Контакт

Uncategorized

Интервју со Горан Ајдински: Државата и стопанството треба да ја финансираат научноистражувачката дејност

Објавено пред

Професоре Ајдински, Вие бевте во два мандата декан и раководевте со еден од најголемите и најкомплексни факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје – Филозофскиот факултет. Бевте член и на тогашната ректорска управа на Универзитетот, а во последните години во универзитетската и во пошироката јавност сте присутен како конструктивен критичар на работите што се случуваат во УКИМ и воопшто во високото образование. Со какви проблеми денес се соочуваат високото образование и УКИМ?

dobivaj vesti na viber

„Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’ не постои самиот за себе, тој е дел од еден поширок систем и нормално е дел од проблемите во системот да се рефлектира врз работата на Универзитетот. Проблемите што постојат на нашиот Универзитет и нивното решавање многу зависат и од неговото менаџирање. Не би било реално да се каже дека тие одеднаш може да се решат, но ако точно не ги детектираме, тогаш и нивното решавање ќе биде полесно. Јас во минатото како декан, а и сега како редовен професор на Универзитетот, секогаш отворено сум дискутирал за проблемите, без разлика како тоа некој го перципирал. Но, коректно е секогаш кога ќе се постигне некој успех и позитивна работа, тоа да се пофали и да се поддржи, и спротивно, ако имаме некои слабости, за нив треба отворено да се дискутира. Практиката покажува дека нерешавањето на проблемите генерира нови проблеми, а тоа доведува до стагнација во сите области, без оглед дали зборуваме за образовниот процес, за научноистражувачката дејност, за стандардот на вработените и студентите и сл. Така што, прашањето за проблемите е покомплексно и бара поширока елаборација“.

Што конкретно може да се подобри во образовниот процес? Потребни ли се реформи и промени на законот што се актуализира кон крајот на минатата година?

„Се разбира, секогаш работите може да се подобрат, но, како што кажав, треба да се бара причината за да се дојде до решението. И сето тоа во еден отворен дијалог со сите заинтересирани страни (универзитет, студенти, држава, стопанство). Секогаш кога сакаме нешто да промениме, како по правило се посегнува по реформи, без подлабока анализа. А знаете колку реформи се направени во високото образование? И ние не го знаевме точно бројот на измени и дополнувања на претходниот закон. Сега имаме закон што се донесе во конструктивна атмосфера во 2018 година и, за жал, и за него се заговараат промени. Тоа не е воопшто добро. Не е добро, а тоа се повторуваше и во минатото, еден закон, кој сè уште не профункционирал со полн капацитет, да го менувате. Не велам дека е идеален затоа што ништо не е идеално и секогаш ќе има простор за подобрувања, но тоа да се прави по само неколку години, нема да донесе ништо позитивно. Министерството треба да остави подолг период универзитетите во својата работа да ги согледаат сите позитивни решенија и слабости со примена на овој закон, па потоа да се посегнува кон евентуални измени. И на крајот, зошто би го менувале повторно законот кога некои органи и тела предвидени со законот или се формирале, но сè уште не функционираат како што треба или, пак, воопшто не се формирани (земете ги, на пример, советите на универзитетите). Носењето на реформите на хартија сами за себе не се како да не сте ги донеле, туку прават повеќе штета отколку воопшто да не се донесени. Како пример за такви реформи, да се навратиме наназад и да ја споменеме толку цитираната ‘Болоња’. Да ве потсетам дека Република Македонија стана членка на Болоњскиот процес во 2003 година, а УКИМ почна со одредени интервенции во наставните планови и пред тоа. Од тогаш до денес Законот за високото образование се менуваше и се дополнуваше многупати, но со ниту еден акт до сега, никој не се позанимава со тоа како оваа крупна реформа и тогаш и сега се финансира? И дали воопшто се финансира? Имплементацијата на болоњските стандарди, која не е воопшто едноставна реформа, бара и соодветна финансиска поткрепа. Не можеме, од една страна, да очекуваме имплементација на високи европски стандарди, а од друга, да се соочуваме со постојана рестрикција во финансирањето и во делот за образование, но и во делот за наука, а за стимулација на професорите воопшто и да не зборуваме. Оттука, сметам дека новиот закон треба првин да профункционира, Советот за финансирање на високото образование да изготви модел за финансирање, па потоа да ги цениме неговите предности и недостатоци и да зборуваме за реформи“.

