Контакт

Uncategorized

ДИК одлучи да не се употребуваат печатите кои се користеле на претходните изборни циклуси

Објавено пред

 

Државната изборна комисија, донесе Одлука да се ставаат вон употреба печатите за избирачките места за гласање во Република Македонија и во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларни канцеларии на Република Македонија во странство, кои се користеле за време на претходните изборни циклуси.

Врз основа на членот 31 став 2 точка 11 од Изборниот законик Државната изборна комисија, на седницата одржана во вторник, донесе Одлука за ставање вон употреба на печатите за избирачките места кои се користеле за време на претходните изборни циклуси.

Со оваа одлука се ставаат вон употреба печатите за избирачките места за гласање во Република Македонија и во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларни канцеларии на Република Македонија во странство, кои се користеле за време на претходните изборни циклуси.

Печатите со оваа одлука треба да се складираат и да се чуваат во просториите на Државната изборна комисија.

Претходно, ДИК утврди дека од депоата фалат четириесетина печати, но и тогаш образложија, дека најчесто се изработуваат нови печати за секои избори, на кои се вметнува некој новитет./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Османи на средба со премиерот на Косово, Албин Курти

Објавено пред

За време на официјалната посета на Приштина, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба и со претседателот на владата на Република Косово, Албин Курти.

На средбата беше нагласена заемната подготвеност и интерес за одржување на заедничката седница на Владите на двете држави во најскоро можно време, со што ќе се реафирмираат пријателските односи меѓу двете држави, но ќе биде и поттик за нивно натамошно продлабочување, особено преку големиот број договори за билатерална соработка на линиските ресори, кои се очекуваат да бидат потпишани во рамките на овој настан.

Посебен осврт беше направен врз проектите за инфраструктурно поврзување – автопатот Скопје-Блаце и автопатот Тетово-Призрен, како и зголемувањето и подобрувањето на капацитетите на граничните премини меѓу двете земји, со воведување на концептот за заеднички контроли, кои во дополнителна мерка ќе ја олеснат комуникацијата на граѓаните од двете држави и бизнис-заедницата. Беше истакнат и интересот за заеднички проекти на двете држави во шарпланинскиот реон.

Соговорниците разговараа за актуелните внатрешно политички состојби во двете земји, со акцент на активностите на Владите на двете земји во справување со пандемијата и во овој контекст, напорите за намалување на последиците, пред сè здравствени и економски, од воведувањето на рестриктивните мерки по овој повод.

Во рамките на посетата на Приштина, министерот Османи оствари средба и со двајца почесни конзули на нашата држава во Република Косово, со кои беа разменети мислења за можностите за унапредувањето на билатералната соработка, пред сè преку нивниот ангажман на економски и културен план.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Малта

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари разговор преку видеоврска со новоименуваната амбасадорка на Република Малта во Република Северна Македонија, Мери Шиклуна, по повод предавањето на акредитивните писма кои поради пандемијата на Ковид-19, беа доставени по писмен пат.

Во разговорот претседателот Пендаровски го поздрави засилениот политички дијалог меѓу Република Северна Македонија и Малта и изрази очекување дека позитивниот развој на билатералните односи ќе резултира со конкретна соработка во повеќе области од заемен интерес, инфромираат од неговиот кабинет.

Претседателот Пендаровски се заблагодарил за поддршката од Малта на патот на европската интеграција на Северна Македонија, посочувајќи дека размената на искуства во реформскиот процес е секогаш добредојдена.

На средбата Пендаровски посочил дека во Малта живеат и работат голем број граѓани на Република Северна Македонија, кои како заедница претставуваат значаен мост за понатамашно зближување на двете земји.

Соговорниците посочија дека двете земји располагаат со големи потенцијали за унапредување на соработката во сферата на економијата, здравството, културата, образованието и туризмот. За таа цел е неопходно натамошно проширување на договорната рамка.

На амбасадорката Шиклуна, претседателот Пендаровски ѝ посакал успешно вршење на дипломатската должност и изрази уверување дека нејзините напори ќе придонесат за натамошно зајакнување на соработката меѓу двете земји.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Ешли Тисдејл ја продаде вилата во Лос Фелиз за 5,8 милиони долари

Објавено пред

Актерката Ешли Тисдејл ја продаде својата маркантна резиденција во Лос Фелиз за 5,78 милиони долари. Таа имотот го купи во 2019 година за 4,1 милиони.

Ѕвездата на High School Musical првично ја наведе вилата во медитерански стил, со површина од 4.214 квадратни метри, во јануари за 5.795 милиони долари, како што објави „Пипл“.

