Контакт

Uncategorized

Тренечвска-Диџовани: Ќе работиме заедно на обуките за јакнење на капацитетите на социјалните работници

Објавено пред

Mинистерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска оствари протоколарна средба со претставничката на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија, Патриција Диџовани. На средбата двете соговорнички отворија прашања од областа на детската и социјалната заштита, заштита на децата од насилство, инклузивноста на детските градинки. Министерката Тренчевска рече дека во наредниот период, МТСП ќе ги забрза реформите, особено во јакнење на капацитетите на социјалните работници.​

dobivaj vesti na viber

„Ќе работиме заедно на обуките за јакнење на капацитетите на социјалните работници за да можат поуспешно да ја спроведуваат активација преку која ранливите групи граѓани ќе излезат од системот на социјална заштитабидејќи. Секоја поддршка и вклученост на УНИЦЕФ како наш партнер е многу значајна. Во тој дел добредојдени ќе ни бидат и анализите, истражувањата, еваулацијата која ја прави УНИЦЕФ бидејќи тие ќе ни покажат како да одиме понатаму, односно што е она што можеме да го промениме во законите, преку правилник за принципот на работа на Центрите за социјална работа“, рече министерката Тренчевска.

Претставничката на УНИЦЕФ Патриција Диџовани посочи дека истражувањата и анализите покажуваат дека пристапот до квалитетни програми за ран детски развој и учење се битни во образовниот успех, како и за благосостојбата, вработливоста и социјалната интеграција. Таа порача дека Министерството и Владата и понатаму ќе ја имаат поддршката на УНИЦЕФ.
Теми на денешната средба, беше и процесот на деинституционализацијата, за кој министерката Тренчевска нагласи дека е особено горда, бидејќи наместо во големи и гломазни институции, децата сега се сместени во мали групни домови, во кој владее атмосфера налик на семејната.

„Ќе продолжиме со јакнење на капацитетите на тимовите кои работат во малите групни домови, се со цел кога ќе излезат од нив, лесно да се вклучат во општествениот процес. Целиот процес е навистина за почит. Исто така треба да јакне и капацитететот на воспитниот кадар за работа со децата со попреченост во детските градинки, бидејќи ниту едно дете не треба да биде оставено на страна. Со инклузивноста сите деца се заедно уште од претшколска возраст. Така кај останатите деца ја будиме емпатијата и прифаќањето на различностите. Целта ни е од мали нозе да нема стереотипи и предрасуди во текот на целиот образовен процес“, рече министерката Тренчевска.

Министерката Тренчевска посочи дека Министерството и Владата се посветени и на искоренување на сите облици на насилство врз децата и дека во нареднот период со заеднички кампањи ќе се промовира згрижувачкото семејство, како еден од најхуманите облици за згрижување на деца.
На средбата двете соговорнички разговараа и за утрешната конференција „Интеракцијата помеѓу благосостојбата на детето и академските достигнувања“.

Uncategorized

Николовски на четвртата работилница од програмата за управување со пожари на ниво на предел: Оваа програма е од особено значење за државата

Објавено пред

Денеска, се одржува четвртата работилница од осумгодишната програма за управување со пожари на ниво на предел, на која учествуваа претставници од речиси сите релевантни институции, како и приватни организации и здруженија.

dobivaj vesti na viber

Постојаното зголемување на температурата предизвика глобално затоплување на планетата и променливи временски услови, засилени, неочекувани и понекогаш екстремни климатски непогоди, кои претставуваат сериозна закана на глобално, регионално и на национално ниво. Овие промени ја зголемуваат веројатноста за интензивни пожари на ниво на предел загрозувајќи ги екосистемите, ризикот за животот на населението и пределите од кои луѓето егзистираат.

„Оваа програма е од особено значање за државата и јасно ја отсликува нашата свесност за влијанието на климатските промени и потребата да имаме национална стратегија како да управуваме со пожари на ниво на предел. Програмата за управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан веќе година и пол спроведува активности во нашата држава, каде што Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е активен партнер и е државна институција, која е одговорна за спроведување и имплементација на активностите на национално ниво со стручната и експертска поддршка обезбедена од страна на Регионалниот центар за следење шумски пожари од Скопје. Оваа програма, која е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координирана од ФАРМАХЕМ – Скопје и со советодавна поддршка на ХЕЛВЕТАС од Швајцарија, има цел преку активна работа на сите учесници да придонесе за ублажување на негативното влијание од пожарите на ниво на предел во Западен Балкан и да придонесе кон намалување на влијанието на климатските промени. Со тоа ќе се постигне зголемување на отпорноста на шумите во Западен Балкан, од кое директна корист ќе имаат локалното население, шумскииот биодиверзитет, односно целиот екосистем карактеристичен за одреден предел“, посочи министерот Николовски.

