Контакт

Uncategorized

Фестивал на еврејски филм

Објавено пред

Во Загреб е отворен 3. по ред Фестивал на еврејски филм

dobivaj vesti na viber

Со краткиот германски филм Земја на играчките на Јохен Александер Фрејданк, за кој е награден со Оскар, и британско-американскиот филм Детето во карираната пижама на Марк Херман, вчера во Загреб е отоврен 3. по ред фестивал на еврејски филм. На годинешното издание на Фестивалот, кој е посветен на децата жртви на војната, до 28 мај ќе бидат прикажани 28 наградувани странски и хрватски филмови. Освен филмските проекции, во пропратните програми ќе има предавања на младите за холокаустот, филмска работилница, изложба на фотографии и концерти. Фестивалот службено го отворија сестрата и братот Маја и Драган Јариќ кои како мали деца останаа без родители во Вуковар во 1991 година. Фестивалот претставува можност за потсетување на 1,3 милиони еврејски деца кои се убиени во логорите, и уште еднаш да се изрече осуда на безумјето на фашизмот. Во филмската програма на фестивалот, кој ги носи современите израелски филмови или филмовите со еврејска тематика, се прикажуваат и два филма со хрватски глумци, а во едниот од нив-Спомените на еден бегалец, игра и пролавениот Раде Шербеџија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Петровска-Најт: Северна Македонија и Вермонт покажаа како се создава вистинско сојузништво

Објавено пред

„Северна Македонија и американската држава Вермонт имаат исклучително блиска соработка од која учиме и ние и Националната гарда на Вермонт, се развиваме заедно и ги зголемуваме капацитетите како сојузници во НАТО. Ние сме амбициозни затоа што знаеме дека ако сме посветени како и досега, нема граница за она што можеме да го постигнеме и во доменот на интероперабилноста, и во развојот на вештините и способностите на припадниците на Армијата и на Националната гарда на Вермонт“.

dobivaj vesti na viber

Тоа го истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната средба со генерал-мајорот Грегори Најт, командант на Националната гарда на Вермонт кој престојува во неколкудневна посета на Северна Македонија, по повод Денот на Армијата и јубилејот „30 години Армија“.

Министерката посочи дека нема подобар пример за заедништво од она на кое сите бевме сведоци во текот на месец мај, кога армиските припадници и припадниците на Националната гарда на Вермонт заеднички се обучуваа на армискиот полигон „Криволак“ во рамки на досега најголемата вежба реализирана во Северна Македонија, Swift Response 22. Петровска упати благодарност до генералот Најт и Националната гарда и за континуираната поддршка во развојот на капацитетите на армиската единица за АБХО.

На средбата министерката Петровска се осврна и на идните планови во соработката – реализацијата на вежбата Defender 23 следната година, можностите за проширување на соработката преку трилатерално партнерство помеѓу Северна Македонија, Вермонт (САД) и Австрија, како и развојот на капацитетите за киберодбрана и развојот на подофицерскиот кор, кој е столбот на Армијата.

Генералот Најт порача дека Националната гарда на Вермонт останува силно посветена на партнерството со Северна Македонија, кое може да послужи како одличен пример како заеднички се развива интероперабилноста која е клучна во НАТО-алијансата.

Програмата за партнерство со Националната гарда на Вермонт е иницирана во 1994 година, а досега повеќе од 7.000 припадници на Армијата биле дел од заедничките активности. На Националната гарда на Вермонт доделен ѝ е Орден за заслуги, а годинава министерката Петровска на генералот Најт ќе му додели плакета по повод 30-годишниот јубилеј и долгогодишната успешна соработка.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Трамп: Агентите на ФБИ ми ги украдоа трите пасоши

Објавено пред

Агентите на ФБИ заплениле три пасоши на поранешниот американски претседател Доналд Трамп при претрес на неговиот имот Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида, напиша експретседателот на САД на социјалните мрежи:

dobivaj vesti na viber

„За време на рацијата на ФБИ ми украдоа три пасоши (еден истечен). Покрај се друго“ – напиша тој.

Трамп сето тоа што се случи го нарече „напад врз политички противник од размери досега невидени во САД“.

„Волстрит журнал“ објави дека ФБИ пронашол 11 комплети доверливи документи во Мар-а-Лаго, додека, пак, „Њујорк тајмс“ тврди дека Трамп е осомничен за незаконско користење воени информации, крадење и уништување документи.

Поранешниот американски претседател, како што се претпоставува, има син пасош како и сите американски граѓани, но и црвен „дипломатски“ издаден на функционери.

Трамп доби дипломатски пасош додека беше на чело на Белата куќа.

Агентите на ФБИ неодамна извршија претрес во замокот на Трамп од каде што зеле 27 кутии со доверливи документи.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Во Црна Гора мерките против коронавирусот продолжени за 14 дена

Објавено пред

Епидемиолошките мерки – задолжително носење заштитни маски во здравствените установи, колективните центри и јавните превозни средства, аеродромите, продавниците, аптеките, бензинските пумпи – се продолжени за следните 14 дена, соопшти Институтот за јавно здравје.

dobivaj vesti na viber

Ваквата одлука, се наведува, е донесена во согласност со моментната епидемиолошка состојба, а врз основа на сеопфатна анализа на бројот на новозаболени и епидемиолошки показатели, што беше разгледана од работната група за контрола, превенција и сузбивање на заразната болест Ковид-19.

