Контакт

Uncategorized

Средношколците пеат француски шансони

Објавено пред

Телевизиско финале на натпреварот на Француска шансона 2010 ќе се одржи во сабота, 27 март во Младинскиот културен центар во Скопје

На натпреварот што традиционално се одржува веќе 11 години ќе настапат 12 финалисти, ученици од средните училишта, информира организаторот Францускиот центар за соработка Жан Моне.Победникот добива десетдневен  престој во Франција, а ќе настапат: Елена Крстеска, четврта година во гимназијата Свети Наум Охридски од Македонски Брод  за изведбата на песната Ја сакаш на Елен Сегара.Иван Панзовски, втора година во гимназијата Гоце Делчев во Куманово  за изведбата на песната Натали на Жилбер Беко.Марија Манева, трета година во гимназијата Орце Николов во Скопје за изведбата на песната Ако ме сакаш на Лара Фабиан.Елина Пахуми, трета годинаво гимназијата Орце Николов во Скопје за изведбата на песната Задоволството да љубиш од Нана Мускури.Зоре Бунческа, четврта година во гимназијата Д-р Ибрахим Темо во Струга за изведбата на споствената композиција Носталгија по времето.Магдалена Трповска, втора година во гимназијата Никола Карев во Скопје за изведбата на песната Заштити ме од Пласебо.Ивана Димоска, трета година во гимназијата Мирче Ацев во Прилеп за изведбата на песната Да ме сакаше од Лара Фабиан.Сања Смилевска и Бошко Игнатовски, ученици во трета година во гимназијата Кочо Рацин во Велес за изведбата на песната Врска на Грегори Лемаршал.Владимир Ризоски, втора година во гимназијата Раде Јовчевски – Корчагин во Скопје за изведбата на песната Те сакав, те сакам, би те сакал од Франсис Кабрел.Тамара Цицковска, четврта година во средното медицинско училиште Д-р Јован Калаузи во Битола за изведбата на песната Моето момче од Патрисиа Каас.Стефанија Јанева, трета година во гимназијата Свети Кирил и Методиј во Неготино за изведбата на песната Ангел чука на мојата врата од Наташа Сен-Пјер.Александра Андонова, четврта година во гимназијата Свети Кирил и Методиј во Неготино за изведбата на песната Далеку од тебе на Флоран Пањи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Две лица повредени во пожар во куќа во населбата Илинден

Објавено пред

Вчера во 08.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во скопската насeлба Илинден настанал пожар во куќата на Љ.М.(71), при што изгорела кровната конструкција. Притоа, со повреди се здобиле Љ.М. и С.М.(71) и биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Лопез и свршеникот Родригез на отворањето на празничните прозорци на Менхетн

Објавено пред

Џенифер Лопез ја воодушеви публиката со блескав настап во текот на доделувањето на Американските музички награди 2020 година во Лос Анџеле во неделата вечерта.

И помалку од 24 часа подоцна, мегаsвездата (51) беше забележана во Њујорк како присуствува на откривањето на празничниот прозорец на зграда на Петтата авенија (Saks Fifth Avenue) – една од најлуксузните згради на Големото јаболко – со својот свршеник Алекс Родригез во Њујорк.

Лопез изгледа неоспорно гламурозно додека се забавува со поранешниот професионален бејзбол-играч (45) пред колоритниот дисплеј.

Без сомнение, никој не може да го направи Божик како Њујорк. Живописните прозорци на екслузивните продавници на Менхетн ги запираат дури и најтврдокорните њујорчани.

Приказот на прозорците речиси секогаш се гледа кратко пред Денот на благодарноста и останува уште некој ден по Новата година.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Меган Фокс и раперот Кели првпат заедно во јавност

Објавено пред

Актерката Меган Фокс и раперот Мaшин-ган Кели првпат јавно се појавија како двојка на доделувањето на американските музички награди во неделата вечерта.

34-годишната актерка и 30-годишниот рапер, кои почнаа врска на почетокот на оваа година, продефилираа на црвениот тепих во театарот „Мајкрософт“ во Лос Анџелес.

Меган на себе имаше свилена смарагдно зелена креација, а нејзиниот партнер беше облечен во дводелен бел комплет со ниско деколте за да ги покаже тетоважите на градите.

Во последните месеци и двајцата говореа за нивната врска во интервјуа, а Меган неодамна рече „нашата врска има митски пропорции“.

