Uncategorized
„Просечна носталгија” од Вилхем Генацино – ново издание на „Блесок“

Неодамна, во едицијата с.р. (современ роман / своерачно), со поддршка на Министерство за култура на Р. Македонија и Гете институт – Скопје, во превод од германски на Елизабета Линднер, „Блесок“ го објави романот на Вилхелм Генацино „Просечна носталгија”
Вилхелм Генацино е роден 1943 година во Манхајм. После студиите по германистика, социологија и филозофија во Франкфурт на Мајна, работи како новинар и уредник во повеќе весници и списанија. Од 1971 започнува неговата писателска дејност, а тогаш ја основа и литературната агенција Literaturcop. Помеѓу 1980-1986 година е уредник на литературниот весник Lesezeichen. Гостува како професор по литература на Универзитетот во Падеборн (1997/1998) и Франкфурт на Мајна (2005/2006). Живее и работи во Франкфурт на Мајна. Автор е на голем број романи, добитник на бројни награди.Извадоци од критиките „Способноста на прецизно набљудување на сцени од секојдневието, смислата за комичност на ситуациите и тежнеењето од вообичаеното да се протолкува condition humain – сето ова несомнено го карактеризира Вилхелм Генацино”Улрих Грајнер, Die Zeit, 08.02.2007„Сосема на врвот на својата уметност. Содржински повторно ни е понудена целокупната програма на Генацино: хумор и меланхолија, иронија и секојдневие.”Герит Бартелс, Tagesspiegel, 06.02.2007„Во епохата на гласните и врескави самобендисани единки, Вилхелм Генацино создава еден велеградски номад кој месечарски се тетерави низ животот, притоа станувајќи сè помал и помал: неговите душа и тело постепено се ронат и параат, а тој намерно не ја забележува својата пропаст.”Роман Бухели, Neue Zürcher Zeitung, 03.02.07 „На почеток на романот Генацино го остава трагичното да се пробие во случувањата, на начин кој истовремено ем се подразбира сам по себе, ем е фантастичен. Вчудовидувачки e дека му успева од тоа да развие еден неверојатен роман. Како е возможно тоа?” Јан Биргер, Literaturen, 03/07
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Во Црна Гора мерките против коронавирусот продолжени за 14 дена

Епидемиолошките мерки – задолжително носење заштитни маски во здравствените установи, колективните центри и јавните превозни средства, аеродромите, продавниците, аптеките, бензинските пумпи – се продолжени за следните 14 дена, соопшти Институтот за јавно здравје.
Ваквата одлука, се наведува, е донесена во согласност со моментната епидемиолошка состојба, а врз основа на сеопфатна анализа на бројот на новозаболени и епидемиолошки показатели, што беше разгледана од работната група за контрола, превенција и сузбивање на заразната болест Ковид-19.
„Напоменуваме дека тековно важечки мерки се: задолжително носење заштитни маски во здравствени установи, колективни центри и средства за јавен превоз, задолжително носење заштитни маски во сите институции на јавната администрација, во објекти од витално значење: продавници за храна, аптеки и бензински станици, задолжително носење заштитни маски на аеродроми, железнички и на автобуски станици“, се вели во соопштението, пренесува „Блиц.рс“.
Uncategorized
Елтон Џон за Мајкл Џексон: Тој беше ментално болен

Сер Елтон Џон во своите мемоари „Јас: Елтон Џон“ го нарече кралот на попот Мајкл Џексон ‘ментално болна, вознемирувачка личност’.
Автобиографијата на Џон е полна со шокантни откритија за неговиот живот во шоу-бизнисот, а во еден дел тој детално ја опишува неговата дружба со покојната контроверзна ѕвезда.
„Го познавам Мајкл уште кога имаше 13 или 14 години. Тој беше најслаткото дете што можете да го замислите. Но, во одреден момент во годините што следеа почна да се одвојува од светот и реалноста, нешто слично како Елвис Присли”, пишува Џон. Тој во своите мемоари зборува и за зависноста на Џексон од лекови против болки.
„Господ знае што се случуваше во неговата глава и Бог знае со какви лекови на рецепт го полнеа. Секогаш кога ќе го видев во неговите подоцнежни години си мислев дека кутриот тотално ги изгубил нервите. И не на лесен начин… Тој стана навистина ментално болен, делуваше вознемирувачки“, напиша легендарниот британски музичар.
Uncategorized
Манасков се врати во Вардар

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков е нов член на Вардар и по пауза од шест години повторно го облекува „црвено-црниот“ дрес. Вардар го засилува тимот со искусен играч на позицијата лево крило кој зад себе има настапи во неколку европски екипи и настапи на ЕП и СП со репрезентацијата на Македонија.
-Вардар добива брз, прецизен и искусен играч со големо меѓународно искуство со што екипата повторно гради силен, респектабилен и конкурентен тим и за сезонава. „Црвено-црните“ полека го градат тимот со кој и сезонава ќе атакуваат на двојната круна во домашното првенство се вели во известувањето од клубот.
Манасков во Скопје доаѓа по неколку сезони минати во унгарски Веспрем каде беше еден од најдобрите стрелци на клубот со над 540 голови на над 160 натпревари. Претходно настапуваше за екипите на Борец Велес, Металург, Вардар, Вецлар, Рајн Некар и на крајот во Веспрем.