Контакт

Uncategorized

Земјотрес во Полска

Објавено пред

 

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтер ја погоди Полска, но според извештаите нема жртви или поголеми штети.

Епицентарот на потресот е на 11 километри североисточно од градот Полковице, на југозападниот дел од земјата.

Силниот земјотрес со интензитет од 4,5 е регистриран во Западна Полска, со епицентар на североисточно од градот Полковице, во 7,46 часот по локално време на длабочина од 2 км./крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Горецка неизвесен за ЕП, се повредил на прославата на титулата

Објавено пред

Леон Горецка се повредил, во саботата, на натпреварот против Борусија од Менхенгладбах. Повредата, може да го оддалечи Горецка од Европското првенство.

Баерн против Борусија ја прославија новата шампионска титула со убедливата победа од 6:0.

Горецка го повредил бутниот мускул, а според медиумите голема е веројатноста тој да го пропушти ЕУРО 2020.

„И доколку се рехабилитира, ќе има проблем, бидејќи ќе ги пропушти подготовките“, пишуваат медиумите во Германија.

Германија на ЕУРО 2020 се наоѓа во група, во која се и Франција, Португалија и Унгарија.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Османи на средба со премиерот на Косово, Албин Курти

Објавено пред

За време на официјалната посета на Приштина, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба и со претседателот на владата на Република Косово, Албин Курти.

На средбата беше нагласена заемната подготвеност и интерес за одржување на заедничката седница на Владите на двете држави во најскоро можно време, со што ќе се реафирмираат пријателските односи меѓу двете држави, но ќе биде и поттик за нивно натамошно продлабочување, особено преку големиот број договори за билатерална соработка на линиските ресори, кои се очекуваат да бидат потпишани во рамките на овој настан.

Посебен осврт беше направен врз проектите за инфраструктурно поврзување – автопатот Скопје-Блаце и автопатот Тетово-Призрен, како и зголемувањето и подобрувањето на капацитетите на граничните премини меѓу двете земји, со воведување на концептот за заеднички контроли, кои во дополнителна мерка ќе ја олеснат комуникацијата на граѓаните од двете држави и бизнис-заедницата. Беше истакнат и интересот за заеднички проекти на двете држави во шарпланинскиот реон.

Соговорниците разговараа за актуелните внатрешно политички состојби во двете земји, со акцент на активностите на Владите на двете земји во справување со пандемијата и во овој контекст, напорите за намалување на последиците, пред сè здравствени и економски, од воведувањето на рестриктивните мерки по овој повод.

Во рамките на посетата на Приштина, министерот Османи оствари средба и со двајца почесни конзули на нашата држава во Република Косово, со кои беа разменети мислења за можностите за унапредувањето на билатералната соработка, пред сè преку нивниот ангажман на економски и културен план.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Малта

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари разговор преку видеоврска со новоименуваната амбасадорка на Република Малта во Република Северна Македонија, Мери Шиклуна, по повод предавањето на акредитивните писма кои поради пандемијата на Ковид-19, беа доставени по писмен пат.

Во разговорот претседателот Пендаровски го поздрави засилениот политички дијалог меѓу Република Северна Македонија и Малта и изрази очекување дека позитивниот развој на билатералните односи ќе резултира со конкретна соработка во повеќе области од заемен интерес, инфромираат од неговиот кабинет.

Претседателот Пендаровски се заблагодарил за поддршката од Малта на патот на европската интеграција на Северна Македонија, посочувајќи дека размената на искуства во реформскиот процес е секогаш добредојдена.

На средбата Пендаровски посочил дека во Малта живеат и работат голем број граѓани на Република Северна Македонија, кои како заедница претставуваат значаен мост за понатамашно зближување на двете земји.

Соговорниците посочија дека двете земји располагаат со големи потенцијали за унапредување на соработката во сферата на економијата, здравството, културата, образованието и туризмот. За таа цел е неопходно натамошно проширување на договорната рамка.

На амбасадорката Шиклуна, претседателот Пендаровски ѝ посакал успешно вршење на дипломатската должност и изрази уверување дека нејзините напори ќе придонесат за натамошно зајакнување на соработката меѓу двете земји.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија59 минути

Пендаровски: Процесот на преговори со ЕУ не смее да се оптоварува со историски контроверзии

ти на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот „Брдо – Бриони“, што се одржува во Брдо кај Крањ....

