Uncategorized
Дивна Пешиќ се врати од отворањето на изложбата во Мајами

Македонската ликовна уметница Дивна Пешиќ деновиве се врати од Мајами, САД, каде со голем успех ја реализираше својата десетта по ред самостојна изложба што беше отворена на 9-ти октомврикоја ќе трае до март следната година во елитната галерија Ситилофт Арт Галери во Мајами
На оваа изложба Дивна Пешиќ се претстави со триесеттина нови дела работени во техниката масло на платно, а истате е насловена „Како да направиш љубовта да остане?”.Особен куриозотет е што за врема на својот едномесечен престој во Америка, од страна на специјално жири составено од представници од 25 најпознати галерии низ цела Америка, Дивна Пешиќ е прогласена за една од 33-те најзначајни креативни умови, а нејзиното официјално објавување ќе биде во декемвриското издание на елитниот арт магазин SOFI. Оваа вест е дотоку позначајна што доаѓа токму во предвечерието на најпознатиот американски саем за уметност Арт Базел што се одржува во декември во Мајами, вели Дивна Пешиќ чии дека се изложени вововој град.Претставувањето пред американската публика на Пешиќ следуваше веднаш по освојувањето на неколку награди на Americen Art Awords 2010 меѓу кои се издвојуваат – Прво место во категоријата на апстракетен експресионизам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Улогата на Наоми Кембел за туризмот во Кенија предизвика полемика

Назначувањето на британскиот супермодел Наоми Кембел за кениски амбасадор за туризам предизвика бура на Твитер во источноафриканската држава.
Многумина се прашаа зошто оваа функција не ѝ била дадена на истакната Кенијка како холивудската актерка Лупита Нионго. Други преминаа во нејзина одбрана, велејќи дека дебатата на социјалните мрежи веќе ја оправдала нејзината улога.
Туристичкиот сектор во Кенија е тешко погоден од коронавирусот, а бројот на посетители е намален за 72% во периодот од јануари до октомври минатата година.
„Секторот изгуби над 110 милијарди кениски шилинзи (1 милијарда американски долари) од приходите од директни меѓународни туристи поради пандемијата на Ковид-19 “, објави минатиот месец кенискиот Институт за истражување на туризам.
Земјата е позната по возбудливите сафарија, разновидност на дивиот свет и ресорти на плажа.
Кенискиот министер за туризам, Наџиб Балала, изјави дека договорот со г-ѓа Кембел бил направен минатиот викенд откако тој се сретнал со неа минатата недела додека била на одмор во Кенија.
50-годишната икона на стилот и филантроп објави фотографии од нејзиниот престој на Инстаграм, каде има 10 милиони следачи.
„Ние ја поздравуваме возбудливата вест дека Наоми Кембел ќе се залага за туризмот и ќе патува на меѓународно ниво за брендот ‘Волшебна Кенија’“, рече Балала. Тој не наведе дополнителни детали за договорот.
Изјавата, објавена на Твитер во вторникот, предизвика инстант револт кај некои, а други ги отфлија критиките за нејзиниот избор.
Еден корисник на Твитер наброја други познати личности од Кенија кои повеќе одговараат за амбасадорската улога, вклучувајќи ги моделите Ајума Насењана и Дебра Санајпеи, како и актерката Нионго.
Друг твитерџија напиша дека ваквата реакција открива нездрав став во Кенија: „На крајот на денот, сè е за тоа кој ќе ја заврши работата. Овој менталитет е тој што предизвикува непотизам и племенство во кениските институции “.
Uncategorized
Скопјанец обвинет за тешката сообраќајна несреќа во Трубарево

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе oбвинителен акт против едно лице кое се товари за кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот 72-годишник, на 11 октомври, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувајќи патничко моторно возило „бе-ем-ве“ во село Трубарево, во насока од исток кон запад, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај. Тој постапил спротивно на член 228 став 1 и член 35 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, па возилото го управувал во алкохолизирана состојба со содржина на алкохол во крвта од 1,78 промили и содржина на алкохол во урина 2,43 промили. Низ населено место, автомобилот го управувал со брзина од 91 километри на час, што е значително поголема од дозволената.
Поради тоа тој изгубил контрола над управувачот и со десните тркала излегол десно надвор од коловозот, се качил на тротоарот, а со предниот дел од возилото удрил во задното тркало од мопед „баутијан“, без регистарски таблички управуван од оштетениот Идриз Ќеримовски. Од ударот, оштетениот со мопедот паднал на коловозот, се здобил со тешки телесни повреди на кои им подлегнал на самото место и починал.
Обвинетиот продолжил со автомобилот да се движи во десно излегувајќи надвор од коловозот, па со предниот дел од возилото во автобуското стојалиште на ЈСП Скопје и во телото на оштетено дете Ваљтон Битики, кое како пешак стоело на автобуското стојалиште. Од ударот оштетеното дете здобило тешки телесни повреди, на кои им подлегнало во болница. Обвинетиот и натаму со возилото продолжил да се движи по тротоарот, удрил и соборил дрвена бандера и сообраќаен знак, по што со возилото излегол лево надвор од коловозот каде што автомобилот запрел.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетото лице со цел да се обезбеди неговото присуство во текот на постапката и да се спречи тој да го повтори делото кое му се става на товар.
Uncategorized
Две лица повредени во пожар во куќа во населбата Илинден

Вчера во 08.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во скопската насeлба Илинден настанал пожар во куќата на Љ.М.(71), при што изгорела кровната конструкција. Притоа, со повреди се здобиле Љ.М. и С.М.(71) и биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а увид извршила екипа од СВР Скопје.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот