Контакт

Uncategorized

Кремљ: Европа е вклучена во конфликтот и не може да биде неутрален посредник

Објавено пред

Кремљ соопшти дека Европа не треба да очекува улога на посредник во мировниот процес за Украина, поради нејзиниот сегашен пристап, јави руската државна новинска агенција „РИА“, повикувајќи се на портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

Песков го повтори ставот на Москва дека Европа во моментов е вклучена во конфликтот на страната на Украина. Од февруари не биле одржани никакви мировни преговори меѓу Русија и Украина, бидејќи САД, кои посредуваат меѓу двете страни, биле фокусирани на војната во Иран.

Песков потврди и дека рускиот претседател, Владимир Путин, во многу блиска иднина ќе отпатува во Кина, каде што треба да се сретне со кинескиот претседател Ши Џинпинг. Точните датуми на посетата, рече тој, наскоро ќе бидат објавени во договор со кинеската страна.

„Посетата се подготвува, а може да се каже дека подготовките веќе се завршени, остануваат само финалните детали. Ќе се одржи во многу блиска иднина“, изјави Песков на прес-конференција во Москва.

Последниот познат разговор меѓу Путин и Ши се одржал на 4 февруари преку видеоврска. Двајцата лидери тогаш разговарале за билатералната соработка, глобалната безбедност и усогласувањето на ставовите за клучните меѓународни прашања, вклучително и економските односи и стратешката стабилност.

Најавената посета доаѓа во време на зголемени геополитички тензии и сè поинтензивна соработка меѓу Москва и Пекинг, додека Русија настојува да ги зацврсти односите со Кина во услови на војната во Украина и западните санкции.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Алиу: Најдлабока благодарност до семејствата на органодарителите, го засилуваме институционалното темпо затоа што некаде некој чека нова шанса за живот

Објавено пред

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска се обрати на трибина посветена на органодарителство, во организација на Владата, Министерството за здравство и Националната координаторка за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска, во рамки на националната кампања за подигнување на свесноста за органодарителството и трансплантацијата.

„Денес најдлабоката благодарност ја упатуваме до семејствата на органодарителите. Во момент на неизмерна лична загуба, нивните одлуки спасиле други животи. Затоа, органодарителството не смее да биде тема за која првпат разговараме во болничките ходници. За него мора да зборуваме порано, во семејствата, образовните институции, меѓу лекарите и пациентите, отворено, одговорно и без предрасуди. Министерството за здравство, заедно со националната координаторка и трансплантациските тимови, во само два месеца, во рамки на националната кампања „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста“, сними и објави повеќе од дваесет видеа. Пред јавноста застанаа хирурзи, специјалисти, медицински сестри и членови на тимовите – секој со својата хумана страна на својата професија. Во наредниот период, кон оваа кампања се приклучуваат и граѓански здруженија од оваа област со свои пораки за поддршка на органодарителството“, истакна министерот Алиу во обраќањето.

Тој додаде дека Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување веќе е во финална владина постапка. Со законските измени, секој полнолетен граѓанин при посета на својот матичен лекар ќе треба да се произнесе дали сака или не сака по смртта да биде органодарител. Изјаснувањето ќе се врши преку нов дигитален модул во „Мој термин“, и тоа безбедно и со двојна верификација, при што секој ќе може во секое време да ја промени или да ја повлече својата одлука.

Воедно, министерот Алиу потенцираше дека кога системот ќе започне со примена, ќе биде првиот што ќе се регистрира како органодарител.

„Со поддршка на Владата и на сите релевантни институции, темата за органодарителството конечно ја поставуваме таму каде што припаѓа, во средиштето на јавниот разговор. Нашата цел не е само да имаме медицински подготвени тимови. Потребно е да изградиме и општество кое ја разбира вредноста на дарувањето, му верува на системот и знае дека една одлука може да спаси повеќе човечки животи. Ова е само почеток, институционалното темпо ќе го засилуваме, системот нема да се предаде затоа што некаде некој чека“, порача министерот Алиу.

