Контакт

Uncategorized

Отворен ден на ЕСРА

Објавено пред

На 9 мај, Денот на Европа, во просториите на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Скопје, ќе се одржи Отворен ден на ЕСРА, каде што ќе бидат промовирани новите ТВ и Аудио студија

dobivaj vesti na viber

Воедно ќе се одржи проекција на филмови и изложба на фотографии од студенти на ЕСРА, а ќе бидат доделени и плакети “Златен Дедал” на истакната личности за достигнување во областа на културата и уметноста.„Златен Дедал“ оваа година ќе им биде доделена на: Ѓорѓи Василевски – филмолог, Ристо Стефановски – театролог, Вања Лазарова – музички интерпретатор и Благоја Дрнков – фотограф.На настанот ќе присуствуваат министерот за образование, господинот Перо Стојановски, специјалниот претставник на Европската унија и претседател на делегацијата на Европската комисија во Македонија, господинот Ерван Фуере, амбасадорот на Франција во Македонија, господин Бернар Валеро и ректорот на Универзитетот ЕСРА, господинот Јордан Плевнеш.Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска Академија, ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк е прв приватен универзитет од областа на аудиовизуелните уметности каде во рамките на петте факултети можат да се изучуваат 13 области: актерска игра, мултимедијална режија, драматургија и сценарио, филмска и ТВ камера, филмска и ТВ монтажа, анимација, продукција и менаџмент, сценографија, костимографија, фотографија, композиција на филмска музика, вокална интерпретација и звучен инженеринг.Универзитетот за аудиовизуелни уметности, прокрај својата првенствена улога на едукатор во високото образование во стручно уметничките области на аудиовизуелната сфера, за своја задача ја презема и организацијата на настани од областа на културата и уметноста кои, пред се‘, своја улога ќе одиграат во образовниот процес на студентите, но и ќе допринесат кон подигање општото ниво и критериум во аудиовизуелните уметности во Македонија. Со ваквата агенда, универзитетот ќе придонесе кон остварување на првите професионални чекори на студентите, стекнување на искуства, и пласирање на нивните имиња во светот на професионалците.Во соработка со УНЕСКО и Европската Унија, Универзитетот како носител на проектот ќе го реализира и првиот културен магазин SEE (South-Eastern Europe) кој ќе ги обедини духовните вредности на Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Косово, Албанија Србија, Бугарија, Романија, Грција и Турција.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Во Црна Гора мерките против коронавирусот продолжени за 14 дена

Објавено пред

Епидемиолошките мерки – задолжително носење заштитни маски во здравствените установи, колективните центри и јавните превозни средства, аеродромите, продавниците, аптеките, бензинските пумпи – се продолжени за следните 14 дена, соопшти Институтот за јавно здравје.

dobivaj vesti na viber

Ваквата одлука, се наведува, е донесена во согласност со моментната епидемиолошка состојба, а врз основа на сеопфатна анализа на бројот на новозаболени и епидемиолошки показатели, што беше разгледана од работната група за контрола, превенција и сузбивање на заразната болест Ковид-19.

„Напоменуваме дека тековно важечки мерки се: задолжително носење заштитни маски во здравствени установи, колективни центри и средства за јавен превоз, задолжително носење заштитни маски во сите институции на јавната администрација, во објекти од витално значење: продавници за храна, аптеки и бензински станици, задолжително носење заштитни маски на аеродроми, железнички и на автобуски станици“, се вели во соопштението, пренесува „Блиц.рс“.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Елтон Џон за Мајкл Џексон: Тој беше ментално болен

Објавено пред

Сер Елтон Џон во своите мемоари „Јас: Елтон Џон“ го нарече кралот на попот Мајкл Џексон ‘ментално болна, вознемирувачка личност’.

dobivaj vesti na viber

Автобиографијата на Џон е полна со шокантни откритија за неговиот живот во шоу-бизнисот, а во еден дел тој детално ја опишува неговата дружба со покојната контроверзна ѕвезда.

„Го познавам Мајкл уште кога имаше 13 или 14 години. Тој беше најслаткото дете што можете да го замислите. Но, во одреден момент во годините што следеа почна да се одвојува од светот и реалноста, нешто слично како Елвис Присли”, пишува Џон. Тој во своите мемоари зборува и за зависноста на Џексон од лекови против болки.

„Господ знае што се случуваше во неговата глава и Бог знае со какви лекови на рецепт го полнеа. Секогаш кога ќе го видев во неговите подоцнежни години си мислев дека кутриот тотално ги изгубил нервите. И не на лесен начин… Тој стана навистина ментално болен, делуваше вознемирувачки“, напиша легендарниот британски музичар.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Манасков се врати во Вардар

Објавено пред

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков е нов член на Вардар и по пауза од шест години повторно го облекува „црвено-црниот“ дрес. Вардар го засилува тимот со искусен играч на позицијата лево крило кој зад себе има настапи во неколку европски екипи и настапи на ЕП и СП со репрезентацијата на Македонија.

dobivaj vesti na viber

-Вардар добива брз, прецизен и искусен играч со големо меѓународно искуство со што екипата повторно гради силен, респектабилен и конкурентен тим и за сезонава. „Црвено-црните“ полека го градат тимот со кој и сезонава ќе атакуваат на двојната круна во домашното првенство се вели во известувањето од клубот.

