Контакт

Uncategorized

Турската армија ликвидирала 68 борци на IS во северна Сирија

Објавено пред

Шеесет и осум борци на џихадистичката групација Исламска држава (IS) се ликвидирани во рамките на воената операција „Штитот на Еуфрат“ во областа на градот ал-Баб во северна Сирија во текот на изминатото деноноќие, објави во саботата генералштабот на вооружените сили на Турција.

„Како резултат на воздушните удари врз шест објекти на Исламската држава во реонот на ал-Баб се уништени 30 терористи, три штаба и три возила со експлозиви. Во 141 артилериски удари и судирите во истата област загинаа уште 38 милитанти, и уништен е нивен дрон“, се наведува во соопштението на турската армија.

Се додава и дека во судирите со силите на Исламската држава, загинале и двајца борци на опозициската Слободна сириска армија (FSA) којашто ја има поддршката на официјална Анкара, а се бори за соборување на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Турската армија на 24-ги август ја започна операцијата „Штитот на Еуфрат“ против терористичката организација Исламска држава, како поддршка на сириските опозициски сили во областа на пограничниот сириски град Џараблус и во моментов го напаѓаат градот ал-Баб.

Порано турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека целта на операцијата е да се исчисти од терористите територијата со површина од 5.000 квадратни километри и да се создаде безбедносна тампон зона за сместување на бегалците од другите региони на Сирија.

Оваа операција, исто така, имаше цел да го сопре напредувањето по должина на сириско-турската граница на силите водени од сириските Курди, коишто Турција ги смета за блиски на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK)./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Османи на средба со премиерот на Косово, Албин Курти

Објавено пред

За време на официјалната посета на Приштина, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба и со претседателот на владата на Република Косово, Албин Курти.

На средбата беше нагласена заемната подготвеност и интерес за одржување на заедничката седница на Владите на двете држави во најскоро можно време, со што ќе се реафирмираат пријателските односи меѓу двете држави, но ќе биде и поттик за нивно натамошно продлабочување, особено преку големиот број договори за билатерална соработка на линиските ресори, кои се очекуваат да бидат потпишани во рамките на овој настан.

Посебен осврт беше направен врз проектите за инфраструктурно поврзување – автопатот Скопје-Блаце и автопатот Тетово-Призрен, како и зголемувањето и подобрувањето на капацитетите на граничните премини меѓу двете земји, со воведување на концептот за заеднички контроли, кои во дополнителна мерка ќе ја олеснат комуникацијата на граѓаните од двете држави и бизнис-заедницата. Беше истакнат и интересот за заеднички проекти на двете држави во шарпланинскиот реон.

Соговорниците разговараа за актуелните внатрешно политички состојби во двете земји, со акцент на активностите на Владите на двете земји во справување со пандемијата и во овој контекст, напорите за намалување на последиците, пред сè здравствени и економски, од воведувањето на рестриктивните мерки по овој повод.

Во рамките на посетата на Приштина, министерот Османи оствари средба и со двајца почесни конзули на нашата држава во Република Косово, со кои беа разменети мислења за можностите за унапредувањето на билатералната соработка, пред сè преку нивниот ангажман на економски и културен план.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Малта

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари разговор преку видеоврска со новоименуваната амбасадорка на Република Малта во Република Северна Македонија, Мери Шиклуна, по повод предавањето на акредитивните писма кои поради пандемијата на Ковид-19, беа доставени по писмен пат.

Во разговорот претседателот Пендаровски го поздрави засилениот политички дијалог меѓу Република Северна Македонија и Малта и изрази очекување дека позитивниот развој на билатералните односи ќе резултира со конкретна соработка во повеќе области од заемен интерес, инфромираат од неговиот кабинет.

Претседателот Пендаровски се заблагодарил за поддршката од Малта на патот на европската интеграција на Северна Македонија, посочувајќи дека размената на искуства во реформскиот процес е секогаш добредојдена.

На средбата Пендаровски посочил дека во Малта живеат и работат голем број граѓани на Република Северна Македонија, кои како заедница претставуваат значаен мост за понатамашно зближување на двете земји.

Соговорниците посочија дека двете земји располагаат со големи потенцијали за унапредување на соработката во сферата на економијата, здравството, културата, образованието и туризмот. За таа цел е неопходно натамошно проширување на договорната рамка.

На амбасадорката Шиклуна, претседателот Пендаровски ѝ посакал успешно вршење на дипломатската должност и изрази уверување дека нејзините напори ќе придонесат за натамошно зајакнување на соработката меѓу двете земји.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Ешли Тисдејл ја продаде вилата во Лос Фелиз за 5,8 милиони долари

Објавено пред

Актерката Ешли Тисдејл ја продаде својата маркантна резиденција во Лос Фелиз за 5,78 милиони долари. Таа имотот го купи во 2019 година за 4,1 милиони.

