Uncategorized
Кратки Резови 3 – НОМАД танц академија 2010
Третата генерација студенти ќе се претстави со своите 14 нови дела, програма насловена како Кратки Резови 3 (Short Cuts 3), на 18, 19 и 20 јуни на различни локации во Љубљана
Автори и изведувачи на 14-те кратки перформанси од областа на современиот танц се учесниците/студенти на Едукативната програма на Номад танц академија 2010: Пјер Ив Диакон и Елеонор Ришард (Швајцарија), Флориан Веселс (Германија), Маја Леви (Израел), Климент Попоски и Викторија Илиоска (Македонија), Јана Јевовтич и Јована Ракич (Србија), Еста Маткович и Мартина Рукавина (Хрватска) Домен Шега и Инти Шрај (Словенија), Кателина Канчева и Красимира Бакардиева (Бугарија).Оттаму, овогодишната програма на Кратки резови 3 (Short Cuts 3) се состои од 14 перформанси од областа на современиот танц кои премиерно ќе се изведат во рамките на фестивалот Плескавица во Љубљана. Новата генерација на aвтори и изведувачи на 14-те креации доаѓаат од Бугарија, Хрватска, Германија, Израел, Македонија, Србија, Словенија и Швајцарија, и во рамките на Едукативната програма на Номад танц академијата во период од 4 месеци заедно живееа, патуваа и работеа. Едукативната програма 2010 се реализираше во шест различни градови од регионот (Скопје, Софија, Белград, Кањижа, Загреб, Птуј и Љубљана) во кои студентите имаа можност да се запознаат поблиску со нивните уметнички сцени. Оваа програма им овозможи на студентите многубројни предавања, работилници, состаноци и средби со кореографи, танчери, уметници, теоретичари, драматурзи, како и простор за нивно лично уметничко истражување и изразување. Со помош на ментори и локален тим, Номадите креираат серија на кратки перформанси, инсталации и настани (5-30 минути) и истите ќе ги изведат на разни локации во Љубљана во рамките на фестивалот Плескавица. (http://www.ficobalet.org/). НОМАД ТАНЦ АКАДЕМИЈА е дел од активностите од проектот Jardin d’Europe (http://www.jardindeurope.eu ). НОМАД ТАНЦ АКАДЕМИЈА проектот е поддржан од Швајцарска програма за култура за Западен Балкан и Програма за култура 2007-2013 на Европската Унија. Партнери на НОМАД танц академија се: Танцеларија-Босна и Херцеговина, Бреин Стор проект-Бугарија, Тала Данс Центар-Хрватска, Локомотива-Македонија, Станица-Србија и Фичо Балет–Словенија.Повеќе информации за проектот можете да најдете на официјалната
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Николовски на четвртата работилница од програмата за управување со пожари на ниво на предел: Оваа програма е од особено значење за државата
Денеска, се одржува четвртата работилница од осумгодишната програма за управување со пожари на ниво на предел, на која учествуваа претставници од речиси сите релевантни институции, како и приватни организации и здруженија.
Постојаното зголемување на температурата предизвика глобално затоплување на планетата и променливи временски услови, засилени, неочекувани и понекогаш екстремни климатски непогоди, кои претставуваат сериозна закана на глобално, регионално и на национално ниво. Овие промени ја зголемуваат веројатноста за интензивни пожари на ниво на предел загрозувајќи ги екосистемите, ризикот за животот на населението и пределите од кои луѓето егзистираат.
„Оваа програма е од особено значање за државата и јасно ја отсликува нашата свесност за влијанието на климатските промени и потребата да имаме национална стратегија како да управуваме со пожари на ниво на предел. Програмата за управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан веќе година и пол спроведува активности во нашата држава, каде што Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е активен партнер и е државна институција, која е одговорна за спроведување и имплементација на активностите на национално ниво со стручната и експертска поддршка обезбедена од страна на Регионалниот центар за следење шумски пожари од Скопје. Оваа програма, која е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координирана од ФАРМАХЕМ – Скопје и со советодавна поддршка на ХЕЛВЕТАС од Швајцарија, има цел преку активна работа на сите учесници да придонесе за ублажување на негативното влијание од пожарите на ниво на предел во Западен Балкан и да придонесе кон намалување на влијанието на климатските промени. Со тоа ќе се постигне зголемување на отпорноста на шумите во Западен Балкан, од кое директна корист ќе имаат локалното население, шумскииот биодиверзитет, односно целиот екосистем карактеристичен за одреден предел“, посочи министерот Николовски.