Кога го споменуваме финансирањето, како сега се финансираат универзитетите?

Финансирањето на дејноста на универзитетите не е променето дваесеттина години и тоа е според законот и годишните програми за реализацијата на Програмата за високообразована дејност, која се врши од буџетот на Република Македонија. Меѓутоа, универзитетите се соочуваат со ограничени финансиски средства од буџетот за реализирање на наставниот процес. Навистина е тешко да се објаснат критериумите на ваквото оскудно финансирање. Не знам зошто не учиме од земјите што тоа го решиле и го прават подобро од нас. Земете ја, на пример, Европската Унија, па и другите западни земји. Таму на универзитетите им се овозможува да ги дефинираат своите развојни цели, својот развој и своите вложувања. Универзитетите потпишуваат договори со државата, со дефинирани компоненти (основна, развојна и варијабилна компонента) и точно се знае кој што треба да прави и какви обврски има. Иако во суштина финансирањето на високото образование е прашање на државна политика, сепак тоа треба да биде во корелација со одредени определби на државата, а тоа е дека ќе образоваме и развиваме високостручни кадри употребливи не само за нашата држава туку и за европскиот и светскиот пазар на трудот. Затоа, финансирањето треба да има јасни и објективни критериуми. Не е битно кој модел ќе се избере (lump-sum, per capita или сл.), но крајно време е да тргнеме од основниот принцип – дека високото образование не е потрошувачка дејност и да се пријде кон решавање на ова прашање.

На крајот, да се навратиме на науката. Каква е состојбата во научноистражувачката дејност?

Ако кажам дека научноистражувачката дејност не се финансира доволно, нема да кажам ништо ново. Финансирањето на науката е проблем што се провлекува со децении. Професорите на Универзитетот објавуваат трудови со високи импакт-фактори и во еминентни интернационални публикации. Но, за сето тоа да го направат, изворите за финансирање мора да ги бараат самите, или да се вклучат во некои истражувачки тимови со колеги надвор од земјата или, пак, да добијат некој проект од европските фондови. Професорите треба да ја насочат својата креативна и творечка енергија во истражувањето, а не во тоа како да најдат средства за истражувањето.

Проблемот, всушност, е двоен. Прво, за жал, на науката 1 недостига постојано финансирање. И, второ, без оглед на тоа дали финансирањето ќе биде  институционално или програмско, тоа треба да биде континуирано. Притоа треба да ги имаме предвид сите модели на финансирање на науката. Вреди да се размислува и за посебен национален истражувачки фонд, во кој би партиципирала државата, но и стопанството. Вакви фондови за финансирање на научноистражувачката дејност постојат во многу држави, при што интересен е податокот дека колку државата е поразвиена толку финансискиот удел на стопанството во овие фондови е поголем. Во секој случај, независно од тоа како ќе се решава финансирањето на научноистражувачката дејност, тоа треба да се прави веднаш доколку сакаме да бидеме компетититвни со нашата наука во пошироки рамки, да ја развиваме за потребите на индустријата и стопанството, а со тоа и науката да придонесе за развој на економијата на нашата држава.

Uncategorized

Часот на планетата Земја ќе се одбележи во над 190 земји

Објавено пред

Денеска ќе биде одбележан часот на планетата Земја со гаснење на светилките во траење од еден час. Милиони луѓе ширум светот во исто време симболично во своите домови ќе го исклучат осветлувањето во знак на солидарност за планетата.

dobivaj vesti na viber

Светилките ќе бидат изгаснати во периодот од 20:30 до 21:30 часот по средноевропско време.

