Контакт

Uncategorized

Јован Павловски добитник на наградата "Прозни мајстори"

Објавено пред

Јован Павловски за книгата „Град, години, луѓе“ ја доби престижната награда “Прозни мајстори”, која ја доделуваат Издавачката куќа “Феникс” и Фондацијата “Македонија презент”

Наградата се доделува за најдобра прозна книга од македонски автор објавена во изминатата година, а жирито одлучи годинава таа да му припадне на писателот Јован Павловски за романот “Град, години, луѓе” во издание на “Ми-ан”.Наградата му се доделува на писателот Јован Павловски за неговото мошне впечатливо и студиозно прозно дело, романот “Град, години, луѓе”, како извонредна хроника, сведоштво и документ.Во овој продлабочен имаголошки роман, каде доминира градењето на претставата за Другиот, стожерна тема се човечките архетипови и судбини, односно меѓунационалните односи во еден помал македонски град (Тетово), предадени преку галерија од ликови, несекојдневни настани и трагични случаи.

Наградата на добитникот ќе му биде врачена на претстојниот Меѓународен саем на книгата во Скопје, кој ќе се одржи од 13-18 април.Инаку, досегашни добитници на оваа висока републичка книжевна награда се: Ермис Лафазановски, Игор Исаковски, Горјан Петревски, Ким Мехмети, Александар Прокопиев и Томислав Османли.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Две лица повредени во пожар во куќа во населбата Илинден

Објавено пред

Вчера во 08.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во скопската насeлба Илинден настанал пожар во куќата на Љ.М.(71), при што изгорела кровната конструкција. Притоа, со повреди се здобиле Љ.М. и С.М.(71) и биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Лопез и свршеникот Родригез на отворањето на празничните прозорци на Менхетн

Објавено пред

Џенифер Лопез ја воодушеви публиката со блескав настап во текот на доделувањето на Американските музички награди 2020 година во Лос Анџеле во неделата вечерта.

И помалку од 24 часа подоцна, мегаsвездата (51) беше забележана во Њујорк како присуствува на откривањето на празничниот прозорец на зграда на Петтата авенија (Saks Fifth Avenue) – една од најлуксузните згради на Големото јаболко – со својот свршеник Алекс Родригез во Њујорк.

Лопез изгледа неоспорно гламурозно додека се забавува со поранешниот професионален бејзбол-играч (45) пред колоритниот дисплеј.

Без сомнение, никој не може да го направи Божик како Њујорк. Живописните прозорци на екслузивните продавници на Менхетн ги запираат дури и најтврдокорните њујорчани.

Приказот на прозорците речиси секогаш се гледа кратко пред Денот на благодарноста и останува уште некој ден по Новата година.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Меган Фокс и раперот Кели првпат заедно во јавност

Објавено пред

Актерката Меган Фокс и раперот Мaшин-ган Кели првпат јавно се појавија како двојка на доделувањето на американските музички награди во неделата вечерта.

34-годишната актерка и 30-годишниот рапер, кои почнаа врска на почетокот на оваа година, продефилираа на црвениот тепих во театарот „Мајкрософт“ во Лос Анџелес.

Меган на себе имаше свилена смарагдно зелена креација, а нејзиниот партнер беше облечен во дводелен бел комплет со ниско деколте за да ги покаже тетоважите на градите.

Во последните месеци и двајцата говореа за нивната врска во интервјуа, а Меган неодамна рече „нашата врска има митски пропорции“.

“Сега сè е изолација, дехуманизација, разделување. И убаво е да пронајдете некој што може да ве извади од брзата лента и да направи да сте безбедни и да го надминете чувството дека во кој било момент може да се срушите“, изјави Кели неодамна.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет42 минути

Во САД повеќе од 2.500 починати од коронавирус за 24 часа

Соединетите Американски Држави во вторникот потврдија повеќе од 2.500 смртни случаи за 24 часа, што е најголем број смртни случаи...

Свет2 часа

Велика Британија ја одобри вакцината против коронавирус на „Фајзер“

Велика Британија е првата западна земја што одобри вакцина против коронавирус од производителот „Фајзер“. Британскиот регулатор, МХРА, вели дека вакцината,...