Она што ја прави оваа програма уште позначајна е тоа што таа се спроведува во седум земји од Западен Балкан и има цел да ја подобри регионалната соработка помеѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово. Балканските држави се поврзани меѓусебно за заедничко координирано управувањето со пожарите на ниво на предел. Во таа наша заедничка активност вклучени се претставници од повеќе институции, организации и здруженија, како и локалното население, што силно придонесува да се подигне јавната свест за заштита на природните ресурсии и важноста на личниот придонес на секој поединец.
Од друга страна, освен регионалната соработка, програмата предвидува и национален ангажман и посветена работа на нашата национална мрежа, која преку еден отворен и транспарентен процес изработи извештај за управување со пожарите на ниво на предел во Северна Македонија, кој денеска беше презентиран. Овој извештај како заеднички производ има цел да придонесе кон подобро разбирање на состојбата со пожарите на ниво на предел во Северна Македонија земајќи ги предвид шумите и другото шумско земјиште како главен екосистем во кој се случуваат пожарите, вклучувајќи ги и пределите, односно целокупниот пејзаж, кој е потенцијално загрозен од пожар. Извештајот јасно ги детектира слабостите на системот и дава насоки за подобрување на состојбата и изготвување национална стратегија како основа и клучен документ врз кој ќе се водат идните политики за управување и заштита на шумите и пределите од пожарите.
„Програмата е сеопфатна, пристапот е фронтален со широко учество на релевантни државни институции, но и приватни органзиации и здруженија, како и силна регионална соработка. Заедно сме во овој процес, затоа што така сме посилни, подготвени, координирани, обучени и мотивирани заедно да се бориме против влијанијата на климатските промени и потенцијалните опасности од пожар. Ова е нешто што одамна ни требаше, но никогаш не е доцна за подобрување на состојбите и затоа ми е драго што имаме ваква програма, која веќе ги дава првите резултати“, рече министерот Николовски во своето поздравно обраќање пред присутните.
Николовски упати искрена благодарност до сите учесници за активниот придонес кон напредокот на програмата за управување со пожари на ниво на предел. Како резултат на досегашната работа на националната мрежа имплементирани се принципи за управување со пожари на ниво на предел во новиот закон за шумите, кој е во владина постапка за негово усвојување, а во фаза на изработка се и три нови правилници, кои произлегуваат од него.
Програмата за управување со пожари на ниво на предел е осумгодишен проект, кој со одговорна и посветена работа и во наредните години ќе придонесе за да ја достигнеме нашата заедничка цел, а тоа е да изградиме национални екосистеми отпорни на пожари.
Uncategorized
Москва: Бројот на повредени во нападот во „Крокус сити хол“ се зголеми на 360 лица
Бројот на повредени во нападот на концертната сала „Крокус сити хол“ се искачи на 360, соопшти денеска медицинската служба.
„Со податоците од утринава, во терористичкиот напад се повредени 360 лица, меѓу кои 11 деца“, се наведува во соопштението што го пренесува „Тас“.
Вкупно 92 лица повредени во нападот се хоспитализирани, 63 веќе се отпуштени од болниците, а 205 се на амбулантско лекување, додаде здравствениот претставник.
Исламската држава ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во петокот вечерта во „Крокус сити хол“, во предградието на Москва, во кој загинаа најмалку 139 лица.
За нападот се уапсени 11 осомничени, меѓу кои и четворица вооружени напаѓачи, кои биле приведени во областа Брјанск, југозападно од Москва, додека се обидувале, како што тврдат руските власти, да побараат засолниште преминувајќи ја блиската украинска граница, пренесува „Танјуг“.
Uncategorized
Уапсена 60-годишна скопјанка: нападнала 33-годишен маж, а подоцна и полицаец
Синоќа, во 23.20 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ја лишиле од слобода В. Ј. (60) од Скопје.
Таа, претходно, на улицата Трајче Стрезоски во Кичево, физички го нападнала Ф. С. (33) од Скопје и ја оштетила неговата службена опрема, а потоа во службените простории на ОВР Кичево, каде што била повикана на разговор, физички го нападнала полицискиот службеник и го уништила изготвениот службен материјал.
По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.