Контакт

Uncategorized

Бејрут – светски град на книгата

Објавено пред

УНЕСКО го прогласи главниот град на Либан за светска престолнина на книгата за 2009 година, во име на културната различност и толеранција

dobivaj vesti na viber

Минатата сабота во Бејрут се покренаа голем број на манифестации и ралични културни активности. Официјалниот почеток го прогласи генералниот директор на УНЕСКО, Коичиро Мацура, кој најави дека се‘ до наредниот април Бејрут ќе биде центар на сите светски настани поврзани со културата на книгите и читањето, од издаваштво до поттикнување на луѓето да читаат, со посебно внимание кон младите. „Бејрут е избран за светска престолнина на книгата поради тоа што самиот град ги поттикнува своите граѓани на културна разноликост, дијалог и толеранција“, истакна Мацура.Современата книжевна сцена на на Блискиот Исток е се‘ уште во зародиш, со големо влијание на арапскиот роман. Романот како книжевна форма станува легитимен неодамна. Пред само 7 години станува популарен, откако во 2002 година Ала ал-Асвани го објави „Јакубианска градба“, роман кој ја опишува политичката корупција во Египет. Овој роман како да сруши еден ѕид и поради неговиот огромен успех доаѓа до популаризација на теми кои дотогаш се сметаа за табу, како сексуалноста и религијата.Либанското министерство за култура назначи три глави цели на овој проеkт – популаризација на книжевност за младата популација; промовирање на културата на читање и отворање на либанската и арпската култура во светот, како и запознавање на граѓаните со останатите светски култури, со што би се овозможило многубројни гостувања на писатели, уметници, интелектуалци од целиот свет.

Uncategorized

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Објавено пред

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци незаконски добивале пари од државата оти не го исполнувале условот да немаат регистрирано возило на свое име. Техничкиот министер за труд, Ѓоко Велковски, денес извести дека со незаконските исплати овие лица го оштетиле буџетот на Министерството за над 2,5 милиона евра.

dobivaj vesti na viber

„Констатирани се 1.134 незаконски исплати на социјална помош, која траела од јуни 2022 година до моментот кога го објавивме скандалот за што буџетот на Министерството е оштетен за 155.038.530 денари или над 2,5 милиона евра. Во моментот изготвени и донесени се 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална сигурност со забрана за користење на правото во наредните 12 месеци. Граѓаните имаат право на редовен правен лек до второстепените органи, па дури потоа центрите за социјална работа ќе склучат спогодби за враќање на неосновано примените парични средства“, рече техничкиот министер Велковски.

Во ковид-кризата беа олеснети условите за користење на социјалните права од аспект на поседување и користење моторно возило и во системот влегле сите возила постари од пет години. Но, по завршувањето на кризата, во системот останале таквите лица и продолжиле да добиваат помош иако не го исполнуваат условот да немаат возило.

„Ковид-кризата завршува на 30.6 2022 година, но ништо не се презело за преиспитување на предметите на корисниците што поседуваат регистрирано моторно возило и тие останале во системот за социјална заштита и ги користеле правата. Некои директори на центрите за социјална работа самоиницијативно вршеле проверка и правеле прекини во изминатиот период додека тоа не бил случај кај другите“, рече техничкиот министер Велковски.

Техничкиот министер најави дека истражните органи ќе утврдуваат чија е вината за незаконската исплата на социјална помош оти тој, како што нагласи, не бил ниту истражител ниту обвинител, туку имал обврска да ја сопре незаконската исплата на државни пари. Тој за милионската проневера со социјалната помош ја извести јавноста пред еден месец кога најави вонредни надзори во сите центри за социјална заштита во државата.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Николовски: Рекордни 100 денари за килограм субвенција за прва класа предаден тутун исплатени кон 14.300 тутунари

Објавено пред

Денеска на сметките на околу 14.300 тутунопроизводители, исплатени се субвенциите за реколтата 2023 во вкупна вредност од близу 1.5 милијарди денари и тоа за двете мерки, основни и дополнителни директни плаќања или народски кажано субвенции, за договорен и продаден ориентален ароматичен тутун. Ова е досега најголема исплата за поддршка на производителите на тутун, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

dobivaj vesti na viber

Минатогодишната реколта тежеше 14.763 тони, а целата количина беше навремено откупена до последниот лист. Тутнот од реколтата 2023 постигна рекорна откупна, од 365 денари по килограм за целокупната количина предаден тутун. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата на двете мерки, основни и дополнителни директни плаќања, за договорен и продаден ориентален ароматичен тутун. Оваа реколта субвенцијата за тутун е зголемена за 20 денари за сите три класи на тутун, па така субвенцијата за прва класа предаден тутун, за прв пат до сега, постигна вредност од 100 денари по килограм.

„Ова се рекордни бројки и треба да бидат рекордни! Ние ќе продолжиме да правиме се што можеме за уште посилна поддршка на тутунопроизводството, затоа што тоа е култура која се произведува со многу мака, со вклученост на целото семејството, процес кој долго трае, се произведува на отворено и многу зависи од климатските фактори, што значи дека секогаш постои ризик за ова производство, а на многу семејства ова им е единствениот приход. Затоа и велиме дека тутунот е најмачната работа и треба да биде добро платен“, изјави министерот Николовски.

