Контакт

Uncategorized

Џејмс Вудс ја изнесе својата девојка на вечера

Објавено пред

Џејмс Вудс и неговата партнерка Кристен Багес, со која е во врска веќе осум години, беа излезени на вечера, само неколку дена пред нејзиниот 28. роденден.

Кристен се пофали со блескав дијамант на левата рака, што доведе до шпекулации во медиумите дека тие се свршиле или веќе се во брак.

Иако 74-годишниот актер не потврди, ниту негира какви било шпекулации за свршувачката, тој на својот „Инстаграм“ сподели фотографија од нив двајцата откривајќи дека вечерале во „Дан Тана“.

Uncategorized

Анџелина Џоли повторно уловена како влегува во зградата на првиот сопруг

Објавено пред

Дали е на повидок уште една обновена романса што ќе го затресе Холивуд?

Папараците повторно ја уловија Анџелина Џоли како влегува во зградата на поранешниот сопруг Џони Ли Милер. Таа беше забележана како се враќа во станот на Милер во Бруклин, Њујорк, во вторникот вечерта, вторпат последниве неколку дена.

За време на втората посета, на актерката (46) ѝ се придружи и нејзиниот 17-годишен син Пакс.

Џоли претходно беше во станот на Милер во петокот на 11 јуни, како што објави „Пејџ сикс“ следниот ден, додавајќи дека ова се случува откога Бред Пит неодамна го доби заедничкото старателство над нивните шест деца по долга и мачна судска битка.

Таа беше уловена од папараците во петокот вечерта додека влегува во зградата во Бруклин, каде што се наоѓа станот на нејзиниот прв сопруг, со шише вино во рацете. Во станот наводно останала околу три часа.

Џоли и Милер се запознаа во 1995 година на снимање на Hackers. Се венчаа во 1996 година по само шест месеци врска. Џоли (46) тогаш имаше само 20 години. Бракот траеше кратко, тие се разведоа во 1999 година.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Кејт Хадсон користи секс за да остане во форма

Објавено пред

Ѕвездата на Almost Famous („Речиси славна“) се огласи на социјалните мрежи во средата на 9 јуни за да го одбележи Националниот ден на сексот, откривајќи дека интимното зближување со нејзиното момче Дени Фуџикава всушност ѝ помага да ослабе и да остане здрава.

Кејт е амбасадорка на WW, програма за здравје и велнес позната како Weight Watchers, а нејзината објава коинцидираше со објавата на веб-страницата на WW, која официјално го наведува сексот како активност што се смета како фит-поинт (FitPoints) на апликацијата WW.

На видеото објавено на Инстаграм, Кејт рече: „Здраво на сите, добив многу интересни вести од кои сум многу возбудена. Отсега ќе бидам во мојата спална соба на подолго време … можеби и по 20 часа. Ако може да се справи со тоа.“

„Според WW, еден час секс ќе биде еднаков на…не ме бива многу за математика … шест FitPoints! Се гледаме за два часа” напиша таа.

И Weight Watchers ги објасни деталите понатаму во својата објава.

Во неа стоеше: „Без разлика дали сте вакцинирани и излегувате надвор или останувате дома, сексот сега смета за FitPoints кога ќе се логирате на апликацијата WW. Среќен Национален ден на сексот!“

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Жешки тркала: На продажба автомобилот кој принцот Чарлс ѝ го подарил на Дијана

Објавено пред

Тоа беше претсвадбен подарок од принцот Чарлс за неговата идна сопруга, тогашната Дијана Спенсер, во 1981 година, па можеби не изненадува цената за овој релативно скромен 40-годишен Форд Ескорт со оглед на неговото кралско потекло.

Автомобилот со маскота сребрена жаба на хаубата, која на Дијана ѝ ја даде нејзината постара сестра како симбол на бракот од бајките со принцот, е понуден во аукционерска куќа Reeman Dansie од Есекс, со почетна цена од 40,000 фунти.

Идната принцеза го возеше сребрениот Мк III Ghia нешто повеќе од една година, кога одеше да гледа натпревари во поло или на дружба со пријатели, пред да го отуѓи откако го роди принцот Вилијам во 1982 година.

Нејзината сестра, Лејди Сара Мекоркодејл, наводно, ѝ дала маскота жаба за хаубата на автомобилот, што, наводно, симболизира брак од бајките.

На актуелниот автомобил има копија од оригиналната маскота, а оригиналната регистарска табличка е сè уште недопрена.

