Uncategorized
„Повеќедимензионални светови“ – видео инсталација на Моника Десоска
Утревечер, 28 мај, со почеток во 20.30 часот, во Мала станица, ќе се отвори изложбата на уметницата Моника Десоска со проектот „Повеќедимензионални текстови“ – светлосна инсталација во затворен простор
Десоска по втор пат се претставува во Националната галерија на Македонија. Нејзиното прво претставување беше во 2004 година, со проектот „Трчање во круг“ – видео инсталација.
„Повеќедимензионални светови“ е инсталација составена од материјални објекти, светлосни ефекти кои даваат други димензии, исполнети со пулсирачкиот принцип на човекот и на вселената. Преку патувањата што човекот ќе ги направи во иднината, ќе ги види, чуе, почувствува, осознае новите непознати повеќедимензионални светови, како што е и самиот тој, повеќедимензионално битие со своите бескрајни можности. Инсталацијата се состои од објекти кои се поставени во еден од галериските простори на мултимедијалниот центар Мала станица, а се осветлени со спот светла од подот, притоа создавајќи еден интересен свет на „кохабитација”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Москва: Бројот на повредени во нападот во „Крокус сити хол“ се зголеми на 360 лица
Бројот на повредени во нападот на концертната сала „Крокус сити хол“ се искачи на 360, соопшти денеска медицинската служба.
„Со податоците од утринава, во терористичкиот напад се повредени 360 лица, меѓу кои 11 деца“, се наведува во соопштението што го пренесува „Тас“.
Вкупно 92 лица повредени во нападот се хоспитализирани, 63 веќе се отпуштени од болниците, а 205 се на амбулантско лекување, додаде здравствениот претставник.
Исламската држава ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во петокот вечерта во „Крокус сити хол“, во предградието на Москва, во кој загинаа најмалку 139 лица.
За нападот се уапсени 11 осомничени, меѓу кои и четворица вооружени напаѓачи, кои биле приведени во областа Брјанск, југозападно од Москва, додека се обидувале, како што тврдат руските власти, да побараат засолниште преминувајќи ја блиската украинска граница, пренесува „Танјуг“.
Uncategorized
Уапсена 60-годишна скопјанка: нападнала 33-годишен маж, а подоцна и полицаец
Синоќа, во 23.20 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ја лишиле од слобода В. Ј. (60) од Скопје.
Таа, претходно, на улицата Трајче Стрезоски во Кичево, физички го нападнала Ф. С. (33) од Скопје и ја оштетила неговата службена опрема, а потоа во службените простории на ОВР Кичево, каде што била повикана на разговор, физички го нападнала полицискиот службеник и го уништила изготвениот службен материјал.
По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Uncategorized
Повреден мотоциклист од Пехчево, пренесен во комплексот клиники во Скопје
Вчера во 18.05 часот во Полициското одделение Пехчево било пријавено дека на место викано „Елата“ во атар на Пехчево, 31-годишниот Д.Ц. од Пехчево, управувајќи мотоцикл, паднал на патот, извести МВР.
„Во несреќата, со повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош“, соопшти МВР.
Извршен бил увид.