Контакт

Uncategorized

Во Шапеко започна последнот оддавање почест на фудбалерите загинати во падот на авионот

Објавено пред

Погребната церемонија започна во саботата попладнето по средноевропско време во бразилски Шапеко, во сојузната држава Санта Катарина, родниот град на фудбалерите на клубот Шапекоенсе, кои загинаа во авионската несреќа во Колумбија.

Претходно три транспортни авиона на бразилските воздухопловни сили од колумбиски Меделин ги пренесоа телата на 19 фудбалери, 25 тренери, членови на раководството и технички работници на клубот,како и на 20 бразилски новинари, кои патуваа да го следат натпреварот на Шапекоенсе против колумбиски Атлетико Насионал.

Медиумите пренесуваат дека на над стадионот „Арена Конда“ во Шапеко е изведен огномет, а трибините, кои може да примат 19.000, се полни со луѓе со свеќи во рацете, на стадионот каде што четири голем камиони ги носат ковчезите со телата на фудбалерите.

Церемонии на оддавање почест на загинатите фудбалери се одржуваат во саботата и на другите стадиони ширум Бразил.

Се очекува на погребот на играчите да присуствуваат повеќе од 100 илјади луѓе,што е речиси половината од населението на овој град. Се очекува, исто така, во Шапеко да пристигне и бразилскиот претседател Мишел Темер и претседателот на ФИФА Џани Инфантино.

Авионот со кој патуваа бразилските фудбалери на клубот основан пред 43 години кои требаше да го одиграат првиот финален меч од Јужноамериканскиот куп, се урна со 72 патници и двете членови на екипажот. Преживеа шест лица, од кои тројца играчи на Шапокоенсе./крај/мф/сн

sap-01

 

sap-03

 

sap-04

sap-05

sap-06

sap-07

sap-08

sap-09

sap-10

sap-11

sap-12



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Османи на средба со премиерот на Косово, Албин Курти

Објавено пред

За време на официјалната посета на Приштина, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба и со претседателот на владата на Република Косово, Албин Курти.

На средбата беше нагласена заемната подготвеност и интерес за одржување на заедничката седница на Владите на двете држави во најскоро можно време, со што ќе се реафирмираат пријателските односи меѓу двете држави, но ќе биде и поттик за нивно натамошно продлабочување, особено преку големиот број договори за билатерална соработка на линиските ресори, кои се очекуваат да бидат потпишани во рамките на овој настан.

Посебен осврт беше направен врз проектите за инфраструктурно поврзување – автопатот Скопје-Блаце и автопатот Тетово-Призрен, како и зголемувањето и подобрувањето на капацитетите на граничните премини меѓу двете земји, со воведување на концептот за заеднички контроли, кои во дополнителна мерка ќе ја олеснат комуникацијата на граѓаните од двете држави и бизнис-заедницата. Беше истакнат и интересот за заеднички проекти на двете држави во шарпланинскиот реон.

Соговорниците разговараа за актуелните внатрешно политички состојби во двете земји, со акцент на активностите на Владите на двете земји во справување со пандемијата и во овој контекст, напорите за намалување на последиците, пред сè здравствени и економски, од воведувањето на рестриктивните мерки по овој повод.

Во рамките на посетата на Приштина, министерот Османи оствари средба и со двајца почесни конзули на нашата држава во Република Косово, со кои беа разменети мислења за можностите за унапредувањето на билатералната соработка, пред сè преку нивниот ангажман на економски и културен план.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Малта

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари разговор преку видеоврска со новоименуваната амбасадорка на Република Малта во Република Северна Македонија, Мери Шиклуна, по повод предавањето на акредитивните писма кои поради пандемијата на Ковид-19, беа доставени по писмен пат.

Во разговорот претседателот Пендаровски го поздрави засилениот политички дијалог меѓу Република Северна Македонија и Малта и изрази очекување дека позитивниот развој на билатералните односи ќе резултира со конкретна соработка во повеќе области од заемен интерес, инфромираат од неговиот кабинет.

Претседателот Пендаровски се заблагодарил за поддршката од Малта на патот на европската интеграција на Северна Македонија, посочувајќи дека размената на искуства во реформскиот процес е секогаш добредојдена.

На средбата Пендаровски посочил дека во Малта живеат и работат голем број граѓани на Република Северна Македонија, кои како заедница претставуваат значаен мост за понатамашно зближување на двете земји.

Соговорниците посочија дека двете земји располагаат со големи потенцијали за унапредување на соработката во сферата на економијата, здравството, културата, образованието и туризмот. За таа цел е неопходно натамошно проширување на договорната рамка.

