Контакт

Забава

Авторката на „Сексот и градот“: Серијата ќе функционира добро и без Ким Катрал

Објавено пред

„Сексот и градот“ се рестартира на „Ејч-би-о макс“, но без оригиналната sвезда Ким Катрал.

Катрал, која успешно го долови ликот на сексапилната Саманта во хит серијата, одби да учествува во новата сезона што ќе ги обедини Сара Џесика Паркер, Кристин Дејвис и Синтија Никсон.

А, Кендис Бушнел, авторка на книгата врз која се темели хит серијата, за порталот „Пејџ сикс“ изјави дека рестартирањето со наслов And Just Like That... добро ќе функционира и без Катрал.

„Мислам дека ќе биде интересно …. има многу интересни ликови како Миранда. Сите ние сме Миранди. Таа е интересен лик,“ вели Бушнел и додава: „Саманта секогаш ќе биде инспирација за нив … Претпоставувам дека ќе биде таму со духот и како инспирација што ќе им дава можност да ја истражуваат сексуалноста со различни ликови.“

„Варајети“ во понеделникот објави дека Паркер, Никсон и Дејвис ќе заработат повеќе од 1 милион долари по епизода за да ги репризираат своите ликови за стриминг- услугата.

Катрал глумеше во сите шест сезони на мегапопуларната серија, како и во двата филма.

Забава

Шварценегер ги покажа мускулестите нозе

Објавено пред

Тој стекна светска слава со бодибилдинг кога го препознаваа под псевдонимот австриски даб.

И децении потоа Арнолд Шварценегер одржува форма, па така и оваа недела ја почна со вообичаеното возење велосипед покрај плажа.

73-годишниот поранешен гувернер на Калифорнија ги покажа мускулестите нозе додека се движеше по велосипедската патека на плажата Вил Роџерс. Терминаторот се погрижи да преземе мерки на претпазливост и заштита со носење маска на лицето во тек на пандемија на коронавирусот.

Пред неколку дена Шварценегер се појави на „Инстаграм“ со својот син Џозеф Баена, кој оди по стапките на својот татко во бодибилдингот.

На фотографијата објавена од Џозеф (23) таткото и синот стојат пред мурал на кој се гледа Арни во најславните денови кога го нарекуваа австрискиот даб.

Прикажи повеќе...

Забава

Мајкл Б. Џордан и Лори Харви на раскошно бегство во Сент Бартс

Објавено пред

Мајкл Б. Џордан и неговата нова девојка Лори Харви беа уловени од папараците за време на нивното романтично бегство во Сен-Бартелеми минатиот петок.

Со чаша мартини во раката, 33-годишниот актер и моментно најсекси маж на планетава, ја прегрнува атрактивната манекенка на лебдечка платформа среде океан.

Тие заедно го прославија нејзиниот 24-ти роденден.

Мајкл Б. Џордан во ноември беше прогласен за најсекси маж на светот за 2020 година, според магазинот „Пипл“.

Прикажи повеќе...

Забава

Костимот за капење на Кајли Џенер го вжешти „Инстаграм“

Објавено пред

Кајли Џенер го запали „Инстаграм“ во вторникот вечерта кога сподели три селфија.

Најмладата сестра во семејството Кардашјан ги покажа бујните облини во микробикини во боја на праска и напиша: „Уште еден вторник навечер“.

Реалниот могул (23) стои пред бела заднина на зајдисонце, облеана во килибарна сончева светлина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Судскиот совет ја разреши Татјана Михајлова поради несовесно работење

Судскиот совет ја разреши судијката Татјана Михајлова од судиската функција поради нестручно и несовесно работење. Постапката против неа се водела...

Свет38 минути

(Видео) Трамп ја напушти Белата куќа

Доналд Трамп ја напушти Белата куќа и со тоа му го отстапи местото на новиот претседател на САД, Џо Бајден....

