавиот четврток

Вилма Рускоска, шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, рече дека најдоцна до крајот на мај очекува да...

Македонија2 дена

(Фото) Барокниот летниковец на плоштадот стана нужник

Барокниот летниковец од проектот „Скопје 2014“ стана нужник. Околу летниковецот, кој чинеше 350 илјади евра и се наоѓа меѓу недоизградените...

Досие