Uncategorized
Фото изложба на Евдокија Николова
На 16-ти јануари (недела) во просториите на МКЦ клуб во 20 часот ќе биде отворена самостојната фото изложба под наслов „Моменти (емоција,страст,слобода)’ на Евдокиа Николова
Отворањето на изложбата составена од вкупно 74 фотографии од три тематски основи, пејзаж, амбиент и студиски портрет, балетска и оперска фотографија ќе биде означено со обраќање на авторот во 21 часот и видео фото музичка проекција од делата а во продолжение на програмата ќе следи музички настап на Елена Христова од македонскиот етно состав Баклава и Александар Стојанов – Зорин, по што ќе следи музички сет на DJ Дикитал. Изложбата ќе биде одржана во чест и сеќавање на Славе Герасимовски.Евдокиа Николова, живее и работи во Скопје. Еден од нејзините омилени начини на креативно самоизразување е фотографирањето. За нејзината работа е добитник на повеќе признанија и награди, меѓу кои награда за освоено прво место во склоп на летната фото школа и изложба на тема „Пејзаж“ 2009 г. во организација на Македонскиот центар за фотографија, сертификат за учество на Фото сафари низ пределите на Македонија со претставници на National Geographic во организација на Македонскиот центар за фотографија, Септември 2008, поседува и сертификат за учество на работилница наменета за промовирање на ран детски развој низ иновативен медиа материјал во организација на Уницеф,Февруари 2009. Исто така, уесник е и на голем број проекти
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Москва: Бројот на повредени во нападот во „Крокус сити хол“ се зголеми на 360 лица
Бројот на повредени во нападот на концертната сала „Крокус сити хол“ се искачи на 360, соопшти денеска медицинската служба.
„Со податоците од утринава, во терористичкиот напад се повредени 360 лица, меѓу кои 11 деца“, се наведува во соопштението што го пренесува „Тас“.
Вкупно 92 лица повредени во нападот се хоспитализирани, 63 веќе се отпуштени од болниците, а 205 се на амбулантско лекување, додаде здравствениот претставник.
Исламската држава ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во петокот вечерта во „Крокус сити хол“, во предградието на Москва, во кој загинаа најмалку 139 лица.
За нападот се уапсени 11 осомничени, меѓу кои и четворица вооружени напаѓачи, кои биле приведени во областа Брјанск, југозападно од Москва, додека се обидувале, како што тврдат руските власти, да побараат засолниште преминувајќи ја блиската украинска граница, пренесува „Танјуг“.
Uncategorized
Уапсена 60-годишна скопјанка: нападнала 33-годишен маж, а подоцна и полицаец
Синоќа, во 23.20 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ја лишиле од слобода В. Ј. (60) од Скопје.
Таа, претходно, на улицата Трајче Стрезоски во Кичево, физички го нападнала Ф. С. (33) од Скопје и ја оштетила неговата службена опрема, а потоа во службените простории на ОВР Кичево, каде што била повикана на разговор, физички го нападнала полицискиот службеник и го уништила изготвениот службен материјал.
По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Uncategorized
Повреден мотоциклист од Пехчево, пренесен во комплексот клиники во Скопје
Вчера во 18.05 часот во Полициското одделение Пехчево било пријавено дека на место викано „Елата“ во атар на Пехчево, 31-годишниот Д.Ц. од Пехчево, управувајќи мотоцикл, паднал на патот, извести МВР.
„Во несреќата, со повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош“, соопшти МВР.
Извршен бил увид.