Македонија има најквалитетен тутун во регионот, а од тутунот државата годишно остварува околу 120 милиони евра девизен прилив и како сектор вработува околу 20 илјади семејства.

„Сето ова, нам ни дава јасен правец, дека треба се повеќе да вложуваме за развој на тутунопроизводството. Ние тоа го правевеме и до сега, а така ќе биде и во иднина. Ги укинавме белите картончиња за откуп, ја укинавме субвенцијата од само 60 денари по килограм за сите класи и креиравме нов модел на скалесто субвенционирање по класи и тоа 80 денари за прва, 70 за втора и 60 за трета, а од оваа година сите ги зголемивме за плус 20 денари, па денес имаме 100 денари субвенција за килограм тутун од прва класа“, изјави министерот Николовски.

Покрај добрата откупна цена, која ја вреднува маката на тутунарите, како министерство креираме и конкретни мерки, што обезбедуваат сигурност на тутунарите и стабилен развој на тутунопроизводството.

Од оваа година, тутнарите добиваат нова мерка, основна субвенција по пријавена површина тутун, од 6.000 денари по пријавен хектар. Преку оваа нова мерка тутунарите се стекнуваат и со право на мерката зелена нафта, со поддршка од 2.000 денари по хектар.

Министерот Николовски истакна дека бројките за тутунот се највисоки до сега, упатувајќи благодарност до сите тутунопроизводители, нагласувајќи дека ова е заеднички успех на министерството и тутунарите.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Трипуновски: Заради неспособноста на власта зелката во струмичкиот регион се откупува за 15 денари по килограм што е далеку под производната цена

Објавено пред

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство  е во работна посета на Василево каде што оствари повеќе средби со земјоделците од струмичкиот регион.

dobivaj vesti na viber

Во моментов зелката се откупува за 15 денари што е далеку под производната цена. Целта на мојата посета е падот на откупната цена на зелката, иако на почетокот стартуваше со 30тина денари за килограм, денеска откупната цена се движи околу 15 денари, што е далеку под производната цена. – изјави Трипуновски.

Според информациите до коишто дојдовме откупот е некаде на половина, односно останат е неоткупен голем дел од произведената зелка. Барем во овие последни денови Министерот Николовски и Владата во заминување не треба да ги остават македонските земјоделци, да најдат начин, да седнат со откупувачите, да договорат цена којашто е прифатлива за земјоделците. Тоа земјоделците го заслужуваат. – дополни Трипуновски и додаде:

Сведоци сме на постојани вакви ситуации изминативе години кога земјоделците своите производи ги продаваат далеку под производната цена. Апелирам уште веднаш во текот на утрешниот ден МЗШВ и откупувачите да седнат и да направат стратегија како понатаму ќе се движи откупот на зелка. Доколку не се способни, доколку не сакаат, доколку се незаинтересирани барем нека не остават нас да покажеме како навистина се води земјоделска политика. ВМРО-ДПМНЕ има конкретен план, визија и стратегија како во иднина да нема вакви проблеми за македонските земјоделци. – заврши Трипуновски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

„Немам партиска книшка, само крводарителска“ – за приватните специјализанти деградирачка е изјавата на Демири за политичка позадина на штрајкот

Штрајкот на приватните специјализанти продолжи и денес и како што најавуваат ќе трае додека не бидат на писмено од Владата...

Свет47 минути

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Се’ повеќе високи ирански претставници ги предупредуваат и Израел и Западот за последиците од можната израелска одмазда. Така, иранскиот воен...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија2 часа

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, незадоволни се од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...

Регион2 часа

Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да...

Свет3 часа

Полицијата нападот во црквата во Сиднеј го окарактеризира како терористички чин, напаѓачот е уапсен

Австралиската полиција го прогласи прободувањето со нож во црква во Сиднеј за верски мотивиран „терористички чин“. Момче (15) е уапсено...

Свет3 часа

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Иранскиот напад врз Израел го отвори патот за нова ескалација на Блискиот Исток. Директен конфликт меѓу овие две земји ќе...

Регион3 часа

Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот бил на Крит на...

Македонија13 часа

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија13 часа

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија20 часа

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија21 час

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија21 час

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија22 часа

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија23 часа

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized23 часа

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...

Топ23 часа

На автопатот Скопје – Велес мотоциклист излетал од патот и починал од повредите

Вчера, во 12 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, во близина на тунелот „Бадар“,...

Македонија1 ден

Си плаќаме приватно за да се лекуваме оти не сме здравствено осигурени, велат приватните специјализанти, кои излегоа на штрајк

Над 400 приватни специјализанти утрово излегоа на генерален штрајк барајќи покачување на платите и здравствено осигурање. Тие истакнаа дека надоместокот...

Свет1 ден

Израел: Иран почна војна, сите опции се на маса

Иран покрена војна против Израел кога лансираше беспилотни летала и проектили, мораме да ги одвратиме, изјави за „Скај њуз“ портпаролката...

Свет1 ден

Израелската армија објави фотографии од штетите од иранските напади

Околу 99 отсто од ракетите, беспилотните летала и крстаречките ракети лансирани за време на одмаздничката операција на Иран биле соборени...