Часот на планетата Земја е најголемата и мајмасовната светска еколошка акција, која секоја година обединува милиони луѓе ширум светот.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Британец доживеал клиничка смрт, тврди дека бил одвоен од своето тело и свесен што се случува околу него

Објавено пред

Срцето на 55-годишниот Кевин Хил одеднаш престанало да чука додека се лекувал од ретката болест калцифилакса, пишува Дејли Мејл.

dobivaj vesti na viber

55-годишникот , кој лекарите во британската болница во градот Дерби го нарекоа човек чудо, исто така кажал дека влегол во „духовен свет“ и го гледал неговото тело како се распаѓа.

„Бев одвоен од моето тело, како да сум во духовен свет. Бев свесен што се случува, но беше толку мирно“, опишал тој.

Тој исто така рекол дека можел да ги види лекарите како се обидуваат да го спасат.

“Знаев дека сум мртов. Тогаш само заспав и кога се разбудив, бев жив. Знаев дека не е моето време да умрам”, рекол тој, објави Дејли Мејл.

„Оваа ситуација ме натера да ги преиспитам своите приоритети. Семејната атмосфера драстично се промени кога излегов од болницата. Станав поотпорен.“, додаде тој.

Хил речиси целосно се опоравил, според странските медиуми.

„Мојата болка порано беше многу голема, а сега е намалена. Сите ми велат дека е чудо што сум жив“, кажал тој.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Османи на брифинг со граѓанскиот сектор за стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД

Објавено пред

Во рамките на серијата средби на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, со претставници од граѓанскиот сектор, на денешниот брифинг тој ги запозна невладините организации со значењето и придобивките од стратешкиот дијалог меѓу  Македонија и САД, лансиран во јуни минатата година во Вашингтон.

dobivaj vesti na viber

Во фокус на разговорите беа можностите за соработка со невладиниот сектор во делот на имплементацијата на планот за активности во рамките на стратешкиот дијалог, кој покрива многубројни области за соработка, како што се: борбата против корупцијата и владеењето на правото, одбрана и безбедност, трговија и инвестиции, енергетика и животна средина, но и други значајни прашања од регионален и глобален интерес.

Воедно, Османи истакна дека е предвидено споменатиот план да се имплементира од страна на разни институции во земјата во периодот од 2023 до 2033 година, при што Министерството за надворешни работи е координатор на целокупниот процес.

„Планот за активности во рамките на стратешкиот дијалог со САД содржи многубројни проекти и активности, чија реализација ќе придонесе за понатамошно поттикнување на демократските и реформските процеси, како и зајакнување на институциите, а со тоа гарантирање на целокупниот напредок на државата. Отворени сме за соработка со граѓанскиот сектор и на ова поле, што е на линија на нашата досегашна транспарентност и заложби за зајакнување на улогата на невладините организации во креирањето на надворешната политика“, заклучи Османи.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ12 часа

Французин крадел во станови во Скопје, одреден му е притвор

31-годишен французин е во притвор откако бил уапсен за кражби во три стана во скопската општина Центар. Одреден му е...

Македонија14 часа

Старо ветување, нов министер: Лога вети дека за месец ќе заврши дискриминацијата на Јанкулоска и затвореничките

Старото ветување дека дискриминацијата на Гордана Јанкулоска и затвореничките во „Идризово“ ќе биде минато, го повтори и новиот министер за...

Македонија16 часа

Во дворот со тунел во „Идризово“ шетале борци повратници, суспендирани полицајци нема – одговорност се утврдува

Постапка за утврдување одговорност кај затворските полицајци ќе има, а откога во затворот „Идризово“ беше откриен тунел што два месеца...

Македонија19 часа

Османи – Џачка: Заедно одевме рака под рака, така и ќе продолжиме – 2030 реална можност Македонија и Албанија да станат членки на ЕУ

Македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, на средба со шефицата на дипломатијата на Албанија, Олта Џачка, истакна дека биле...

Македонија19 часа

(Видео) Уште 10 чекори до можна екстрадиција на осудените за „Диво Насеље“ во Косово, Лога не кажува дали Македонија ќе дозволи

Најмалку 10 чекори ја делат кумановската група осудена за настаните во Диво Насеље до екстрадиција во Косово, каде што бараат...

