Контакт

Македонија

(Видео) Костадинов: Мицкоски нема поддршка ниту од оние пратеници кои останаа да бидат дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Сите пратеници да се издигнат над партиските интереси за конечно Македонија да биде дел од ЕУ и НАТО. Антизападниот Мицкоски се приклучи на протестите против НАТО и ЕУ на Јанко Бачев, и со тоа се докажуваат кој е поголем противник на македонската интеграција во НАТО и ЕУ, изјави денеска пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Мицкоски работи против членството во НАТО и ЕУ, против врвните национални и државни интереси. Станува збор за два различни концепти. Од една страна се Мицкоски, Бачев и раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои сакаат Македонија да биде блокирана, да нема иднината, да не биде дел од НАТО и ЕУ. Ние, и мнозинството граѓани, сакаме Македонија да оди напред, да биде во ЕУ и НАТО“, изјави Костадинов.

Портпаролот на СДСМ додава „нивната антизападна агенда не поминува и тоа јасно се гледа преку слабата поддршка на антизападните протести овде, пред Собранието. Немаат поддршка дури ниту од оние пратеници кои останаа да бидат дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ“.

Костадинов посочи дека граѓаните и пратениците знаат дека Македонија нема алтернатива освен членство во ЕУ и НАТО преку прифаќање на договорот од Преспа.

Македонија

Заев во Тетово: Владата заседава во 10 региони за одблиску да го слушне гласот на граѓаните

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред одржувањето на редовната 165. седница на Владата во Тетово, истакна дека организацијата на серијата од 10 седници во десет региони, има за цел да биде слушнат гласот на граѓаните за да бидат утврдени нивните потреби и во тоа име да се креираат приоритетите на политиките.

„Владата вечерва во полн состав, својата редовна 165 седница ќе ја одржи во зградата на Општина Тетово. Ова е втората, од утврдените седници што во наредниот период, еднаш месечно, ќе се одржуваат во десет различни региони во државата“, објасни Заев.

На седницата како гости учествуваат и градоначалниците од регионот, поточно од општините Тетово, Гостивар, Јегуновце, Врапчиште, Боговиње, Брвеница, Теарце и Желино.

„Ги поканивме градоначалниците за овие општини за да ги добиеме информациите од интерес на граѓаните од нивните заедници од прва рака и согласно тоа да ги димензионираме нашите идни политики и одлуките за проекти кои може да се реализираат заедно со централната власт“, посочи премиерот и додаде дека во текот на денот, во пресрет на седницата, министрите имале повеќе теренски активности со цел одблиску да се запознаат со проблемите и идеите на граѓаните од овој регион.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Спасовски изврши увид во работата на граничниот премин Јажинце и СВР Тетово

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска ги посети граничниот премин Јажинце и Секторот за внатрешни работи Тетово, а оствари и работна средба со градоначалникот на општина Брвеница, Енвер Пајазити, како и со нејзините жители.

Како што информираат од ресорното министерство, при посетата на Полициската станица за гранични работи Јажинце и во СВР Тетово, министерот Спасовски бил запознат со актуелните состојби, за обемот и квалитетот на работа, но и за постигнувањата и очекуваните резултати.

„Министерот беше информиран дека ГП Јажинце месечно го минуваат меѓу 5.000 до 7.000 домашни и странски патници, а годинава таа бројка, заклучно со октомври, изнесува вкупно 577.856 лица кои го минале овој граничен премин, што говори за релативно зголемен проток на луѓе и стоки надвор и во нашата држава“, се истакнува во соопштението за посетата.

На Спасовски му биле презентирани и состојбите во разни области од криминалитетот.

„Процентот на откривање на кривичните дела изнесува 71 во однос на вкупниот број евидентирани кривични дела, за период од почетокот на годинава, заклучно со крајот на месец октомври, што претставува респектабилна бројка, споредбено со истиот период лани. Од вкупно евидентираните 1.564 кривични дела, за 1.070 сторители се поднесени соодветни пријави“, истакнале на средбата одговорните лица.

Министерот, пак, ги нагласил напорите што актуелното раководство ги прави во сферата на подобрување на материјално-техничките и социјални услови за работа на полицајците.

Прикажи повеќе...

Македонија

Арменд Арслани од ДУИ e нов заменик-министер за здравство

Објавено пред

Со 62 гласа „за“ и 17 „против“, Собранието го назначи Арменд Арслани од ДУИ за нов заменик-министер за здравство.

Арслани е специјализант по урологија на Медицинскиот факултет при УКИМ, а претходно работел како доктор по општа медина во Специјализираната болница за нефрологија во Струга.