Свет2 часа

Американскиот секретар за правда: Нема докази за изборна измама

Американскиот секретар за правда, Вилијам Бар, рече дека Секретаријатот за правда не нашол докази за широко распространета изборна измама што...

Свет2 часа

Макрон: Вакцинацијата во Франција ќе почне во јануари

Францускиот претседател, Емануел Макрон, синоќа изјави дека програмата за вакцинација на коронавирус најверојатно ќе се активира на почетокот на јануари...

Македонија15 часа

Регистрирани 1.069 новозаразени, 1.242 оздравени и 29 починати лица од коронавирус

Во последните 24 часа се направени 3.012 тестирања, а регистрирани се 1.069 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-489,...

Македонија15 часа

Со посебни протоколи ќе се отворат скијачките центри

Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести дека скијачките центри може да работат во согласност со соодветен протокол,...

Македонија15 часа

Владата предлага продолжување на кризната состојба до јуни

Владата ќе достави до Собранието предлог за продолжување на кризната состојба до јуни в година. Владата на денешната седница го...

Топ18 часа

Украден паричник од покојник во ковид-центар во Скопје

Украден е паричник од маж што починал во ковид-центарот на комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот вчера во полицијата го пријавил...

Македонија18 часа

Бучковски назначен за специјален претставник на Владата за Бугарија

Владо Бучковски е именуван за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија. Поранешниот премиер е именуван на оваа позиција на...

Македонија19 часа

ЗНМ, ССНМ и СЕММ на средба со Филипче: Нема забрана за снимање, новинарите да продолжат непречено со својата работа

На барање на министерот за здравство, Венко Филипче, денеска се одржа состанок со претставници на Здружението на новинари на Македонија...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски: Ова се моменти кога се одлучува за иднината на нашите деца и внуци

„Ова се моменти кога се одлучува за иднината на нашите деца и внуци и затоа навистина овој пат треба да...

Регион20 часа

Србија воведе нови мерки – угостителските објекти и продавниците ќе работат до 17 часот, за викенд ќе бидат затворени

Србија воведе нови мерки кои треба да бидат усвоени од Владата в четврток и да стапат на сила в петок....

Македонија20 часа

УКИМ: Обезвреднувањето на идеалите и на жртвите за посебна македонска држава би значело и поткопување на темелите на државата

Обезвреднувањето на идеалите и на жртвите за посебна македонска држава би значело и поткопување на темелите на државата, сметаат од Универзитетот...

Македонија21 час

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 846 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 846 пациенти позитивни и...

Македонија23 часа

Волонтерите од Воено-медицинскиот центар и студентите од шеста година се вклучија во работата на ковид-центрите

Лекарите и медицинските сестри од Воено-медицинскиот центар (ВМЦ) и студентите кои се на шеста година студии на Медицинскиот факултет во...

Регион23 часа

Катимерини: Спорот меѓу Скопје и Софија ќе се пренесе во НАТО

Инсистирањето на Бугарија да ги блокира разговорите за пристапување во Европската Унија со Северна Македонија ризикува да создаде уште една...

Македонија1 ден

Почина заменик-градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи

Енвер Малиќи, заменик-градоначалникот на Град Скопје, починал денеска во болницата „Систина“, откако беше хоспитализиран поради низа здравствени проблеми, а беше...

Свет1 ден

„Модерна“ бара од САД и ЕУ да ја одобрат нејзината вакцина

Фармацевтската компанија „Модерна“ побара од регулаторите на САД и Европа да ја дозволат употребата на нејзината вакцина против коронавирус. Компанијата...

Свет1 ден

Азар: Првите вакцини против коронавирус во САД ќе стигнат пред Божиќ

Првите две вакцини против новиот коронавирус би можеле да им бидат достапни на Американците пред Божиќ, изјави американскиот министер за...

Свет1 ден

Си-ен-ен: Кина од почетокот криела податоци за коронавирусот, покажувала помали бројки

Си-ен-ен објави ексклузивни документи за кои наведува дека покажуваат значајни пропусти од страна на Кина на почетокот на епидемијата на...

Досие