Она што ја прави оваа програма уште позначајна е тоа што таа се спроведува во седум земји од Западен Балкан и има цел да ја подобри регионалната соработка помеѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово. Балканските држави се поврзани меѓусебно за заедничко координирано управувањето со пожарите на ниво на предел. Во таа наша заедничка активност вклучени се претставници од повеќе институции, организации и здруженија, како и локалното население, што силно придонесува да се подигне јавната свест за заштита на природните ресурсии и важноста на личниот придонес на секој поединец.

Од друга страна, освен регионалната соработка, програмата предвидува и национален ангажман и посветена работа на нашата национална мрежа, која преку еден отворен и транспарентен процес изработи извештај за управување со пожарите на ниво на предел во Северна Македонија, кој денеска беше презентиран. Овој извештај како заеднички производ има цел да придонесе кон подобро разбирање на состојбата со пожарите на ниво на предел во Северна Македонија земајќи ги предвид шумите и другото шумско земјиште како главен екосистем во кој се случуваат пожарите, вклучувајќи ги и пределите, односно целокупниот пејзаж, кој е потенцијално загрозен од пожар. Извештајот јасно ги детектира слабостите на системот и дава насоки за подобрување на состојбата и изготвување национална стратегија како основа и клучен документ врз кој ќе се водат идните политики за управување и заштита на шумите и пределите од пожарите.

„Програмата е сеопфатна, пристапот е фронтален со широко учество на релевантни државни институции, но и приватни органзиации и здруженија, како и силна регионална соработка. Заедно сме во овој процес, затоа што така сме посилни, подготвени, координирани, обучени и мотивирани заедно да се бориме против влијанијата на климатските промени и потенцијалните опасности од пожар. Ова е нешто што одамна ни требаше, но никогаш не е доцна за подобрување на состојбите и затоа ми е драго што имаме ваква програма, која веќе ги дава првите резултати“, рече министерот Николовски во своето поздравно обраќање пред присутните.

Николовски упати искрена благодарност до сите учесници за активниот придонес кон напредокот на програмата за управување со пожари на ниво на предел. Како резултат на досегашната работа на националната мрежа имплементирани се принципи за управување со пожари на ниво на предел во новиот закон за шумите, кој е во владина постапка за негово усвојување, а во фаза на изработка се и три нови правилници, кои произлегуваат од него.

Програмата за управување со пожари на ниво на предел е осумгодишен проект, кој со одговорна и посветена работа и во наредните години ќе придонесе за да ја достигнеме нашата заедничка цел, а тоа е да изградиме национални екосистеми отпорни на пожари.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Москва: Бројот на повредени во нападот во „Крокус сити хол“ се зголеми на 360 лица

Објавено пред

Бројот на повредени во нападот на концертната сала „Крокус сити хол“ се искачи на 360, соопшти денеска медицинската служба.

dobivaj vesti na viber

„Со податоците од утринава, во терористичкиот напад се повредени 360 лица, меѓу кои 11 деца“, се наведува во соопштението што го пренесува „Тас“.

Вкупно 92 лица повредени во нападот се хоспитализирани, 63 веќе се отпуштени од болниците, а 205 се на амбулантско лекување, додаде здравствениот претставник.

Исламската држава ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во петокот вечерта во „Крокус сити хол“, во предградието на Москва, во кој загинаа најмалку 139 лица.

За нападот се уапсени 11 осомничени, меѓу кои и четворица вооружени напаѓачи, кои биле приведени во областа Брјанск, југозападно од Москва, додека се обидувале, како што тврдат руските власти, да побараат засолниште преминувајќи ја блиската украинска граница, пренесува „Танјуг“.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Уапсена 60-годишна скопјанка: нападнала 33-годишен маж, а подоцна и полицаец

Објавено пред

Синоќа, во 23.20 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ја лишиле од слобода В. Ј. (60) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Таа, претходно, на улицата Трајче Стрезоски во Кичево, физички го нападнала Ф. С. (33) од Скопје и ја оштетила неговата службена опрема, а потоа во службените простории на ОВР Кичево, каде што била повикана на разговор, физички го нападнала полицискиот службеник и го уништила изготвениот службен материјал.

По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија27 минути

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија2 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија4 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија5 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија6 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ7 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија7 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија7 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија10 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет11 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет11 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија11 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион11 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет11 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет12 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија1 ден

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија1 ден

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија1 ден

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија1 ден

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...