На амбасадорката Шиклуна, претседателот Пендаровски ѝ посакал успешно вршење на дипломатската должност и изрази уверување дека нејзините напори ќе придонесат за натамошно зајакнување на соработката меѓу двете земји.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Ешли Тисдејл ја продаде вилата во Лос Фелиз за 5,8 милиони долари

Објавено пред

Актерката Ешли Тисдејл ја продаде својата маркантна резиденција во Лос Фелиз за 5,78 милиони долари. Таа имотот го купи во 2019 година за 4,1 милиони.

Ѕвездата на High School Musical првично ја наведе вилата во медитерански стил, со површина од 4.214 квадратни метри, во јануари за 5.795 милиони долари, како што објави „Пипл“.

 

Продажбата се случи само неколку дена откако Тисдејл го пречека своето прво дете, ќерката Јупитер, со сопругот Кристофер Френч, со кого е во брак седум години.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Во Македонија 234 нови случаи на коронавирус, починаа 25 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 234 нови случаи на коронавирус, починаа 25 лица, а оздравеа 768 пациенти,...

Македонија30 минути

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини и деловите од договорите за набавката за кои ќе добие...

Македонија56 минути

Филипче: Ефикасноста на вакцината на „Синовак“ е поголема од 50 проценти

Ефикасноста на кинеската вакцина „Синовак“ е многу поголема од педесет отсто, уверува министерот за здравство Венко Филипче. Во текот на...

Македонија1 час

Во периодот што следи приоритет за вакцинирање ќе имаат хронично болните

Во периодот што следи приоритет ќе се даде на вакцинирање на возрасните гупи и хронично болните, а сосема мал дел...

Македонија3 часа

Филипче се вакцинираше: Вакцините се безбедни и сигурни

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја прими вакцината за заштита од Ковид-19 од кинеската „Синофарм“. Иако пред да стигнат...

Македонија6 часа

Вчера се вакцинирале 12.606 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Исто така се наведува дека интересот...

Свет6 часа

Пентагон: САД не планираат да ја соборат кинеската ракета која неконтролирано кружи околу Земјата

САД се надеваат дека кинеската ракета, која неконтролирано кружи околу Земјата, ќе падне на безбедно место и засега не планираат...

Регион7 часа

(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеници се туркаа, опозицијата побара оставка од министерката

Во Собранието на Косово имаше тензии меѓу пратениците на Демократската партија на Косово и Самоопределување, при што дојде до турканици...

Македонија7 часа

Вархеји: Албанија би можела да ги почне разговорите за членство во ЕУ без Северна Македонија

Доколку продолжи бугарската блокада на Македонија, Брисел би можел да ги раздвои разговорите со Скопје и Тирана за членство во...

Регион7 часа

Хрватска ќе им донира вакцини од „Астразенека“ на земјите од регионот

Хрватска ќе донира 50.000 дози вакцини за земјите во регионот, и тоа 30.000 за Босна и Херцеговина и по десет...

Свет7 часа

Повторно пукање во училиште во САД: Ученичка пукаше во наставничката и соучениците

Повторно пукање во училиште во САД. Ученичка од шесто одделение извадила пиштол од ранецот и пукала во соучениците и наставничката....

Македонија23 часа

Во Македонија 324 нови случаи на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 324 нови случаи на коронавирус, а пријавени се 1.178 оздравени и 26...

Македонија1 ден

Антикорупциска утврдила дека парите платени на приватна фирма за кинески вакцини се вратени

Документот кој го објави ВМРО-ДПМНЕ за исплата на пари од Министерството за здравство, со цел набавка на кинески вакцини, го...

Македонија1 ден

Заев: Само со нови докази повторно отворање на случајот за крвавиот упад во Собранието

Отворање на случајот одново само доколку има нови докази и моменти. Ова е ставот на премиерот Зоран Заев за барањето...

Европа1 ден

Фон дер Лајен: Сите земји да дозволат извоз на вакцини

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека ЕУ е подготвена да го разгледа секој предлог што...

Македонија1 ден

(Видео) Премиерот Заев се вакцинираше со кинеската вакцина на „Синофарм“

Премиерот Зоран Заев се вакцинираше против коронавирус денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“. Тој се вакцинираше со првата...

Македонија1 ден

Вчера се вакцинирале 9.123 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата и дека интересот за вакцинација секојдневно...

Регион1 ден

(Видео) Редици во трговски центар во Србија, покрај вакцинирање даваат пари и ваучери

Денеска во 9 часот наутро е отворен пункт за вакцинација во Трговскиот центар Ушче во Белград. Секој што сака да...

Свет1 ден

Болсонаро: Коронавирусот е направен за да се води биолошка војна

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека новиот коронавирус е можеби направен во лабораторија со цел да се води биолошка војна....

Свет1 ден

Најново истражување: „Фајзер“ штити повеќе од 95 проценти од коронавирус

Најголемата студија за ефикасноста на „Фајзер/Бионтек“ против коронавирусот кај општата популација покажа дека вакцината обезбедува повеќе од 95 проценти заштита...

Досие