Uncategorized
Уапсен извршниот директор на Фолксваген

Припадниците на ФБИ го уапсија извршниот директор на Фолксваген Оливер Смит заради измама во време на скандалот со лажирањето на тестовите на емисиите на штетни гасови.
Како што пишува New York Times, Смит беше на чело на канцеларијата на Фолксваген за регулаторната усогласеност во САД од 2014 година до март 2015 година.
Весникот наведува дека против Смит обвинение ќе биде поднесено во понеделник во Детроит, по апсењето овој викенд.
Со тоа кривичната истрага се префрла во „извршните кругови“.
Фолксваген во септември 2015 година се најде среде јавен скандал кога американската Агенција за заштита на човековата околина ја обвини германската компанија дека користи софтвер за да ги фалсификува резултатите од тестовите на емисиите на штетни гасови за автомобилите со дизел мотори.
Фолксваген призна дека во 11 милиони возила е вграден спорниот софтвер. /крај/он/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Часот на планетата Земја ќе се одбележи во над 190 земји

Денеска ќе биде одбележан часот на планетата Земја со гаснење на светилките во траење од еден час. Милиони луѓе ширум светот во исто време симболично во своите домови ќе го исклучат осветлувањето во знак на солидарност за планетата.
Светилките ќе бидат изгаснати во периодот од 20:30 до 21:30 часот по средноевропско време.
Часот на планетата Земја е најголемата и мајмасовната светска еколошка акција, која секоја година обединува милиони луѓе ширум светот.
Uncategorized
Британец доживеал клиничка смрт, тврди дека бил одвоен од своето тело и свесен што се случува околу него

Срцето на 55-годишниот Кевин Хил одеднаш престанало да чука додека се лекувал од ретката болест калцифилакса, пишува Дејли Мејл.
55-годишникот , кој лекарите во британската болница во градот Дерби го нарекоа човек чудо, исто така кажал дека влегол во „духовен свет“ и го гледал неговото тело како се распаѓа.
„Бев одвоен од моето тело, како да сум во духовен свет. Бев свесен што се случува, но беше толку мирно“, опишал тој.
Тој исто така рекол дека можел да ги види лекарите како се обидуваат да го спасат.
“Знаев дека сум мртов. Тогаш само заспав и кога се разбудив, бев жив. Знаев дека не е моето време да умрам”, рекол тој, објави Дејли Мејл.
„Оваа ситуација ме натера да ги преиспитам своите приоритети. Семејната атмосфера драстично се промени кога излегов од болницата. Станав поотпорен.“, додаде тој.
Хил речиси целосно се опоравил, според странските медиуми.
„Мојата болка порано беше многу голема, а сега е намалена. Сите ми велат дека е чудо што сум жив“, кажал тој.
Uncategorized
Османи на брифинг со граѓанскиот сектор за стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД

Во рамките на серијата средби на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, со претставници од граѓанскиот сектор, на денешниот брифинг тој ги запозна невладините организации со значењето и придобивките од стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД, лансиран во јуни минатата година во Вашингтон.
Во фокус на разговорите беа можностите за соработка со невладиниот сектор во делот на имплементацијата на планот за активности во рамките на стратешкиот дијалог, кој покрива многубројни области за соработка, како што се: борбата против корупцијата и владеењето на правото, одбрана и безбедност, трговија и инвестиции, енергетика и животна средина, но и други значајни прашања од регионален и глобален интерес.
Воедно, Османи истакна дека е предвидено споменатиот план да се имплементира од страна на разни институции во земјата во периодот од 2023 до 2033 година, при што Министерството за надворешни работи е координатор на целокупниот процес.
„Планот за активности во рамките на стратешкиот дијалог со САД содржи многубројни проекти и активности, чија реализација ќе придонесе за понатамошно поттикнување на демократските и реформските процеси, како и зајакнување на институциите, а со тоа гарантирање на целокупниот напредок на државата. Отворени сме за соработка со граѓанскиот сектор и на ова поле, што е на линија на нашата досегашна транспарентност и заложби за зајакнување на улогата на невладините организации во креирањето на надворешната политика“, заклучи Османи.