Воедно, тој упати голема благодарност до сите трансплантациони тимови кои беа дел од сите сложени операции операции досега: Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, Национален центар за кардиоваскуларни заболувања, Клиниката за ортопедија, Клиниката за урологија, Клиниката за неврохирургија, Клиниката за нефрологија, Институтот за радиологија, Институтот за трансфузиологија и централна стерилизација.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Муцунски утре во Босна, со колегата Елмедин Конаковиќ ќе разговара за европската перспектива на регионот

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре ќе оди во еднодневна работна посета на Босна и Херцеговина. Ќе има средба со министерот за надворешни работи, Елмедин Конаковиќ, најави неговата ПР – служба.

Посетата се реализира на покана на министерот Конаковиќ, а двјцата министри ќе разговараат билатералните односи и континуираната соработка во областите од заемен интерес.

На средбата се очекува да стане збор за европската перспектива на регионот и процесот на интеграција во Европската Унија, а ПР – службата на министерот извести и дека ќе бидат разменети мислења за можностите за натамошно продлабочување на билатералната соработка, пред сè на економски план, со посебен акцент на унапредувањето на надворешната трговија.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

(Видео) Манасиевски: Само Филипче и Радев на иста линија бараат уставни измени

Објавено пред

Покрај сите пофалби и признанија на функционери од земји членки на ЕУ кон Македонија, само Филипче и Радев на иста линија бараат уставни измени, обвини денес портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

„Сите од ЕУ со внимание ги следат реформите на македонската влада и ги поздравуваат велејќи дека сме лидери во регионот, само Филипче и Радев велат единствена реформа се уставните измени. По долго време коленичење и лековерност од страна на властите предводени од СДС, сега европските претставници гледаат државнички пристап од македонската влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и велат дека заслужуваме предвидлив европски пат. Само Венко Филипче и Румен Радев не сметаат така.

Но, мекото ткиво предводено од Филипче и СДС ја отежнува работата. Само тие се на иста линија со Радев и Бугарија, а на бугарските власти тоа им одговара. Наместо да застанат зад македонските интереси, тие спремаат уште поголемо предавство“, рече Манасиевски.

Тој јавно ги праша СДСМ и Филопче уште што повеќе сакаат да направат за да и наштетат на Македонија и да бидат запаметени во историјата како најголемите предавници на татковината.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Мицкоски: Продолжуваме да вложуваме во современа медицинска опрема и развој на трансплантациската медицина

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата ќе продолжи да инвестира во здравствениот систем, современа медицинска опрема, нови технологии и усовршување...

Uncategorized13 минути

Алиу: Најдлабока благодарност до семејствата на органодарителите, го засилуваме институционалното темпо затоа што некаде некој чека нова шанса за живот

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска се обрати на трибина посветена на органодарителство, во организација на Владата, Министерството за здравство...

Свет42 минути

Иран најави наплата за поморски услуги во Ормутскиот Теснец, САД очекуваат слободен премин

Само неколку дена пред најавеното потпишување на мировен договор меѓу САД и Иран во Швајцарија, се појавија несогласувања околу идниот...

Регион46 минути

Извлечено и четвртото тело од потонатата едрилица кај Сплит, следува вадење на пловилото

Надлежните служби во Хрватска продолжуваат со истрагата за тешката поморска несреќа во Сплитските Врата, во која загинаа четворица чешки државјани,...

Македонија1 час

Дел од Центар утре без вода од 9:30 часот

Поради изведување водоводен приклучок со пречник од 80 милиметри на улицата „29 Ноември“ бр. 59, утре (16 јуни) ќе има...

Македонија1 час

Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ја продлабочуваат соработката во економијата, образованието и културата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за федерални, европски, меѓународни работи и...

Свет2 часа

Трамп: Бродовите поминуваат низ Ормутскиот теснец

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави на својата социјална мрежа Truth Social дека трговските бродови, од кои многу се натоварени...

Македонија2 часа

МНР за запалените возила пред бугарската амбасада: Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро го осудува инцидентот што се случи денеска, при кој беше извршено опожарување...

Македонија2 часа

Фирмите кои Јон Фрчкоски ги наброја редовно добивале тендери од министри, директори и градоначалници од СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Фирмите кои Јон Фрчкоски ги наброја редовно добивале тендери од министри, директори и градоначалници од СДС, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на...