Контакт

Uncategorized

Во Авганистан откриен будистички манастир стар 2.600 години

Објавено пред

При ископ на неексплоатиран рудник за бакар во местото Мес Ањак, во источниот дел на Авганистан, во покраината Логар, случајно било откриено спектакуларно археолошко откритие, многубројни статуи на Буда и остатоци од будистички манастир, кој својот процут го доживеал пред околу 2.600 години

Археолозите веднаш побрзале да го спасат она што можеле од овој богат верски објект кој датира од VII век, пред наша ера. Целата приказна се случувала во сенка на непријатните сеќавања на т.н Буда од Бамијан- повеќе од 50 метри високата статуа во централниот дел на Авганистан, кои тогашните владетели на земјата, талибанците, во 2001 година го срамнија со земја како симбол на паганството. Во Мес Ањак никој не би сакал да биде обвинет за слични уништувања на историското наследство, па затоа кинеската компанија, која сакала да почне со изградбата на рудникот, во 2011 г., заедно со авганистанската влада постигнала неформален договор за одложување на ископувањата во рудникот на три години, со што археолозите ќе стојат на располагање за спасувањето на ископините. Во манастирот се ископани сали и соби со украсни фрески, повеќе од 150 камени статуи на Буда, некои високи и по 3 метри, а во областа во која била дворот се наоѓале бројни столбови високи околу 1,5 метри. Петнаесет авганистански археолози, кои работат на терен со помош на француските колеги, тврдат дека ова е најверојатно и едно од најважните локалитети, меѓутоа со оглед на ресурсите и персоналот, времето кое им е дадено на располагање е недоволно.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Серена Вилијамс лансира колекција куфери среде пандемија

Објавено пред

Таа е тениска легенда и светска шампионка која поголемиот дел од својот живот го помина патувајќи низ светот за да се натпреварува на највисоко ниво.

Затоа, не е изненадување што Серена Вилијамс одбра совршен начин да ја истакне убавината на патувањата и ја започна втората линија од својата колекција куфери со Away.

39-годишната тенисерка призна дека „сонува да патува повторно безбедно и се надева дека нејзината нова линија ќе им помогне на луѓето да започнат да ги планираат своите идни патувања“.

Вилијамс пренесува париски вибрации додека пие еспресо и гледа во далечина, со голема фотографија на Ајфеловата кула во позадината, а медиумите додаваат дека Вилијамс е во својот дом.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Велосипедист удрил во пешак и побегнал

Објавено пред

Скопјанец е тешко повреден откако велосипедист удрил во него, по што побегнал. Како што информира полицијата, вчера во 14:10 часот во Скопје на улица 50-та дивизија велосипед управуван од засега непознато лице кое го напуштило местото на настанот удрил во пешакот А.Р.(47) од Скопје. На повредениот му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот, соопшти полицијата.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Улогата на Наоми Кембел за туризмот во Кенија предизвика полемика

Објавено пред

Назначувањето на британскиот супермодел Наоми Кембел за кениски амбасадор за туризам предизвика бура на Твитер во источноафриканската држава.

Многумина се прашаа зошто оваа функција не ѝ била дадена на истакната Кенијка како холивудската актерка Лупита Нионго. Други преминаа во нејзина одбрана, велејќи дека дебатата на социјалните мрежи веќе ја оправдала нејзината улога.

Туристичкиот сектор во Кенија е тешко погоден од коронавирусот, а бројот на посетители е намален за 72% во периодот од јануари до октомври минатата година.

„Секторот изгуби над 110 милијарди кениски шилинзи (1 милијарда американски долари) од приходите од директни меѓународни туристи поради пандемијата на Ковид-19 “, објави минатиот месец кенискиот Институт за истражување на туризам.

Земјата е позната по возбудливите сафарија, разновидност на дивиот свет и ресорти на плажа.

Кенискиот министер за туризам, Наџиб Балала, изјави дека договорот со г-ѓа Кембел бил направен минатиот викенд откако тој се сретнал со неа минатата недела додека била на одмор во Кенија.

50-годишната икона на стилот и филантроп објави фотографии од нејзиниот престој на Инстаграм, каде има 10 милиони следачи.

„Ние ја поздравуваме возбудливата вест дека Наоми Кембел ќе се залага за туризмот и ќе патува на меѓународно ниво за брендот ‘Волшебна Кенија’“, рече Балала. Тој не наведе дополнителни детали за договорот.

Изјавата, објавена на Твитер во вторникот, предизвика инстант револт кај некои, а други ги отфлија критиките за нејзиниот избор.

Еден корисник на Твитер наброја други познати личности од Кенија кои повеќе одговараат за амбасадорската улога, вклучувајќи ги моделите Ајума Насењана и Дебра Санајпеи, како и актерката Нионго.