“Сега сè е изолација, дехуманизација, разделување. И убаво е да пронајдете некој што може да ве извади од брзата лента и да направи да сте безбедни и да го надминете чувството дека во кој било момент може да се срушите“, изјави Кели неодамна.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Регистрирани 1.069 новозаразени, 1.242 оздравени и 29 починати лица од коронавирус

Во последните 24 часа се направени 3.012 тестирања, а регистрирани се 1.069 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-489,...

Македонија9 часа

Починатите од Ковид-19 не мора да бидат погребани во затворен и залемен метален сандак

На денешната седница Владата го прифати заклучокот на Комисијата за заразни болести дека овластените оператори за погребални услуги се должни...

Македонија9 часа

Со посебни протоколи ќе се отворат скијачките центри

Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести дека скијачките центри може да работат во согласност со соодветен протокол,...

Македонија9 часа

Владата предлага продолжување на кризната состојба до јуни

Владата ќе достави до Собранието предлог за продолжување на кризната состојба до јуни в година. Владата на денешната седница го...

Топ12 часа

Украден паричник од покојник во ковид-центар во Скопје

Украден е паричник од маж што починал во ковид-центарот на комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот вчера во полицијата го пријавил...

Македонија12 часа

Бучковски назначен за специјален претставник на Владата за Бугарија

Владо Бучковски е именуван за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија. Поранешниот премиер е именуван на оваа позиција на...

Македонија13 часа

ЗНМ, ССНМ и СЕММ на средба со Филипче: Нема забрана за снимање, новинарите да продолжат непречено со својата работа

На барање на министерот за здравство, Венко Филипче, денеска се одржа состанок со претставници на Здружението на новинари на Македонија...

Македонија14 часа

(Видео) Мицкоски: Ова се моменти кога се одлучува за иднината на нашите деца и внуци

„Ова се моменти кога се одлучува за иднината на нашите деца и внуци и затоа навистина овој пат треба да...

Регион14 часа

Србија воведе нови мерки – угостителските објекти и продавниците ќе работат до 17 часот, за викенд ќе бидат затворени

Србија воведе нови мерки кои треба да бидат усвоени од Владата в четврток и да стапат на сила в петок....

Македонија14 часа

УКИМ: Обезвреднувањето на идеалите и на жртвите за посебна македонска држава би значело и поткопување на темелите на државата

Обезвреднувањето на идеалите и на жртвите за посебна македонска држава би значело и поткопување на темелите на државата, сметаат од Универзитетот...

Македонија15 часа

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 846 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 846 пациенти позитивни и...

Македонија17 часа

Волонтерите од Воено-медицинскиот центар и студентите од шеста година се вклучија во работата на ковид-центрите

Лекарите и медицинските сестри од Воено-медицинскиот центар (ВМЦ) и студентите кои се на шеста година студии на Медицинскиот факултет во...

Регион17 часа

Катимерини: Спорот меѓу Скопје и Софија ќе се пренесе во НАТО

Инсистирањето на Бугарија да ги блокира разговорите за пристапување во Европската Унија со Северна Македонија ризикува да создаде уште една...

Македонија19 часа

Почина заменик-градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи

Енвер Малиќи, заменик-градоначалникот на Град Скопје, починал денеска во болницата „Систина“, откако беше хоспитализиран поради низа здравствени проблеми, а беше...

Свет19 часа

„Модерна“ бара од САД и ЕУ да ја одобрат нејзината вакцина

Фармацевтската компанија „Модерна“ побара од регулаторите на САД и Европа да ја дозволат употребата на нејзината вакцина против коронавирус. Компанијата...

Свет19 часа

Азар: Првите вакцини против коронавирус во САД ќе стигнат пред Божиќ

Првите две вакцини против новиот коронавирус би можеле да им бидат достапни на Американците пред Божиќ, изјави американскиот министер за...

Свет19 часа

Си-ен-ен: Кина од почетокот криела податоци за коронавирусот, покажувала помали бројки

Си-ен-ен објави ексклузивни документи за кои наведува дека покажуваат значајни пропусти од страна на Кина на почетокот на епидемијата на...

Свет19 часа

Американски експерти: Ким е вакциниран против Ковид-19, вакцината му ја дала Кина

Кина му обезбедила експериментална вакцина против коронавирус на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и неговото семејство, тврди американскиот аналитичар Хери Казианис,...

Свет20 часа

САД: Осуден на смрт пред 20 години не може да биде погубен бидејќи нема инјекција

Судот во Јужна Каролина донесе одлука да се одложи извршување на смртната казна со вбризгување инјекција на осуденикот Ричард Бернард...

Македонија20 часа

Меркел: Северна Македонија се надеваме годинава да ги почне преговорите, Албанија ќе почека

Северна Македонија сè уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, во текот на германското...

Досие