Свет3 часа

(Видео) Во Вашингтон поставени железна ограда и бетонски блокови – „Ова потсетува на Багдад“

Инаугурацијата на Џо Бајден за претседател на Соединетите Американски Држави ќе се одржи денеска напладне по локално време, односно во...

Свет4 часа

Русите тврдат дека нивната вакцина „епивакорона“ обезбедува стопроцентна заштита

Втората руска вакцина против Ковид-19 обезбедува стопроцентна заштита, соопшти здравствениот регулатор „Роспотребнадзор“, врз основа на резултатите од клиничките испитувања, објави...

Македонија5 часа

ИЈЗ: Намален бројот на нови позитивни случаи, зголемен бројот на оздравени лица

Во периодот од 11 до 17 јануари е забележано намалување на бројот на нови позитивни случаи и на процентот на позитивни...

Топ5 часа

МВР го пронајде тетовецот кој објави видео како незаконски поминува на наплатна рампа

Тетовската полиција го расчисти случајот со видео-клипот кој неодамна преку социјалната мрежа „Тик-ток“ се појави во јавноста, а се однесува...

Свет5 часа

(Видео) Кина гради голем камп за карантин

Кина забрзано гради огромен камп за карантин, кој може да прими над 4.000 луѓе, пишува Си-ен-ен. Десетици милиони луѓе во...

Свет6 часа

Џо Бајден денеска ќе стане 46. претседател на САД

Џо Бајден денеска ќе положи заклетва како 46. претседател на САД. За разлика од претходните церемонии, традиционалните говори, настапи и...

Македонија6 часа

Во делови од Македонија почувствуван земјотрес со епицентар во Албанија

Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 4,0 степени во соседна Албанија бил почувствуван во делови од државата синоќа околу 3.29...

Свет19 часа

Германија воведува уште построги мерки до 14 февруари

Германија ќе воведе уште построги мерки на заклучување и нивно продолжување до 14 февруари. Канцеларката Ангела Меркел се состана со...

Свет19 часа

ЕУ очекува до лето да биде вакцинирано најмалку 70 проценти од населението

Земјите од Европската унија треба до лето да имаат за цел да вакцинираат најмалку 70 проценти од нивната возрасна популација,...

Македонија20 часа

Матурантите ќе го бојкотираат почетокот на второто полугодие

Средношколскиот сојуз ги повика матурантите да го бојкотираат почетокот на второто полугодие кое стартува во четврток. Како образложение го наведуваат...

Македонија20 часа

Во Македонија нови 400 заболени и 11 починати од коронавирус

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2327 тестирања, а регистрирани се 400 нови случаи на...

Македонија22 часа

Владата го усвои планот за распределба на административните службеници

Владата денеска на својата 40-та седница го усвои планот за распределување на административните службеници вработени преку програмата К5, соопшти првиот...

Македонија1 ден

Угостителските објекти од четврток ќе работат до 21 часот

Донесена е одлука угостителските објекти да работат до 21 часот, наместо до 18 часот како што беше претходно. За ова...

Македонија1 ден

Влада: Нема да се гради ски-центар на Галичица, ќе се донесе и ДУП за охридското крајбрежје

Нема да се гради ски-центар на Галичица, а ќе се донесе и ДУП за охридското крајбрежје, велат од Владата по...

Македонија1 ден

Повеќе нема да се лекуваат пациенти со коронавирус на очна и на клиниката за уво, нос и грло

Ковид центарот на Клиниката за Очни бочести од вчера е затворен. Од Министерството за здравство информираат дека во текот на денешниот...

Македонија1 ден

Вучиќ: Помошта со вакцини за Северна Македонија е братски и пријателски потег

Сепскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска истакна дека не вреди за Србите да бидат здрави, ако луѓето во околината имаат милион...

Свет1 ден

Истражување: Една третина од излекуваните од коронавирус повторно се разболуваат

Една третина од луѓето кои се лекувале од коронавирус по пет месеци морале повторно да бидат згрижени во болница, според...

Македонија1 ден

Водици годинава без скокање по крстот

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици кој се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето...

Досие