Македонија19 часа

(Видео) Лазаров и Латас влегоа во судница, но се одложи рочиштето, каде што им се суди бидејќи промовирале насилство кон жени

Јутуберот Стефан Лазаров и новинарот Драган Павловиќ-Латас седнаа на обвинителна клупа поради интервјуто преку кое, според Обвинителството, се промовирало насилство...

Македонија20 часа

Ковачевски: Со заштитени идентитетски одредници сме рамноправна членка на НАТО, трасираме пат кон ЕУ

Да се биде подготвен да се брани безбедноста, значи да се чува мирот. Затоа, НАТО е меѓународна безбедносна организација и...

Економија20 часа

Директорката на ММФ со мрачни прогнози за светската економија: „Ризикот е голем, сè е на стаклени нозе“

Извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, предупреди дека глобалната економија се соочува со ризици за финансиската стабилност...

Македонија20 часа

(Видео) Ветинг на судии само со меѓународна поддршка, услови министерот Лога

Без меѓународна поддршка, министерот за правда, Кренар Лога, не планира да спроведе ветинг (проверка) во судството. Тој рече дека Македонија...

Македонија21 час

(Видео) Приведени 18 навивачи по инцидентите на натпреварот „Вардар“ – „Пелистер“ во Аеродром

Полицијата приведе 18 навивачи по инцидентите во салата „Јане Сандански“, каде што имаше дерби во Првата македонска ракометна лига меѓу...

Свет22 часа

Нуклеарната актовка е секогаш кај Путин: во Европа расте загриженоста од оружјето на рускиот претседател

Најавата на Путин дека ќе распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија предизвика загриженост во цела Европа. Оружјето што Путин го...

Европа22 часа

(Видео) Шест девојчиња загинаа во несреќа во Америка – телата пронајдени покрај превртеното возило

Шест девојчиња загинаа, а други две лица се повредени во судир на меѓудржавниот пат во Тенеси. До превртеното возило биле...

Свет23 часа

Драматична сцена во авион во САД: патник сам ја отворил вратата

Патник на американската авиокомпанија „Делта ерлајнс“ е уапсен откога сам ја отворил вратата од авионот и се спуштил на тобоганот...

Свет23 часа

Хаос на улиците во Израел: демонстрантите се упатија кон резиденцијата на Нетанјаху

Претседателот на Израел, Исак Херцог, ја повика владејачката коалиција веднаш да се откаже од законот за реформи во правосудството по...

Свет23 часа

Северна Кореја лансира нови ракети, американски носачи пристигнаа во Јужна Кореја

Северна Кореја утринава лансира две балистички ракети со краток дострел во водите во близина на источниот брег на Корејскиот Полуостров,...

Домашен1 ден

(Видео) По победата на Вардар, Чкембари испратени со специјалци и полициски возила од Аеродром

Битолската навивачка група Чкембари, со шест автобуси и едно комбе заминаа од салата „Јане Сандански“, откако Вардар го совлада Пелистер....

Македонија1 ден

Тешка сообраќајка во Чаир: Крв на улицата, еден возач однесен во болница

Тешка сообраќајка се случи вечерва во Чаир, во близина на стадионот. Во несреќата учествувале автомобил марка „фолксваген“ и моторцикл. Според...

Спорт2 дена

(Видео) Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Дербито во Првата македонска ракометна лига меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер е прекинат попладнево во Скопје поради сериозни инциденти...

Свет2 дена

(Видео) Дрон камиказа падна во близина на Москва, се сомнева дека леталото било украинско

Во областа Тула во Русија, недалеку од поширокиот московски регион, се урнало и експлодирало беспилотно летало камиказа. „Две лица се...

Регион2 дена

Вучиќ: Предупредив дека доаѓа војна, не ми кажа Путин туку сам сфатив

Српскиот претседател Александар Вучиќ зборуваше за состојбите во светот. Тој вели дека Американците создаваат „нов блок во Европа, кој значително...