Контакт

Uncategorized

Џорџ и Амал Клуни очекуваат близнаци

Објавено пред

Истакнатата адвокатка за човекови права Амал Клуни и нејзиниот сопруг, познатиот и наградуван актер Џорџ Клуни, очекуваат близнаци, објавија американските медиуми.

Бебињата би требало да дојдат на свет во јуни, вели водителката на телевизиското шоу The Talk на CBS, Џули Чен.

Друг извор близок до двојката, цитиран од магазинот People, рече дека тие биле многу среќни. Претставниците на брачната двојка Клунии сеуште не ги коментирале тврдењата на медиумите.

Џорџ и Амал е венчаа во Венеција во 2014 година. Листата на гости на свадбата вклучуваше познати ѕвезди на Холивуд меѓу кои Мет Дајмон и Бил Мареј, пренесува британски BBC.

Гласините дека очекуваат принова почнаа да кружат минатиот месец, кога г-ѓа Клуни беше забележана во широка облека.

Џорџ Клуни (55) глумеше во повеќе холивудки филмови и освои два Оскари.

Неговата сопруга (39) застапуваше голем број личности од висок профил, меѓу кои и поранешната украинска премиерка Јулија Томошенко и основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. крај/мф/вс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

22-годишен Турчин со тротинет тешко повреди 55-годишна жена на  Партизанска и избега, полицијата го бара

Објавено пред

Скопјанка е тешко повредена од возач на тротинет кој избегал од местото на несреќата што  се случила вчера попладне на булеварот Партизански одреди во Скопје.

„Ф.Е.Т.(22) од Турција, управувајќи тротинет, удрил во пешакот К.Б.(55) од Скопје и го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Б., констатирани во Јавна здравствена установа ’Св.Наум Охридски’, Скопје“, соопшти МВР.

Полицијата направила увид на местото на несреќата и презема мерки за пронаоѓање на 22-годишниот возач на тротинет.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

СДСМ реагира по обраќањето на премиерот: Место мерки прочита цени на горива, граѓаните со празни фрижидери за Велигден

Објавено пред

Наместо мерки за високите цени кои постојано растат 45 дена, Мицкоски, македонскиот Далај Лама повторно излезе со празен, холистички и филозофски настап – без резултати, да чита цени на горива од владината говорница, обвини преку соопштение СДСМ по обраќањето на премиерот Христијан Мицкоски за намалувањето на цените на горивата.

„Месец и половина растат цените. Јагнешкото месо надмина 700 денари за килограм, јајцата, млечните производи, маслото, зеленчукот – сè е поскапено. Основните производи станаа луксуз за огромен дел од граѓаните.

Велигденската трпеза оваа година е полупразна, затоа што е најскапа досега.

Ама Мицкоски не објавува мерки за намалување на цените и заштита на животниот стандард, туку чита цени на горивата – кои ги утврдува Регулаторната комисија за енергетика.

Очигледно затоа што и Регулаторната комисија не е независна, туку дел од неговата бизнис мрежа.

Каков дилетант. Веќе 45 дена цените се на високо ниво, без ниту една сериозна интервенција од Владата. Нема мерки, нема план, нема грижа за граѓаните.

Резултатот е јасен: Граѓаните се оставени сами на себе, токму пред Велигден – со празни фрижидери и полупразни трпези.

Оваа Влада на Мицкоски не се бори против скапотијата – туку за бизнис интересите. А граѓаните ја плаќаат цената.

’Де факто’ и ’де јуре’ македонскиот Далај Лама ги лаже граѓаните повторно, исто како што лажеше за време на кампањата дека ќе го врати името и клечеше за власт. Сега Македонија е на колена“, стои во соопштението од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

ПСЖ понудиле 55 милиони за Де Јонг

Објавено пред

ПСЖ испрати официјална понуда за играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг (28), но од „Камп Ноу“ дојде решителен одговор. Актуелниот европски шампион понуди 55 милиони евра, но каталонскиот клуб ја отфрли таа сума и постави значително построги услови за евентуален трансфер.

Понудата на ПСЖ вклучуваше исплата од 55 милиони евра на рати, што е вообичаена практика во модерниот фудбал. Сепак, челниците на Барселона ја одбиле понудата, незадоволни од сумата и начинот на исплата.

Каталонците бараат 70 милиони евра за холандскиот играч од средниот ред, но клучниот детаљ не е само износот на обештетувањето. Барселона инсистира целата сума да се исплати веднаш, без никакви одложувања или плаќања на рати.

Таквиот цврст став значително ги комплицира преговорите и го става францускиот клуб пред одлука дали да ја зголеми понудата и да ја промени структурата на плаќање.

Френки де Јонг е познат со години како еден од најважните играчи во средниот ред на Барселона. Неговиот технички квалитет и преглед на играта го прават високо ценет на пазарот.

И покрај финансиските предизвици со кои се соочува клубот, Барселона со оваа одлука испраќа јасна порака дека нема намера лесно да ги продаде своите клучни играчи.

Foto/ Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Свет16 минути

Осмооделенец уби осум деца и еден наставник во училиште во Турција

Девет лица, меѓу кои осум деца, беа убиени денес во пукотница во средно училиште во југоисточна Турција, изјави турскиот министер...

Македонија21 минута

Утре променливо облачно време со локални врнежи од дожд

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност...

Македонија23 минути

Муцунски – Прево: Белгиска поддршка на Македонија во нејзината европска интеграција

На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес во официјална посета на Република Северна Македонија...

Свет1 час

Германски министер: Не учествуваме во војната во Иран, но ги чувствуваме последиците

Германија, иако не е вклучена во војната во Иран, директно ги чувствува нејзините економски последици, изјави денеска германскиот министер за...

Свет1 час

Маѓар објави видео, од далеку се гледа Орбан на балкон: Што мислите дека чита – неговиот проштален говор или спортски вести?

Победникот на неодамнешните унгарски избори и иден премиер, Петер Маѓар, објави видео од претседателската палата Шандор во Будимпешта, каде што...

Свет2 часа

Трамп објави слика од Исус како го прегрнува: „Ми изгледа доста убаво!!!“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави слика од Исус како го прегрнува, генерирана од вештачка интелигенција, на својата социјална мрежа...

Свет2 часа

Лавров во Пекинг: Русија и Кина го зајакнуваат сојузот

Русија е подготвена да го зголеми количеството енергија што ја извезува во Кина пред очекуваната посета на претседателот Владимир Путин,...

Македонија2 часа

Савески во Врховниот суд: разговарано за поефикасно постапување по предметите во надлежност на највисокиот суд

Во рамките на заложбите за поефикасна координација меѓу Јавното обвинителство на РСМ и Врховниот суд на РСМ, државниот јавен обвинител...

Спорт2 часа

Мајкл Овен го избра фаворит на Светското првенство

Поранешниот напаѓач на Англија, Мајкл Овен (46), ги сподели своите размислувања за претстојното Светско првенство, истакнувајќи ја Франција како главен...