Uncategorized
Изложба на турската скулпторка Фуге Демирок во Чифте амам

Утревечер во Чифте амам, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена самостојната изложба на турската скулпторка Фуге Демирок, насловена „Отвори ја вратата ЧУВАРУ!“
На изложбата ќе бидат поместени 24 скулптури излеани во бронза, бакар и сребро, настанати во последниве години.„За Демирок уметноста претставува инстинкт на игра, предмет на благодарност. Таа смета дека претворањето на играта во уметност е ритуал и еден вид церемонија. Значењето на овој ритуал таа го поврзува со пренесување на човековите карактеристики на скулптурата преку употребата на лирскиот јазик на апстракцијата. За неа уметноста која се раѓа преку игра е задоволство и таквото задоволство таа сака да го почувствува и публиката.”Фуге Демирок е родена 1958 година во Истанбул, Република Турција.Во 1981 година дипломирала на Bosphorus University на одделот за литература и лингвистика. Посетувала часови по цртање, скулптура и неоекспресионизам на Weschester Community College од 1991 до 1993 година.Посетувала часови по релјеф на Мимара универзитетот во Истанбул во 1988. Од 1996 до 2002 година студиите ги продолжила во работилницата на Ирфан Коркмазлар.Член е на GESAM, UPSD и Меѓународниот скулпторски центар во САД.Добитник е на наградата Пет олимписки круга за делото „Тајната на осумката”, на Олимпијадата во Пекинг во 2008 година (на конкурсот за средување на Олимпискиот парк).Досега реализирала осум самостојни изложби во Турција, Германија и САД, а учествувала и на групни изложби во Турција, Италија, Австрија, Франција, Кина и САД.Изложбата се организира под покровителство и во соработка со Министерството за култура и туризам на Република Турција, Министерството за култура на Република Македонија, Амбасадата на Република Турција во Република Македонија и Националната галерија на Македонија и се презентира во рамките на одбележувањето на националниот турски празник – Сеќавање на Кемал Ататурк, младина и спорт.Изложбата ќе ја отворат: заменик министерот за култура на Република Македонија, Драган Недељковиќ, амбасадорот на Репулика Турција во Република Македонија, Арслан Хакан Окчал и директорот на Националната галерија на Македонија, Маја Крстевска. На отворањето ќе присуствува и самиот автор. Изложбата ќе биде отворена до 01 јуни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Во Црна Гора мерките против коронавирусот продолжени за 14 дена

Епидемиолошките мерки – задолжително носење заштитни маски во здравствените установи, колективните центри и јавните превозни средства, аеродромите, продавниците, аптеките, бензинските пумпи – се продолжени за следните 14 дена, соопшти Институтот за јавно здравје.
Ваквата одлука, се наведува, е донесена во согласност со моментната епидемиолошка состојба, а врз основа на сеопфатна анализа на бројот на новозаболени и епидемиолошки показатели, што беше разгледана од работната група за контрола, превенција и сузбивање на заразната болест Ковид-19.
„Напоменуваме дека тековно важечки мерки се: задолжително носење заштитни маски во здравствени установи, колективни центри и средства за јавен превоз, задолжително носење заштитни маски во сите институции на јавната администрација, во објекти од витално значење: продавници за храна, аптеки и бензински станици, задолжително носење заштитни маски на аеродроми, железнички и на автобуски станици“, се вели во соопштението, пренесува „Блиц.рс“.
Uncategorized
Елтон Џон за Мајкл Џексон: Тој беше ментално болен

Сер Елтон Џон во своите мемоари „Јас: Елтон Џон“ го нарече кралот на попот Мајкл Џексон ‘ментално болна, вознемирувачка личност’.
Автобиографијата на Џон е полна со шокантни откритија за неговиот живот во шоу-бизнисот, а во еден дел тој детално ја опишува неговата дружба со покојната контроверзна ѕвезда.
„Го познавам Мајкл уште кога имаше 13 или 14 години. Тој беше најслаткото дете што можете да го замислите. Но, во одреден момент во годините што следеа почна да се одвојува од светот и реалноста, нешто слично како Елвис Присли”, пишува Џон. Тој во своите мемоари зборува и за зависноста на Џексон од лекови против болки.
„Господ знае што се случуваше во неговата глава и Бог знае со какви лекови на рецепт го полнеа. Секогаш кога ќе го видев во неговите подоцнежни години си мислев дека кутриот тотално ги изгубил нервите. И не на лесен начин… Тој стана навистина ментално болен, делуваше вознемирувачки“, напиша легендарниот британски музичар.
Uncategorized
Манасков се врати во Вардар

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков е нов член на Вардар и по пауза од шест години повторно го облекува „црвено-црниот“ дрес. Вардар го засилува тимот со искусен играч на позицијата лево крило кој зад себе има настапи во неколку европски екипи и настапи на ЕП и СП со репрезентацијата на Македонија.
-Вардар добива брз, прецизен и искусен играч со големо меѓународно искуство со што екипата повторно гради силен, респектабилен и конкурентен тим и за сезонава. „Црвено-црните“ полека го градат тимот со кој и сезонава ќе атакуваат на двојната круна во домашното првенство се вели во известувањето од клубот.
Манасков во Скопје доаѓа по неколку сезони минати во унгарски Веспрем каде беше еден од најдобрите стрелци на клубот со над 540 голови на над 160 натпревари. Претходно настапуваше за екипите на Борец Велес, Металург, Вардар, Вецлар, Рајн Некар и на крајот во Веспрем.