Македонија2 часа

Денеска се регистрирани 27 нови случаи на Ковид-19, починати се 19 лица

Министерството за здравство информира дек во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на...

Регион4 часа

(Видео) Вучиќ: Не успеавме да се договориме, иницијативата на Србија не беше прифатена

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по самитот Брдо-Бриони рече дека целиот регион е на европскиот пат и дека треба заедно...

Економија5 часа

Oд полноќ се намалува цената на еуросупер БС-95 и на мазутот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Свет6 часа

Индија почна со дистрибуција на свој лек против коронавирус

Индија почна со дистрибуција на нов, домашен лек за лекување на симптомите од Ковид-19. Властите го одобрија лекот 2-ДГ, кој...

Македонија6 часа

Захариева: Властите во Македонија ќе направат сѐ што можат Бугарите таму да се сѐ помалку

И Европа и ние ќе го следиме пописот во РСМ и очекуваме да се спроведе според сите европски стандарди и...

Свет6 часа

(Видео) Тврдат дека Израел фрлил забранета бомба врз Газа, од која се топи човечко месо

На социјалните мрежи се шири видео со ракетирање на Појасот Газа, за кое се тврди дека е доказ дека Израел...

Свет9 часа

СЗО: Животниот век на работниците загрозен по пандемијата на коронавирусот

Премногу долгото работно време е смртоносно за стотици илјади луѓе во светот и ова е тренд што може да се...

Европа9 часа

Германски виролог предупредува: И следната година ќе мора да се вакцинираме

Шефот на германскиот независен советодавен панел за вакцинација, вирусологот Томас Мертенс, изјави дека е многу веројатно декаи следната година  сите...

Свет9 часа

На повидок нова вакцина – „Санофи“ и „ГСК“ велат дека произведува силен имунолошки одговор

Француската фармацевтска компанија „Санофи“ денеска соопшти дека експерименталната вакцина против Ковид-19, која ја развива заедно со „Глаксо Смит Клајн“ ќе...

Свет10 часа

Израел утрово изврши серија воздушни напади на Газа, висококатници срамнети со земја

Израелските воздушни сили рано утрово извршија серија масовни воздушни напади на повеќе локации во градот Газа. Најновата беше извршена само...

Свет10 часа

Товарен воз со токсични материи излета од шините во САД

Во близина на градот Сибли во американската држава Ајова воз на компанијата „Унион Пацифик“, кој превезувал тенкови и вагони со...

Македонија20 часа

(Видео) Заев: СДСМ останува локомотива за напредокот на македонската држава

Со задоволство сакам да соопштам дека денеска СДСМ одржа успешен 26. Конгрес, а веднаш потоа и прва седница на новоизбраниот...

Македонија1 ден

Лукаревска избрана за заменик-претседателка на СДСМ

Сања Лукаревска е новата заменик-претседателка на СДСМ, беше одлучено на денешниот 26. Конгрес на партијата. Таа беше изгласана со 682...

Свет1 ден

Нетанјаху со благодарност до земјите кои го поддржале Израел, меѓу нив и Македонија

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху на социјалните мрежи им се заблагодари на владите на голем број земји во светот за, како...

Македонија1 ден

Регистрирани се 62 нови случаи на Ковид-19, починати се 14 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.557 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на...

Свет1 ден

(Видео)10 годишно девојче во урнатините на Газа, низ солзи вели: Не можам да го трпам ова, јас сум само дете

Жестоките напади меѓу Израел и Хамас се најтешки за луѓето во Газа, каде што луѓето умираат секој ден – претежно...

Свет1 ден

Курц: Целта на истрагата е да ме отстранат од функцијата

Австрискиот канцелар Себастијан Курц оцени дека целта на поднесената пријава против него, поради наводни лажни изјави пред истражниот одбор во...

Свет1 ден

Гутереш запрепастен од страдањата на цивилите во Газа

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш е „шокиран“ од страдањето на цивилите во Газа, рече неговиот портпарол. „Генералниот секретар е...

Свет1 ден

(Видео) Немирна ноќ во Газа, истрелани околу 120 ракети, бројот на загинати и повредени расте

Израелската армија објави дека 120 проектили биле истрелани од Појасот Газа во текот на ноќта. Продолжена е вонредната состојба во...

Досие