Uncategorized
Избрани претставниците за официјалната програма на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Претставата „Свето срце“ од Љубиша Георгиевски, во продукција на Македонскиот народен театар, ќе го отвори 44 Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, кој ќе се одржува од 5 до 11 јуни, соопшти Петар Темелковски, претседател на Собранието на фестивалот и селектор на програмата
Од 28 понудени претстави на македонските театри, тој за официјалната фестивалска програма избрал десет, кои ќе се натпреваруваат за наградата за најдобра претстава на годинашната национална театарска манифестација.Покрај „Свето срце“, во трка за наградите се и претставите: „Црна се чума зададе” на Битолскиот театар, „Глогов жбун” на Штипскиот, „Тапани во ноќта“ на домаќинот – театарот од Прилеп, „Последниот ден на Мисирков” во продукција на Народниот театар од Струмица, „Кинегонда во Карлаленд” на Драмски театар – Скопје, „Тетовирани души” на Кумановскиот театар, „Тероризам“ на Народниот театар од Велес, „Албански ноќи” на Албанскиот театар – Скопје и претставата „Сијах Калем” на Турскиот театар – Скопје.Наградата за животно дело, според одлуката на Собранието на МТФ „Војдан Чернодрински“, ќе ја добијат актерите Димитар Костов од Македонскиот народен театар и Љубица Гојковиќ од Народниот театар Куманово.„Со радост констатирам дека театарот во Македонија оди по нагорна линија, творечки заздравува. Се трудев да ги одберам најдобрите претстави од тие што ги гледав, според мојот концепт. Оваа година ќе имаме пет-шест текстови од домашни автори, што е и целта и непишано примарно значење на овој фестивал“, истакна Темелковски на прес-конференцијата. Претставите тематски и жанровски се различни и тој се надева дека понудената програма ќе го задоволи истенчениот театарски вкус и остриот критериум на публиката.Во придружниот дел на фестивалската програма ќе има пет до осум претстави кои дополнително ќе бидат утврдени. Се договараат и четирите теми за кои ќе се дискутира, а ќе ги опфатат аспектите и проблемите на театарското творештво.Во чест на актерите кои ќе ги освојат наградите на 44. фестивалско издание, на свеченото затворање Драмски театар ќе ја изведе претставата „Лебедова песна“ од Чехов во режија на Бранко Ставрев, која премиерно беше изведена на матичната сцена пред една недела.Македонскиот театарски фестивал нема финансиски проблеми и ја има поддршката на Министерството за култура и прилепската локална самоуправа, кои се негови покровители.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Во Црна Гора мерките против коронавирусот продолжени за 14 дена

Епидемиолошките мерки – задолжително носење заштитни маски во здравствените установи, колективните центри и јавните превозни средства, аеродромите, продавниците, аптеките, бензинските пумпи – се продолжени за следните 14 дена, соопшти Институтот за јавно здравје.
Ваквата одлука, се наведува, е донесена во согласност со моментната епидемиолошка состојба, а врз основа на сеопфатна анализа на бројот на новозаболени и епидемиолошки показатели, што беше разгледана од работната група за контрола, превенција и сузбивање на заразната болест Ковид-19.
„Напоменуваме дека тековно важечки мерки се: задолжително носење заштитни маски во здравствени установи, колективни центри и средства за јавен превоз, задолжително носење заштитни маски во сите институции на јавната администрација, во објекти од витално значење: продавници за храна, аптеки и бензински станици, задолжително носење заштитни маски на аеродроми, железнички и на автобуски станици“, се вели во соопштението, пренесува „Блиц.рс“.
Uncategorized
Елтон Џон за Мајкл Џексон: Тој беше ментално болен

Сер Елтон Џон во своите мемоари „Јас: Елтон Џон“ го нарече кралот на попот Мајкл Џексон ‘ментално болна, вознемирувачка личност’.
Автобиографијата на Џон е полна со шокантни откритија за неговиот живот во шоу-бизнисот, а во еден дел тој детално ја опишува неговата дружба со покојната контроверзна ѕвезда.
„Го познавам Мајкл уште кога имаше 13 или 14 години. Тој беше најслаткото дете што можете да го замислите. Но, во одреден момент во годините што следеа почна да се одвојува од светот и реалноста, нешто слично како Елвис Присли”, пишува Џон. Тој во своите мемоари зборува и за зависноста на Џексон од лекови против болки.
„Господ знае што се случуваше во неговата глава и Бог знае со какви лекови на рецепт го полнеа. Секогаш кога ќе го видев во неговите подоцнежни години си мислев дека кутриот тотално ги изгубил нервите. И не на лесен начин… Тој стана навистина ментално болен, делуваше вознемирувачки“, напиша легендарниот британски музичар.
Uncategorized
Манасков се врати во Вардар

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков е нов член на Вардар и по пауза од шест години повторно го облекува „црвено-црниот“ дрес. Вардар го засилува тимот со искусен играч на позицијата лево крило кој зад себе има настапи во неколку европски екипи и настапи на ЕП и СП со репрезентацијата на Македонија.
-Вардар добива брз, прецизен и искусен играч со големо меѓународно искуство со што екипата повторно гради силен, респектабилен и конкурентен тим и за сезонава. „Црвено-црните“ полека го градат тимот со кој и сезонава ќе атакуваат на двојната круна во домашното првенство се вели во известувањето од клубот.
Манасков во Скопје доаѓа по неколку сезони минати во унгарски Веспрем каде беше еден од најдобрите стрелци на клубот со над 540 голови на над 160 натпревари. Претходно настапуваше за екипите на Борец Велес, Металург, Вардар, Вецлар, Рајн Некар и на крајот во Веспрем.