 

Продажбата се случи само неколку дена откако Тисдејл го пречека своето прво дете, ќерката Јупитер, со сопругот Кристофер Френч, со кого е во брак седум години.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Владата ги поддржува активностите на Општина Охрид за отстранување на бесправните градби

Владата ги поддржува активностите за отстранување на бесправните градби на охридското крајбрежје, кои ги изведува Општина Охрид, со што ги...

Македонија10 часа

Затворски казни за издавање лажни пасоши на странци со криминално досие

Четири затворски казни и една условна за лицата што признаа дека изработувале лажни пасоши на странци со криминално досие. Судечкиот...

Македонија10 часа

323 нови случаи на Ковид-19, починати се 24 лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени...

Македонија14 часа

Филипче: Одлуката за полицискиот час не ја донесов сам, туку по телефонска консултација со членовите на Комисијата

Одлуката за скратување на полицискиот час и за продолжување на работното време не е политичка, изјави министерот за здравство, Венко...

Македонија15 часа

Министерство за здравство: Граѓаните кои добиле порака да се вакцинираат во друг град, сами ја згрешиле локацијата

Граѓаните при закажување на веб-страницата vakcinacija.mk сами направиле погрешен избор на локација каде сакаат да се вакцинираат и поради тоа...

Македонија16 часа

Заев: Не верувам дека Црвенковски ќе формира нова партија

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, не верува дека експретседателот на Социјалдемократскиот сојуз Бранко Црвенковски ќе формира нова партија....

Свет16 часа

Вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ ја намалуваат хоспитализацијата на стари лица за 94 проценти

Вакцинацијата со вакцините на „Модерна“ или на „Фајзер“ значително го намалува ризикот од хоспитализација на стари лица, покажуваат податоците на...

Регион16 часа

Вучиќ: Вакцинираните ќе добијат парична помош како награда

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека е донесена одлука за обезбедување дополнителна парична помош за оние кои се вакцинирани...

Свет17 часа

(Видео) Израел ја рaкетираше Сирија, има и жртви

Израел рано утрово ja ракетираше северозападна Сирија при што загина најмалку еден човек, а повредени се шестмина. Авиони на израелското...

Свет17 часа

Бајден: Нашата цел е до 4 јули да бидат вакцинирани 70 отсто Американци

Американскиот претседател, Џо Бајден, изјави дека целта е до 4 јули барем со една доза вакцина против коронавирус да бидат...

Македонија18 часа

Полициски час од 23 часот, угостителските објекти ќе работат до 22 и 30 часот

Од денеска полицискиот час ќе почнува од 23 часот, а угостителските објекти ќе работат до 22 и 30 часот, одлучи...

Регион1 ден

Борисов: Жртвата на Гоце Делчев да биде пример за Бугарија и Република Северна Македонија

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешното одбележување на 118-годишнината од смртта на Гоце Делчев рече дека тој е еден од...

Свет1 ден

Колкy заработи „Фајзер“ оваа година од вакцините против коронавирусот

Минатата година во трката за развој на вакцина против Ковид-19 компанијата „Фајзер“ донесе голема одлука. За разлика од конкурентите, кои...

Свет1 ден

(Видео) Масакр во Бразил: тинејџер со мачета влегол во градинка и убил три деца и учителка

Осумнаесетгодишно момче со мачета влегло во градинка и убило три деца и учителка во Саудадес во бразилската држава Санта Катарина....

Македонија1 ден

Од Австрија пристигна првата количина вакцини од „Фајзер“

Mинистерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со Каролине Едштадлер, сојузна министерка за ЕУ и Устав на Австрија. „Денеска, од...

Македонија1 ден

Регистрирани 67 новозаболени и 31 починат од Ковид-19

Во последните 24 часа направени се 1.169 тестирања, а регистрирани се 67 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопе...

Европа1 ден

Шефот на СЗО за Европа: Гледаме светлина на крајот од тунелот

Шефот на канцеларијата на СЗО во Европа, Ханс Клуге, изјави во Сараево дека е претпазлив оптимист и верува дека светот...

Македонија1 ден

Поднесено обвинение против Оливер Дерковски за набавката на софтверот за изборите

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, и...

Економија2 дена

Дизелот поскапува

Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за половина денар, а цената на бензините останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Свет2 дена

Светски научници: Нема да се постигне имунитет на стадо, вирусот брзо мутира

Меѓу научниците постои растечко верување дека имунитетот на стадото кога станува збор за коронавирус нема да се постигне во блиска...

Досие