Во 1995 година бил продаден на дилер на антиквитети како посебен подарок за роденденот на неговата ќерка. Оттогаш, тој бил препродаден на сегашната сопственичка, Тина Киркпатрик, која го поседува веќе 20 години.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа50 минути

(Видео) Апокалиптични снимки по торнадото во Чешка, расте бројот на мртви

Торнадо и силно невреме проследено со грмотевици, во четвртокот вечерта погоди неколку градови на југоистокот од Чешка, во регионот Јужна...

Свет15 часа

Руски претставник за британскиот брод: Следниот пат бомбите ќе паднат врз целта, а не околу неа

Шефот на руската делегација во преговорите за безбедност и контрола на оружјето во Виена, Константин Гаврилов, ја предупреди Велика Британија...

Македонија17 часа

Заев: Репрезентацијата ја претставува Северна Македонија, придавката „македонска“ е за други случаи

Кога се претставува државата, како во случајот со фудбалската репрзентација, тогаш се употребува репрезентација на Северна Македонија, додека македонско, македонска,...

Македонија18 часа

Радев: Ги издржавме притисоците, патот на Северна Македонија зависи само од дијалогот со Бугарија

Забрзувањето на европската перспектива за Република Северна Македонија зависи само од ангажманот и резултатите во дијалогот со Бугарија. Ова го...

Македонија18 часа

Регистрирани се 10 нови случаи на Ковид -19, три лица се починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 2.302 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на...

Регион20 часа

Вучиќ: Не е фер што Македонија и Албанија не добија датум за преговори

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека жали што Скопје и Тирана не добија датум за почеток на преговорите со ЕУ....

Македонија22 часа

Утре ќе стигнат 100.000 вакцини на Фајзер, а в недела 500.000 на Синовак, најави Филипче

Утре пристигнува нова пратка од 100 илјади вакцини на „Фајзер“ преку ковакс системот, најави министерот за здравтство Филипче. В недела...

Македонија22 часа

Од септември на медицинските сестри и техничари ќе им биде платено високото образование

Од септември на медицинските сестри и техничари ќе им биде платено високото образование, најавија по денешниот работен состанок, министерот за...

Македонија24 часа

Над 180.000 граѓани кои се пријавиле за вакцинација а не добиле термин, ќе бидат вакцинирани во следните 20 дена

Голем број граѓани реагираат дека одамна се пријавиле на веб-страницата vakcinacija.mk, но се уште не добиле термин за вакцинација во...

Свет24 часа

(Видео) Москва со порака: Ќе има страшни последици ако некој изврши провокации како случајот со британскиот разурнувач

Руската Црноморска флота, заедно со Граничната служба на ФСБ, испукаа предупредувачки истрели за да го спречат британскиот разурнувач да ја...

Македонија1 ден

Бремените жени и лицата над 60 години да се ослободат од работа, повикува Министерството за труд и социјала

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа,...

Европа1 ден

Европскиот Парламент предупредува- Бројот на мигранти расте, мора итно да дејствуваме

Со доаѓањето на летните месеци на надворешните граници на ЕУ, притисокот на мигрантите расте, затоа е потребно итно и солидарно...

Свет1 ден

(Видео) Се сруши мост во Вашингтон, повредени се повеќе лица

Пешачки мост се урна во североисточен Вашингтон. Според американските медиуми, најмалку шест лица биле повредени, додека еден камион останал заробен...

Економија2 дена

Владата го утврди предлогот за поскапувањето на горивата, на ред се пратениците

Предлогот за законски измени за повисока еколошка такса за нафтените деривати одат на усвојување во Собранието. Владата на денешната 82...

Свет2 дена

Европска здравствена агенција: Делта вирусот ќе доминира во Европа ова лето

Делта варијантата на коронавирусот, првпат откриена во Индија, значително ќе се прошири низ Европа во текот на летото, предупреди Европската...

Топ2 дена

Изгоре камп возило на туристи на Матка

Камп возило на туристи од Полска целосно изгоре на Матка, а уште едно возило е оштетено, соопшти МВР. „Вчера настанал...

Македонија2 дена

Пет нови случаи на Ковид-19, почина 39-годишник од Кичево

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.466 тестирања, а регистрирани се 5 нови случаи на...

Македонија2 дена

Заев: ЕУ има проблем, ние ќе бараме решение и не се откажуваме од заслужената интеграција

„Европа има проблем. Големата идеја за обединета Европа денес има проблем. А проблемот е самата ЕУ. Брисел ни порача дека...

Европа2 дена

Тензии во Црното Море: Руски истрели кон британски воен брод

Руски воен брод испукал предупредувачки истрели кон уништувач на британската кралска морнарица, ХМС Дифендер, откако влегол во руските води во...

Македонија2 дена

Утре и задутре портокалова фаза: Од работа да се ослободат бремените жени и лицата над 60 години

Во текот на следните два дена (четврток и петок), целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од портокалова...

Досие