Контакт

Uncategorized

Донација за средното уметничко училиште во Скопје

Објавено пред

Во среда, 25 март, во просториите на Државното средно училиште за применета уметност „Лазар Личеновски“ во Скопје, ќе му биде дониран сликарски материјал во вредност од 300 илјади денари

dobivaj vesti na viber

Средствата за оваа донација беа обезбедени на хуманитарниот настан што го организираше „Касвер – Ц“ во партнерство со Националната галерија на Македонија и ДСУ „Лазар Личеновски“, а под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија. Овој настан се одвиваше под мотото „Од големите уметници за малите уметници“. На самиот настан 10 ученици од ДСУ „Лазар Личеновски“ сликаа ликовни дела, а 10 еминентни македонски уметници даруваа свои дела и се дружеа со своите помлади колеги. Ликовни дела донираа: Владимир Георгиевски, Коле Манев, Наташа Милованчев, Гоце Божурски, Антони Мазневски, Константин Качев, Милош Коџоман, Никола Иванов Балтон, Анка Данаиловска и Милан Андов. Втората фаза од овој настан продолжи со тоа што насликаните дела од учениците беа изложени во Националната галерија на Македонија, а изложбата заврши со лицитација на која беа продадени сите дела. Сумата која што беше собрана од нивната продажба – 150 илјади денари „Касвер – Ц“ ДООЕЛ, заедно со својот партнер „РОЈАЛ ТАЛЕНС“ од Холандија, ја удвостручи и истата се употреби за набавка на најквалитетни сликарски материјали за учениците од „Лазар Личеновски“.

Uncategorized

Москва: Бројот на повредени во нападот во „Крокус сити хол“ се зголеми на 360 лица

Објавено пред

Бројот на повредени во нападот на концертната сала „Крокус сити хол“ се искачи на 360, соопшти денеска медицинската служба.

dobivaj vesti na viber

„Со податоците од утринава, во терористичкиот напад се повредени 360 лица, меѓу кои 11 деца“, се наведува во соопштението што го пренесува „Тас“.

Вкупно 92 лица повредени во нападот се хоспитализирани, 63 веќе се отпуштени од болниците, а 205 се на амбулантско лекување, додаде здравствениот претставник.

Исламската држава ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во петокот вечерта во „Крокус сити хол“, во предградието на Москва, во кој загинаа најмалку 139 лица.

За нападот се уапсени 11 осомничени, меѓу кои и четворица вооружени напаѓачи, кои биле приведени во областа Брјанск, југозападно од Москва, додека се обидувале, како што тврдат руските власти, да побараат засолниште преминувајќи ја блиската украинска граница, пренесува „Танјуг“.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Уапсена 60-годишна скопјанка: нападнала 33-годишен маж, а подоцна и полицаец

Објавено пред

Синоќа, во 23.20 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ја лишиле од слобода В. Ј. (60) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Таа, претходно, на улицата Трајче Стрезоски во Кичево, физички го нападнала Ф. С. (33) од Скопје и ја оштетила неговата службена опрема, а потоа во службените простории на ОВР Кичево, каде што била повикана на разговор, физички го нападнала полицискиот службеник и го уништила изготвениот службен материјал.

По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Повреден мотоциклист од Пехчево, пренесен во комплексот клиники во Скопје

Објавено пред

Вчера во 18.05 часот во Полициското одделение Пехчево било пријавено дека на место викано „Елата“ во атар на Пехчево, 31-годишниот Д.Ц. од Пехчево, управувајќи мотоцикл, паднал на патот, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

„Во несреќата, со повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош“, соопшти МВР.

Извршен бил увид.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет3 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет3 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија3 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион3 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет3 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет3 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија18 часа

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија19 часа

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија21 час

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија22 часа

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...

Македонија22 часа

„Вреди“: Албанците нема да му простат на Бујар Османи за случајот Монструм

Претходно кога објаснувавме кој е Бујар Османи, дојде време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што...

Македонија1 ден

Мицкоски: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз...

Свет1 ден

Бајден: Да ja ​​заштитиме Украина од месарот Путин

Американскиот претседател Џозеф Бајден уште еднаш го навреди рускиот претседател Владимир Путин говорејќи пред гласачите во американската сојузна држава Северна...

Регион1 ден

Вучиќ: Следуваат тешки денови за Србија, не ми е лесно да кажам какви вести добивме

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека пред Србија претстојат тешки денови, пренесува „Нова.рс“. Вучиќ најави дека во наредните денови...

Македонија1 ден

СДСМ: Скопје е запустен град, граѓаните се изневерени, ДПМНЕ нема план за иднината

Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје. Откако ги изневерија граѓаните на Скопје,...

Регион1 ден

Трае потрагата по исчезнатото двегодишно девојче во Србија

Трае потрагата по двегодишното девојче, кое исчезна вчера околу 13.45 часот во приградската населба Бањско Поле, недалеку од Бор во...

Свет1 ден

Израел во текот на ноќта жестоко го бомбардира јужниот дел на Газа: „Луѓето умираат само за да добијат конзерва туна“

Израел во текот на ноќта интензивно го бомбардираше јужниот дел на Појасот Газа, и покрај меѓународниот притисок за итен прекин...

Свет1 ден

„Не веруваме дека ќе ги пронајдеме живи“: Запрена потрагата по исчезнатите лица по уривањето на мостот во Балтимор

Спасувачките екипи ја прекинаа потрагата по шест лица исчезнати по уривањето на мостот во Балтимор, бидејќи се претпоставува дека се...

Македонија1 ден

Османи со дипломатскиот кор за четвртата годишнина од членството на Македонија во НАТО

Со цел одбележување на 4-та годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска...