Контакт

Македонија

(Видео) Судењето за „Монструм“ одложено, Фетаи реагира за отсуството на еден од обвинетите

Објавено пред

Случајот „Монструм“ е одложен за 15 мај поради отсуство на обвинетиот Фејзи Азири, кој според одбраната бил хоспитализиран на пулмологија. На ова реагира обвинителката Фатиме Фетаи велејќи дека е несериозно отсуство на обвинет да се правда само со еден документ. Ова беше прво рочиште откако СЈО го презеде случајот за петкратното убиство кај Смилковското Езеро.

На 19 февруари оваа година обвинетите добија доживотни казни затвор за потоа Врховниот суд да утврди серија пропусти во водењето на постапките и да ги укине пресудите. По оваа одлука, предметот е вратен на судење од почеток. Највисокиот суд ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост, односно да не смеат да го напуштат градот во кој живеат, а имаат и обврска двапати неделно да се јават во Основниот суд Скопје 1. Меѓународните потерници за Алил Демири и Африм Исмаиловиќ сè уште се активни, иако тие со години се на Косово.  Тамошните власти го одбија барањето за екстрадиција бидејќи тврдеа дека не биле доставени доволно докази што укажуваат на нивна вмешаност во случајот.

На 12 април 2012 година покрај езерото, кај селото Смилковци, рибари ги пронајдоа телата на четирите момчиња Александар Наќевски, Киро Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацевски и 45-годишниот Борче Стефковски.

„Монструм“ доби нов тек кога лидерот на СДСМ и сегашен премиер, Зоран Заев, најави бомби, односно прислушувани разговори што ќе го расветлат случајот. Родителите и роднините на убиените сè уште очекуваат да ги слушнат разговорите, а тие се во СЈО, каде што се води постапка.

Македонија

Лила Филиповска ќе сведочи за „Рекет“

Објавено пред

Предметот „Рекет”, против обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева, денеска ќе продолжи со испрашување на четворица нови сведоци на Јавното обвинителство за организиран криминал. Водителката и блиска пријателка на Боки 13, Лила Филиповска е повикана да сведочи на утрешното рочиште за случајот „Рекет“

Според најавата, за денеска се предвидени да сведочат и Сања Димовска, Агапи Дика и Весна Костовска.

Досега како сведоци исказ дадоа поранешните обвинители од СЈО, Елизабета Јосифовска, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми, бизнисменот Јордан Камчев, неговата сопруга Ана Камчева, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинарот Христијан Баневски од 1ТВ и други.

Судењето за „Рекет” пред Кривичниот суд го води судијката Васка Николовска-Масевска, додека обвинението го застапува обвинителката Вилма Рускоска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи на средба со главниот државен ревизор во пресрет на изборите

Објавено пред

Делегација на Секретаријатот за европски прашања, предводена од заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи ќе остварат работна средба со претставници на Државниот завод за ревизија предводени од Главниот државен ревизор, Максим Ацевски.

Средбата е дел од серијата институционални посети на вицепремиерот Османи на институциите задолжени за спроведување на изборите, а со цел – остварување на обврската за фер, слободни и компетитивни избори како дел од европската агенда на државата.
Средбата ќе се одржи во просториите на ДЗР во 12 часот, по што со почеток во 12:45 часот, Османи и главниот државен ревизор Ацевски ќе имаат заеднички изјави за медиумите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Облачно и дождливо со температура до 15 степени

Објавено пред

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Во ноќните часови врнежите ќе преминат во снег и во некои повисоки места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, кој во западните делови повремено ќе се засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет28 минути

Турција го отфрли планот на Трамп: Ова е кражба на палестинската земја

Турција го отфрли мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток како обид за анексија на палестинска земја....

Регион36 минути

Сасоли:Регионот и ЕУ имаат заедничка судбина, итно е потребен нов поттик за проширување

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли по средбата со спикерите на парламентите од западниот Балкан повика на нов поттик за...