„Напоменуваме дека тековно важечки мерки се: задолжително носење заштитни маски во здравствени установи, колективни центри и средства за јавен превоз, задолжително носење заштитни маски во сите институции на јавната администрација, во објекти од витално значење: продавници за храна, аптеки и бензински станици, задолжително носење заштитни маски на аеродроми, железнички и на автобуски станици“, се вели во соопштението, пренесува „Блиц.рс“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 минути

Шефот на британската разузнавачка служба: Путин ја губи информациската војна во Украина

Русија не успеа да добие предност пред Украина во сајбер просторот речиси шест месеци по инвазијата на таа земја, изјави...

Свет12 минути

(Видео) Најмалку 2 лица загинаа по судир на авиони при слетување на аеродром во Калифорнија

Два мали авиони се судрија во Северна Калифорнија додека се обидуваа да слетаат на локалниот аеродром, при што загинаа најмалку...

Македонија26 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Пари за луксуз власта има, а за Охридски маратон нема, ВМРО-ДПМНЕ и Пецаков ќе го организираат маратонот

Се што фатија СДСМ се уништија. Секоја традиција поврзана со државата и историјата на државата, па макар било и спортска...

Свет34 минути

САД подготвуваат нова воена помош за Киев од 800 милиони долари

Американската администрација на претседателот Џозеф Бајден подготвува околу 800 милиони долари дополнителна воена помош за Украина и би можела да...

Европа43 минути

Авион принудно слетал во Загреб поради патник кој викал и сакал да ја отвори вратата

Вистинска драма поминаа патниците на британската ТУИ на летот од Пафос за Манчестер, кои требаше да летаат за Манчестер во...

Европа48 минути

(Видео) Големото невреме кое ја зафати Европа однесе најмалку 13 животи

Најмалку тринаесет лица загинаа во четвртокот во силните бури во Европа, а единствената позитивна работа е што помогнаа во гаснењето...

Регион12 часа

Вучиќ: Зад нас е тежок ден, се надевам дека по некое чудо ќе дојдеме до компромисно решение

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва од Брисел, каде што учествуваше на разговорите меѓу Белград и Приштина, изјави дека ова...

Свет15 часа

Стотици писатели ќе ги читаат книгите на Ружди на улица во Њујорк

Стотици писатели ќе се соберат во Њујорк за да ги читаат делата на Салман Ружди, по примерот на настанот првпат...

Европа16 часа

Зеленски: ОН мора да обезбедат заштита на нуклеарната централа Запорожје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски по средбата со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека ОН мора да обезбедат заштита...

Македонија18 часа

Македонскиот тим од историската комисија: Најголема лага е дека текстовите за заедничко чествување ќе се применат во образованието

Македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања упати реакција во врска со објавените решенија на комисијата,...

Македонија19 часа

Агенцијата за млади и спорт со владина поддршка ја презема организацијата на Охридскиот маратон

Агенцијата за млади и спорт соопшти дека со владина поддршка ја презема организацијата на Охридскиот маратон. „Како традиција, која Охрид и...

Економија20 часа

Дизелот поскапува за 2 денара, цените на бензините остануваат исти

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните...

Македонија20 часа

Пецаков: Пливачите се револтирани бидејќи три години со ред не им е исплаќан награден фонд

Пливачите се револтирани бидејќи три години со ред не им е исплаќан награден фонд, обзнани градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков....

Македонија21 час

Бугарското МНР ја охрабрува Комисијата за историски прашања да продолжи со работата

Министерството за надворешни работи во Бугарија ја поздравува досегашната активност на Мешовитата комисија за образовни и историски прашања меѓу Софија...

Македонија23 часа

СДСМ: Деструктивниот Мицкоски сонува власт, избори ќе има во 2024 година и на тие ВМРО-ДПМНЕ ќе изгуби

Откако им пропаднаа сите обиди за блокада и дестабилизација на државата, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со деструктивното однесување на...

Македонија23 часа

За еден ден поднесени се над 50 барања за проценка на штети од невремето во Неготино

За еден ден поднесени се над 50 барања од граѓани кои претрпеле штети од невремето кое пред два дена го...

Свет24 часа

Конашенков предупредува: Украинците планираат артилериски напади на територијата на нуклеарната централа Запорожје од Никопол

Украина планира утре да изврши артилериски напади на територијата на нуклеарната централа Запорожје од Никопол, тврди денеска портпаролот на руското...

Македонија1 ден

Портокалова фаза во цела држава, се препорачува ослободување од работа на најранливите категории население

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негувателите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа,...

Свет1 ден

Гори природен парк во Португалија, над 1.000 пожарникари го гаснат пожарот

Повеќе од 1.200 пожарникари учествуваат во гаснењето на големиот шумски пожар во португалскиот природен парк „Сера да Естрела“, кој се...

Свет1 ден

Тешка автобуска несреќа во Мароко – 23 загинати, 36 повредени

23 лица загинаа, а 36 се повредени во автобуска несреќа источно од Казабланка, една од најсмртоносните несреќи во Мароко во...