Манасков во Скопје доаѓа по неколку сезони минати во унгарски Веспрем каде беше еден од најдобрите стрелци на клубот со над 540 голови на над 160 натпревари. Претходно настапуваше за екипите на Борец Велес, Металург, Вардар, Вецлар, Рајн Некар и на крајот во Веспрем.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет15 минути

Блинкен: Загрижени сме дека ДНР ќе покрене обвинение против Хрват, Британец и Швеѓанец

Властите на САД се загрижени дека Врховниот суд на Народна Република Доњецк (ДНР) би можел да покрене обвинение против еден...

Македонија57 минути

Пендаровски: Клучните придобивки од Рамковниот договор беа зачувување на суверенитетот и на територијалниот интегритет

  Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето 21 година од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со порака: „Пред 21 година,...

Европа2 часа

Зеленски за визите за Русите: Европа не смее да стане супермаркет во кој не е важно кој влегува

Украинскиот претседател Володимир Зеленски уште еднаш апелираше до земјите-членки на Европската унија да не им даваат визи на граѓаните на...

Македонија3 часа

Дваесет и една година од потпишувањето на Рамковниот договор

На денешен ден во 2001 година беше потпишан Охридскиот рамковен договор, во претседателската резиденција на Водно во Скопје од страна...

Регион3 часа

Во Црна Гора тридневна жалост поради трагедијата во Цетиње

Во Црна Гора е прогласена тридневна жалост поради масакрот во Цетиње, каде вчера беа убиени 11 лица, меѓу кои и...

Свет3 часа

Писателот Салман Ружди е опериран, не може да зборува и најверојатно ќе го загуби окото

Британскиот писател со индиско потекло Салман Ружди (75) , кој повеќепати беше избоден со нож во вратот и стомакот од...

Македонија14 часа

Пациентот од Кичево суспектен на мајмунски сипаници има негативен брис

Министерството за здравство вечерва информираше дека од Институтот за јавно здравје се информирани дека е завршено испитувањето на брисот земен...

Македонија15 часа

Скопје ја повлече согласноста за почесен конзул на Русија во Битола

Северна Македонија официјално ја извести Русија дека ја повлекува согласноста за формирање Канцеларија на почесниот конзул на Русија во градот...

Регион16 часа

(Видео) Масакр во Цетиње, по семеен конфликт убил 11 луѓе, пукал и во деца

Во населбата Медовина во црногорскиот град Цетиње, во близина на Владата, денеска околу 16 часот загинаа 11 лица, а шестмина...

Европа17 часа

Кличко со критики за Шолц за издавањето визи на Русите

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко го критикуваше германскиот канцелар Олаф Шолц поради неговото одбивање да престане да издава визи за...

Економија18 часа

Во јавните згради во Германија ќе се дозволи греење до максимални 19 степени Целзиусови

Германскиот министер за економија Роберт Хабек денеска најави нови регулативи кои ќе се однесуваат на заштеда на енергија поради страв...

Свет20 часа

Пекинг ја предупреди Америка: Борбата против повеќе од 1,4 милијарда Кинези нема да заврши добро

Бoрбата на Соединетите Американски Држави против повеќе од 1,4 милијарда Кинези нема да заврши добро, изјави кинескиот министер за надворешни...

Македонија21 час

Ќучук: Преговорите на Северна Македонија со ЕУ ќе почнат по завршување на скринингот

Процесот на преговори меѓу ЕУ и Република Северна Македонија сè уште не е почнат бидејќи се чека да заврши скринингот,...

Македонија23 часа

(Видео) Стојаноска: Како и со Ковид-19, така и со мајмунските сипаници власта се однесува неодговорно

Во Македонија, со власта на СДСМ и ДУИ, се случува тотален распад на системот. Земјава, од сите земји во регионот,...

Топ23 часа

Мотоциклист почина во сообраќајна несреќа во Кочани

Синоќа, во 18.55 часот, било пријавено дека на експресниот пат во изградба, Кочани – Крупиште, кај клучката за с. Спанчево,...

Економија23 часа

(Видео) Каевски: Во Македонија ќе се произведуваат електрични возила

Преку одговорните, ефикасни мерки и политики на Владата предводена од СДСМ македонската економија станува атрактивна за сериозни, големи странски инвестиции....

Топ1 ден

Со закана со пиштол успеале да изнудат 20.000 евра, приведени две лица од Скопје

Од страна на СВР Струмица, заедно со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал, во координација...

Европа1 ден

Поранешниот германски канцелар Шредер го тужи парламентот поради одземените привилегии

Поранешниот германски канцелар, Герхард Шредер, го тужи парламентот во обид да ги врати посебните привилегии што му беа одземени во...

Македонија1 ден

СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се грижат за граѓаните со поскапување на комуналните услуги

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ по којзнае кој пат докажаа дека воопшто не се грижат за граѓаните, туку на прво место ги...

Европа1 ден

„Вашингтон пост“: ФБИ кај Трамп бараше документи поврзани со нуклеарно оружје

За време на претресот на домот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, агенти на ФБИ пребарувале доверливи документи поврзани со...