Регион59 минути

Србија ќе забрани увоз на автомобили со Евро 3-мотори

Во Србија се подготвува забрана за увоз на стари автомобили со Евро 3-мотори, која може да стапи во сила во...

Економија1 час

Без работа 3,5 милиони Руси

Во декември во Русија имало имало речиси 3,5 милиони невработени. Тоа е 4,6 проценти од економски активната популација, покажуваат прелиминарните...

Македонија12 часа

Земјотрес со јачина од 4,5 степени почувствуван во земјата

Земјотрес со јачина од 4,5 степени вечерва беше почувствуван во земјата и регионот. Епицентарот, како што јавуваат медиумите од регионот,...

Македонија14 часа

(Видео) Јовески: Потребно ни е силно, професионално и одговорно обвинителство

Државниот јавниот обвинител, Љубомир Јовески, смета дека треба да има силно, професионално и одговорно обвинителство, да не се задоволуваат дневнополитички...

Македонија14 часа

Владата бара од инспекторите да извршат увид на градбите во Охрид и Струга

Владата на денешната седница го задолжи Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам да изврши надзор над изградбата на градби од...

Македонија15 часа

Жбогар: Да продолжат реформите, законот за Јавното обвинителство да се донесе пред да се распушти Собранието

Евроамбасадорот Самуел Жбогар порача дека земјава треба да продолжи со реформите во клучните области и дека новиот закон за Јавното...

Спорт16 часа

За 24 часа милион ипол луѓе се потпишаа Коби да е на новото лого на НБА

Повеќе од 1.5 милиони луѓе за помалку од 24 часа се потпишаа на он-лајн петицијата силуетата на Коби Брајант да...

Македонија16 часа

„Анима мунди“: Ужас на скопските улици, се превезува распнат коњ

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ објави вознемирувачка фотографија на распнат коњ како со камион го превезуваат на скопските...

Македонија17 часа

Откриени креаторите на „Јавна соба“, МВР ќе ги достави доказите до Обвинителството

Министерство за внатрешни работи, сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика, во координација со СВР Скопје изврши идентификација на сопственикот...

Македонија18 часа

Вештак во судењето за Ласкарци: Човечкиот фактор пресуден за несреќата

Првата реакција и обидот за сопирање кај возачот настанала во првата секунда, кога ја кренал ногата за гас и ја...

Македонија20 часа

(Видео) Чулев: Спасовски последниот ден делел решенија и во 12 навечер

Само во последните две години МВР потрошило над 4 милиони евра за судски постапки од вработени кои тужеле главно за...

Македонија20 часа

Филипче: Состојбата е под контрола, нема причина за паника за коронавирус во нашата држава

Состојбата е целосно под контрола, во овој момент нема ниту една причина за некаков ризик или паника за коронавирус во...

Македонија22 часа

Рустеми: Јанева бараше да се утврди штетата во „Поштенска банка“ и да се затвори истрагата

Обвинителот Бурим Рустеми од поранешното СЈО сведочеше денеска пред судот за случајот „Рекет“ каде обвинети се Бојан Јовановски и ексшефицата...

Топ22 часа

Се судрија автобус и автомобил на автопатот Куманово-Табановце, дваесетина луѓе повредени

Дваесет и едно лице се тешко повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце, помеѓу...

Култура22 часа

Тимот на „Медена земја“ на настан пред „оскарите“ во друштво со големите холивудски ѕвезди

Тимот на „Медена земја“ беше дел од настан во театарот „Долби“ во Холивуд организиран од американската Академија за филмски уметности и...

Свет23 часа

Откриено што се случувало во хеликоптерот на Брајант во последните моменти пред несреќата

Кошаркарската легенда Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во неделата наутро по локално време откако леталото во кое беше ѕвездата...

Свет1 ден

Трамп денеска ќе го објави мировниот план за Блискиот Исток

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека денеска ќе го претстави мировниот план за Блискиот Исток, кој претходно го најави како...

Свет1 ден

Во Германија потврден прв случај на коронавирусот

Во Германија е потврден прв случај на смртоносниот коронавирус, кој се појави во Кина и се прошири и во други...

Досие