Ѕвездата на High School Musical првично ја наведе вилата во медитерански стил, со површина од 4.214 квадратни метри, во јануари за 5.795 милиони долари, како што објави „Пипл“.

 

Продажбата се случи само неколку дена откако Тисдејл го пречека своето прво дете, ќерката Јупитер, со сопругот Кристофер Френч, со кого е во брак седум години.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 часа

Макрон: САД да ги повлечат забраните за извоз на вакцини

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика САД да се откажат од ограничувањата на извозот на вакцини против Ковид-19 и компонентите...

Регион10 часа

Хрватски медиуми: Зошто Вучиќ создава најмоќна воена сила во регионот?

Хрватските медиуми пишуваат дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја создава најмоќната воена сила во регионот. „ Во последно време...

Спорт11 час

Дејан Георгиевски обезбеди олимписка норма

Македонскиот репрезентативец во таеквондо, Дејан Георгиевски, избори пласман на Олимписките игри во Токио, во категоријата до 87 килограми. Европските квалификации...

Топ14 часа

Човечки труп извлечен од реката Вардар во Велес

Во Велес, во водите на реката Вардар, во близина на Нов мост, вчера бил пронајден човечки труп, кој бил извлечен...

Македонија14 часа

Досега во земјава две дози вакцина против коронавирус примиле 21.890 граѓани

Во државата вкупно се аплицирани 118.984 дози вакцини, а ревакцинирани се 21.890 граѓани. Со последните бројки, 32% од населението над...

Македонија15 часа

Во Македонија 198 нови случаи на коронавирус, 12 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 198 нови случаи на коронавирус, 12 лица починаа, а 333 пациенти оздравеа,...

Македонија17 часа

Мицкоски: Дволичноста на Пендаровски е заради притисокот врз него, реалноста е дека се согласи со мене за 27 април

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по денешната посета на Општина Делчево одговарајќи на новинарско прашање, рече дека претседателот Стево Пендаровски...

Топ19 часа

Автомобил удри во дете на велосипед во Прилеп, возачот избегал

Малолетен велосипедист е тешко повреден откако во него удрил автомобил, а возачот избегал. Според информациите на МВР, несреќата се случила...

Македонија19 часа

Во болниците во Македонија од коронавирус се лекуваат 806 пациенти

Вкупната бројка на пациенти со коронавирус кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е...

Свет19 часа

(Видео) Судир во џамија во Ерусалим – полицијата употреби гумени куршуми и водени топови

Во судир меѓу израелската полиција и група Палестинци што се случи синоќа во Ерусалим, повредени се 205 Палестинци и 17...

Македонија20 часа

СЗО: Децата не треба да се вакцинираат сѐ додека не бидат вакцинирани ризичните групи

Светската здравствена организација (СЗО) оцени дека децата не треба да се вакцинираат против Ковид-19 додека не се вакцинираат старите лица...

Македонија1 ден

Семејството на девојката чии органи беа донирани и спасија други животи ќе добие државен стан

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на социјалните мрежи напиша дека на седница на Комисијата за станбени прашања било...

Македонија2 дена

Пендаровски негира дека службената белешка за Камчев излегла од неговиот кабинет

Шефот на државата, Стево Пендаровски, е загрижен што службената белешка со назнака „строго доверливо“ од Агенцијата за национална безбедност, по...

Македонија2 дена

Пендаровски: Казните за осудените за 27 април се заслужени и за тоа нема компромис

Претседателот Стево Пендаровски, по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека не заговара преотворање на процесот и ново...

Македонија2 дена

Мицкоски: Не бараме амнестија, туку правда за осудените за нападот во Собранието

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврди дека заедно со шефот на државата, Стево Пендаровски, постигнале договор дека осудените за настаните...

Македонија2 дена

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини и деловите од договорите за набавката за кои ќе добие...

Македонија2 дена

Филипче: Ефикасноста на вакцината на „Синовак“ е поголема од 50 проценти

Ефикасноста на кинеската вакцина „Синовак“ е многу поголема од педесет отсто, уверува министерот за здравство Венко Филипче. Во текот на...

Македонија2 дена

Во периодот што следи приоритет за вакцинирање ќе имаат хронично болните

Во периодот што следи приоритет ќе се даде на вакцинирање на возрасните гупи и хронично болните, а сосема мал дел...

Македонија2 дена

Филипче се вакцинираше: Вакцините се безбедни и сигурни

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја прими вакцината за заштита од Ковид-19 од кинеската „Синофарм“. Иако пред да стигнат...

Македонија2 дена

Вчера се вакцинирале 12.606 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Исто така се наведува дека интересот...

Досие