На функцијата доаѓа на местото на Асим Муса, кој поднесе оставка по скандалот со земање мито.

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека не треба нов заменик-министер за здравство, туку нов министер за здравство.

Според нив, работата на Венко Филипче е скандалозна и на сите анкети граѓаните се незадоволни од тоа што тој го има направено.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија34 минути

Заев во Тетово: Владата заседава во 10 региони за одблиску да го слушне гласот на граѓаните

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред одржувањето на редовната 165. седница на Владата во Тетово, истакна дека организацијата...

Регион55 минути

Рама: Приштина ја загрозува надворешната политика на Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека политичарите во Приштина, спротивставувајќи се на заедничката иницијатива за создавање на балканскиот мини шенген,...

Регион4 часа

Црна Гора не го прифаќа предлогот за мини шенген

Министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ, во понеделникот рече дека приклучувањето кон иницијативата мини шенген за балканските држави...

Европа4 часа

Зелено светло за 13 нови одбранбени проекти на ЕУ

Владите на ЕУ дадоа зелено светло за 13 нови одбранбени проекти насочени кон развој на поголема воена моќ независна од...

Македонија7 часа

Холандија го ратификува протоколот за НАТО

Холандскиот сенат попладнево го ратификува протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, соопшти министерот за надворешни работи, Никола Димитров....

Економија7 часа

(Видео) За борба против аерозагадувањето предвидени 1,6 милион евра во буџетот за 2020

Растот на платите и пензиите, растот на вработеноста, намалувањето на невработеноста и големата социјална заштита на ранливите категории в година...

Македонија7 часа

(Видео) Пендаровски: Макрон ми кажа дека никогаш немал намера да ни нуди алтернатива

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Париз оствари средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон. На средбата беа разменети мислења за...

Македонија9 часа

Ешерихија коли пронајдена во повеќе бунари, извори и чешми во Скопско

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје известуваат дека е пронајдена ешерихија коли и други бактерии во повеќе бунари,...

Топ11 час

Загина пешак на патот Крива Паланка – Куманово

Шеесет и седумгодишен маж од кривопаланечкото село Градец почина кога вчера во него удри автомобил на магистралниот пат Крива Паланка...

Македонија11 час

Владата ги повлече најавените измени на Законот за јавните собири

Владата ги повлекува предлог-измените на Законот за јавните собири. Од владината прес-служба информираат дека ги слушнале забелешките на граѓанските организации за...

Македонија12 часа

Таткото на Боки 13 призна дека го тепал попот, пресуда в понеделник

Обвинетиот Миле Јовановски, татко на неформалниот сопственик на „1ТВ“, Бојан Јовановски, утрово во судот призна дека е виновен оти го...

Регион12 часа

Ердоган со нова закана: Ќе ви испратам терористи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја предупреди ЕУ дека неговата држава би можела да ги ослободи припадниците на Исламска држава...

Македонија13 часа

Собранието ќе избира заменик-министер за здравство

На денешната седница во Собранието треба да биде избран нов заменик-министер за здравство. Владата го предлага Арменд Арслани, кој е...

Свет13 часа

Џими Картер хоспитализиран поради крвавење во мозокот

Поранешниот американски претседател Џими Картер е хоспитализиран во Атланта заради крвавење во мозокот, што го предизвикало и неговото скорешно паѓање....

Регион14 часа

Во Црна Гора се појави ретка болест којашто ја пренесуваат животните

Во Црна Гора се појави ретка болест којашто ја пренесуваат животните. Паразитското заболување лајшманиоза коешто го пренесуваат комарците, се појави...

Македонија1 ден

Макрон го пречека Пендаровски во Париз

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, го пречека македонскиот претседател Стево Пендаровски во Париз. „Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата...

Свет1 ден

(Видео) Грета Тунберг има двојничка во Русија која сака да ја исчисти планетата

Говорот на активистката Грета Тунберг (16) за климатските проблеми наиде на силен одѕив во светот. Два месеца по нејзиниот говор...

Македонија1 ден

(Видео) Постигнат е договор за зголемување на платите на здравствените работнии

Постигнат е договор за зголемување на платите на здравствените работници и соработници, почнувајќи од февруари в година. Платите на лекарите...

Економија1 ден

Горивата поскапуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија1 ден

Забрана за работење на компанијата што го загадуваше воздухот во Кочани

Државниот инспекторат за животна средина го забрани работењето на компанијата што учествуваше во загадувањето на воздухот во Кочани. Инспекторатот на...

Досие