Uncategorized
Југоисточни приказни на петтиот „Астерфест“

Во фаза на подготовки е јубилејното издание на филмскиот фестивал „Астерфест“ кој петта година континуирано се одржува во Струмица. Оваа година фестивалот ќе се одржи од 27 до 31 мај
Струмичкиот филмски фестивал продолжува со интенцијата на освојување нови мултикинематички простори, поврзани со културно-уметничкото наследство на регионот и современите преокупаци на филмските автори на почетокот од третиот милениум. Профилот на интерес се креативната документаристика и кратката филмска форма, кои се повеќе земаат замав во модерната, дигитална ера на филмот во Европа. Покрај традиционалните Златна, Сребрена, Бронзена Потковица и Стар златен проектор за документарни филмови, ќе се доделат и награда за најдобар краток игран филм во светски рамки, а се воведува и посебна награда за македонски филмски автор „Ацо Алексов”, доајенот на македонската филмска и ТВ режија, родум од Струмица. Во последната недела од мај, на неколку градски локации треба премиерно да се прикажат повеќе филмови од многу држави, како и од македонски автори. Мотото на овогодинешниот „Астерфест“ е југоисточни приказни. Фестивалската програма и лауреатот на признанието Астер за животно дело ќе бидат објавени наскоро. Исто така, планирано е како еден од новитетите, завршната вечер да бидат прикажани филмови кои ги освоиле главните награди, а на самото отворање ќе бидат доделени и благодарници на заслужни субјекти за подемот на овој наш фестивал кој темелно се занимава со афирмација на филмската култура во Македонија и светот. Досега, за сите овие години се прикажани над 300 филмови со учество на околу 70 држави од сите меридијани. Оваа манифестација ја организираат продукцијата Астер фест и Тивериополската филмска алијанса, во соработка со национални и локални културни институции.Иницијатор и основач на оваа интернационална филмска манифестација е режисерот Горан Тренчовски. Идејата е промовирана на 28 мај 2005, во рамките на отворениот симпозиум „Старите ѕвезди на новиот екран“ во локалот Ловиште во Струмица.Иницијативата е топло поддржана од група интелектуалци и филмски работници, а првото промотивно ревијално издание се одржа 24-26 јуни 2005.Првите две години фестивалот речиси не добива субвенциии од државата, а последните години е помогнат од Собранието на општина Струмица, Министерството за култура и Филмскиот фонд на Македонија.Досега се прикажани над 300 наслови од околу 70 држави. Филмовите се прикажувани во категориите: Астердокс, Балканска фикција, Една жена – еден филм, Мувиленд, Мери-Дионс, (Сè)човеково право, Посвети. Локации каде се одвивале проекциите се: НУЦК „Антон Панов“, Старо забавиште, Терма Банско, Манастир Вељуса, Хотелите „Тивериопол“, „Илинден“ и „Цар Самоил“, Музеј, Дом на техничка култура.Компетитивна е категоријата Астердокс (за креативни документарци над и под 30 минути) потпишани од автори/професионални режисери со потекло од Европа, кратките филмови од категоријата Мувиленд (која секоја година претставува различна држава) и кратките играни творби од рецентната светска продукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Петровска-Најт: Северна Македонија и Вермонт покажаа како се создава вистинско сојузништво

