Uncategorized
Синот на Толкин проговори во јавноста за „Легендата на Сигурд и Гудрун“

Синот на Џон Роналд Роел Толкин, еден од најпопуларните автори на средината на XX век, излезе во јавноста и им призна на фановите на неговиот татко дека неговото последно објавено дело е можеби малку одбивно за читање поради неговата стиховна форма
Одговарајќи на низа прашања за „Легендата на Сигурд и Гудрун“, Кристофер Толкин ја искажа својата желба и надеж дека овој еп ќе покаже една поинаква страна во творештвото на неговиот татко.Овој еп од 500 страници е колекција од нордиски митови кои потекнуваат од 13 век, а Кристофер Толкин го опишува како „непозната територија“ за повеќето читатели. „Можам да кажам дека многумина веднаш би биле обесхрабрени да го прочитаат ова дело поради неговата обемна форма во стих. Се надевам дека оние кои го ценат и му се восхитуваат на творештвото на мојот татко ќе ја сметаат оваа книга за вистинско просветлување, пред се‘ поради неговата слика за стравот, страста и легендата“, продолжува тој.Џон Роналд Роел Толкин во последните педесетина години успеа да продаде над 150 милиони примероци од своите дела. Благодарение на филмската трилогија на „Господарот на прстените“ на Питер Џексон неговата популарност достигна огромни размери, а неговата книжевност влијаеше да се создаде нов жанр – fantazy literature. „Легендата на Сигурд и Гудрун“ – дел од оваа легенда се среќава и во Вагнеровото дело „Нибелуншкиот прстен“. Помалку е позната оваа верзија на Толкин, но сцените во кои Сигурд го убива змејот Фафнир се директна врска со неколку сцени од „Хобитот“ и „Господарот на прстените“. Книгата е во стих, како и секој голем цивилизациски еп.Инаку, Толкин е писател со огромно познавање на митологијата, писател кој познавал огромен број јазици – латински, старогрчки, француски, германски, средновековен англиски, фински, готски, шпански, велшки, дански, холандски, норвешки, руски, старословенски, литвански, староисландски… Неговите белешки за „Сага за Нибелунзите“ и „Беовулф“ денес се сметаат за задолжителна литература при проучувањето на митологијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Петровска-Најт: Северна Македонија и Вермонт покажаа како се создава вистинско сојузништво

„Северна Македонија и американската држава Вермонт имаат исклучително блиска соработка од која учиме и ние и Националната гарда на Вермонт, се развиваме заедно и ги зголемуваме капацитетите како сојузници во НАТО. Ние сме амбициозни затоа што знаеме дека ако сме посветени како и досега, нема граница за она што можеме да го постигнеме и во доменот на интероперабилноста, и во развојот на вештините и способностите на припадниците на Армијата и на Националната гарда на Вермонт“.
Тоа го истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната средба со генерал-мајорот Грегори Најт, командант на Националната гарда на Вермонт кој престојува во неколкудневна посета на Северна Македонија, по повод Денот на Армијата и јубилејот „30 години Армија“.
Министерката посочи дека нема подобар пример за заедништво од она на кое сите бевме сведоци во текот на месец мај, кога армиските припадници и припадниците на Националната гарда на Вермонт заеднички се обучуваа на армискиот полигон „Криволак“ во рамки на досега најголемата вежба реализирана во Северна Македонија, Swift Response 22. Петровска упати благодарност до генералот Најт и Националната гарда и за континуираната поддршка во развојот на капацитетите на армиската единица за АБХО.
На средбата министерката Петровска се осврна и на идните планови во соработката – реализацијата на вежбата Defender 23 следната година, можностите за проширување на соработката преку трилатерално партнерство помеѓу Северна Македонија, Вермонт (САД) и Австрија, како и развојот на капацитетите за киберодбрана и развојот на подофицерскиот кор, кој е столбот на Армијата.
Генералот Најт порача дека Националната гарда на Вермонт останува силно посветена на партнерството со Северна Македонија, кое може да послужи како одличен пример како заеднички се развива интероперабилноста која е клучна во НАТО-алијансата.
Програмата за партнерство со Националната гарда на Вермонт е иницирана во 1994 година, а досега повеќе од 7.000 припадници на Армијата биле дел од заедничките активности. На Националната гарда на Вермонт доделен ѝ е Орден за заслуги, а годинава министерката Петровска на генералот Најт ќе му додели плакета по повод 30-годишниот јубилеј и долгогодишната успешна соработка.
Uncategorized
Трамп: Агентите на ФБИ ми ги украдоа трите пасоши

Агентите на ФБИ заплениле три пасоши на поранешниот американски претседател Доналд Трамп при претрес на неговиот имот Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида, напиша експретседателот на САД на социјалните мрежи:
„За време на рацијата на ФБИ ми украдоа три пасоши (еден истечен). Покрај се друго“ – напиша тој.
Umm… pic.twitter.com/ZDX1g8JWVK
— Spiro Agnew’s Ghost (@SpiroAgnewGhost) August 15, 2022
Трамп сето тоа што се случи го нарече „напад врз политички противник од размери досега невидени во САД“.
„Волстрит журнал“ објави дека ФБИ пронашол 11 комплети доверливи документи во Мар-а-Лаго, додека, пак, „Њујорк тајмс“ тврди дека Трамп е осомничен за незаконско користење воени информации, крадење и уништување документи.
Поранешниот американски претседател, како што се претпоставува, има син пасош како и сите американски граѓани, но и црвен „дипломатски“ издаден на функционери.
Трамп доби дипломатски пасош додека беше на чело на Белата куќа.
Агентите на ФБИ неодамна извршија претрес во замокот на Трамп од каде што зеле 27 кутии со доверливи документи.
Uncategorized
Во Црна Гора мерките против коронавирусот продолжени за 14 дена

Епидемиолошките мерки – задолжително носење заштитни маски во здравствените установи, колективните центри и јавните превозни средства, аеродромите, продавниците, аптеките, бензинските пумпи – се продолжени за следните 14 дена, соопшти Институтот за јавно здравје.
Ваквата одлука, се наведува, е донесена во согласност со моментната епидемиолошка состојба, а врз основа на сеопфатна анализа на бројот на новозаболени и епидемиолошки показатели, што беше разгледана од работната група за контрола, превенција и сузбивање на заразната болест Ковид-19.
„Напоменуваме дека тековно важечки мерки се: задолжително носење заштитни маски во здравствени установи, колективни центри и средства за јавен превоз, задолжително носење заштитни маски во сите институции на јавната администрација, во објекти од витално значење: продавници за храна, аптеки и бензински станици, задолжително носење заштитни маски на аеродроми, железнички и на автобуски станици“, се вели во соопштението, пренесува „Блиц.рс“.