Друг твитерџија напиша дека ваквата реакција открива нездрав став во Кенија: „На крајот на денот, сè е за тоа кој ќе ја заврши работата. Овој менталитет е тој што предизвикува непотизам и племенство во кениските институции “.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Владата ја започна постапката за набавка на 200.000 дози инактивирана вакцина

Владата на вечерашната седница, ја усвои Информацијата за набавка на САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против Ковид-19. „ Со заклучок на Владата,...

Свет11 час

„Мртвите“ вакцини како кинеските се поефикасни против новите видови коронавирус

Постои загриженост дека вакцините што се користат во целиот свет може да бидат помалку ефикасни против новите видови коронавирус, што...

Свет11 час

„Оксфорд“ очекува набргу податоци за ефикасност на вакцината против британскиот сој

Универзитетот „Оксфорд“ очекува дека податоците за ефикасноста на вакцината што ја разви против британскиот сој на коронавирус ќе бидат готови...

Македонија12 часа

Над 20 лекари и медицински лица на Клиниката за нефрологија позитивни на коронавирус

Над дваесет здравствени работници од Клиниката за нефрологија се позитивни на коронавирусот, објави Министерството за здравство. Како што се наведува,...

Македонија14 часа

Британскиот сој на вирусот детектиран во приватна лабараторија во Скопје

Министерството за здравство информира дека денеска при анализа на податоци од позитивни ковид-пациенти во јануари, во приватната лабораторија за генетика...

Македонија16 часа

Војниците ќе можат да изберат опремнина од 1.000 евра за секоја година помината во Армијата

Професионалните војници кои ќе навршат 45 години возраст, доколку не сакаат да продолжат со работа во државна институција, ќе можат...

Македонија16 часа

Нови 394 случаи на коронавирус, оздравени се 387 пациенти, а починаа 9 лицa

Во последните 24 часа се направени 2.236 тестирања, а регистрирани се 394 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 190,...

Македонија16 часа

Две котларници на „Фагус“ од Пехчево испуштаат прашина и штетни гасови, велат од инспекторатот за животна средина

По претставка од граѓани, Државниот инспекторат за животна средина вчера изврши контрола на емисиите во дрвниот комбинат „Фагус“ во Пехчево....

Македонија17 часа

МВР за „Јавна соба“: Жртвите да пријават злоупотреби

„Секторот за комјутерски криминал и дигитална форензика при МВР презема мерки за расчистување на случајот. Го повикуваме секој граѓанин кој...

Македонија18 часа

По една година одново актуелна групата „Јавна соба“ – илјадници членови споделуваат експлицитни фотографии oд девојки

Една година по обелоденувањето на скандалот „Јавна соба“ за групата на социјалната мрежа „Телеграм“, каде илјадници членови споделуваа експлицитни фотографии...

Македонија19 часа

Здружението на директори од основните и средните училишта со поддршка на реформите

Текот на наставата во второто полугодие и реформските процеси во образованието беше тема на разговорот со Здружението на директори од...

Македонија20 часа

Непроспиена ноќ во Маврово, почувствувани пет земјотреси

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје рано утринава регистрира серија од земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 50 километри југозападно...

Европа21 час

Зaпaден Балкан на листата на шест итни приоритети на новата администрација на САД и на Германија

Западен Балкан е на списокот на заедничките надворешнополитички приоритети на новата американска администрација и на Германија, беше истакнато во телефонскиот...

Свет21 час

Мадуро промовира капки од мајчина душица како чудотворен лек против Ковид-19

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро промовира „чудотворен лек“ за кој тврди дека лечи од Ковид-19 без несакани ефекти. Британските медиуми пренесуваат...

Свет22 часа

Бајден и Путин договорија продолжување на договорот за нуклеарното оружје

Претседателот на САД, Џо Бајден, и рускиот претседател Владимир Путин договорија продолжување на договорот околу контролата на оружјето. Тие во...

Македонија22 часа

Земјотрес во Маврово со јачина од 3,6 степени

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала е почувствуван изутринава во 7:44 часот во подрачјето на Гостивар. Според...

Свет1 ден

Прв телефонски разговор меѓу Путин и Бајден

Новиот американски претседател, Џо Бајден, денеска го одржал првиот телефонски разговор со својот руски колега, пренесе Белата куќа, додавајќи дека...

Македонија2 дена

21 починат и 444 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.518 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на...

Топ2 дена

Поранешниот прилепски градоначалник осомничен за криминал со државно земјиште

Против поранешниот градоначалник на Прилеп, Маријан Ристески, и уште осум лица, како и против две правни лица, поднесена е кривична...

Европа2 дена

Меркел бара затворање на границите и забрана за патување, пишуваат германските медиуми

Германската канцеларка, Ангела Меркел, за време на состанок на раководството на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) се заложила за можност за целосна...

Досие