„Северна Македонија и американската држава Вермонт имаат исклучително блиска соработка од која учиме и ние и Националната гарда на Вермонт, се развиваме заедно и ги зголемуваме капацитетите како сојузници во НАТО. Ние сме амбициозни затоа што знаеме дека ако сме посветени како и досега, нема граница за она што можеме да го постигнеме и во доменот на интероперабилноста, и во развојот на вештините и способностите на припадниците на Армијата и на Националната гарда на Вермонт“.
Тоа го истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната средба со генерал-мајорот Грегори Најт, командант на Националната гарда на Вермонт кој престојува во неколкудневна посета на Северна Македонија, по повод Денот на Армијата и јубилејот „30 години Армија“.
Министерката посочи дека нема подобар пример за заедништво од она на кое сите бевме сведоци во текот на месец мај, кога армиските припадници и припадниците на Националната гарда на Вермонт заеднички се обучуваа на армискиот полигон „Криволак“ во рамки на досега најголемата вежба реализирана во Северна Македонија, Swift Response 22. Петровска упати благодарност до генералот Најт и Националната гарда и за континуираната поддршка во развојот на капацитетите на армиската единица за АБХО.
На средбата министерката Петровска се осврна и на идните планови во соработката – реализацијата на вежбата Defender 23 следната година, можностите за проширување на соработката преку трилатерално партнерство помеѓу Северна Македонија, Вермонт (САД) и Австрија, како и развојот на капацитетите за киберодбрана и развојот на подофицерскиот кор, кој е столбот на Армијата.
Генералот Најт порача дека Националната гарда на Вермонт останува силно посветена на партнерството со Северна Македонија, кое може да послужи како одличен пример како заеднички се развива интероперабилноста која е клучна во НАТО-алијансата.
Програмата за партнерство со Националната гарда на Вермонт е иницирана во 1994 година, а досега повеќе од 7.000 припадници на Армијата биле дел од заедничките активности. На Националната гарда на Вермонт доделен ѝ е Орден за заслуги, а годинава министерката Петровска на генералот Најт ќе му додели плакета по повод 30-годишниот јубилеј и долгогодишната успешна соработка.
Uncategorized
Трамп: Агентите на ФБИ ми ги украдоа трите пасоши

Агентите на ФБИ заплениле три пасоши на поранешниот американски претседател Доналд Трамп при претрес на неговиот имот Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида, напиша експретседателот на САД на социјалните мрежи:
„За време на рацијата на ФБИ ми украдоа три пасоши (еден истечен). Покрај се друго“ – напиша тој.
Umm… pic.twitter.com/ZDX1g8JWVK
— Spiro Agnew’s Ghost (@SpiroAgnewGhost) August 15, 2022
Трамп сето тоа што се случи го нарече „напад врз политички противник од размери досега невидени во САД“.
„Волстрит журнал“ објави дека ФБИ пронашол 11 комплети доверливи документи во Мар-а-Лаго, додека, пак, „Њујорк тајмс“ тврди дека Трамп е осомничен за незаконско користење воени информации, крадење и уништување документи.
Поранешниот американски претседател, како што се претпоставува, има син пасош како и сите американски граѓани, но и црвен „дипломатски“ издаден на функционери.
Трамп доби дипломатски пасош додека беше на чело на Белата куќа.
Агентите на ФБИ неодамна извршија претрес во замокот на Трамп од каде што зеле 27 кутии со доверливи документи.
Uncategorized
Во Црна Гора мерките против коронавирусот продолжени за 14 дена

Епидемиолошките мерки – задолжително носење заштитни маски во здравствените установи, колективните центри и јавните превозни средства, аеродромите, продавниците, аптеките, бензинските пумпи – се продолжени за следните 14 дена, соопшти Институтот за јавно здравје.
Ваквата одлука, се наведува, е донесена во согласност со моментната епидемиолошка состојба, а врз основа на сеопфатна анализа на бројот на новозаболени и епидемиолошки показатели, што беше разгледана од работната група за контрола, превенција и сузбивање на заразната болест Ковид-19.
„Напоменуваме дека тековно важечки мерки се: задолжително носење заштитни маски во здравствени установи, колективни центри и средства за јавен превоз, задолжително носење заштитни маски во сите институции на јавната администрација, во објекти од витално значење: продавници за храна, аптеки и бензински станици, задолжително носење заштитни маски на аеродроми, железнички и на автобуски станици“, се вели во соопштението, пренесува „Блиц.рс“.