Контакт

Забава

Агресивен крокодил им го расипа одморот на туристите на популарните тајландски плажи

Објавено пред

Потрага по агресивен крокодил што ги тероризира туристите во Пукет предизвика вознемиреност ширум Тајланд.

Имено, на популарната тајландска плажа Наи Харн е забрането влегување во вода сè додека властите не го фатат крокодилот кој досега бил забележан на неколку различни плажи, но последните денови се стационирал токму тука.

Пред неколку дена агресивното животно било забележано на плажата Раваи, а во петокот на плажата Наи Харн.

„Сè уште не знаеме од каде се појави. Малку фалеше да го фатиме на плажата Карон, но успеа да ни побегне иако бевме на само неколку метри од него“, изјави Таве Тонгча, градоначалник на Карон, област на западниот брег од островот Пукет. Тој воедно додаде дека забраната за пливачите ќе биде на сила сè додека крокодилот не биде фатен.

Оние што го виделе велат дека е долг околу еден метар, а морскиот биолог Тон Тамронгнавасават изјавил дека очигледно станува збор за хибридна верзија на крокодил кој живее во солена вода.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Убиецот на Џон Ленон изјави дека жали за грозниот чин

Објавено пред

Марк Чепмен, човекот што го уби Џон Ленон, ѝ се извини на вдовицата на покојниот „битлс“, Јоко Оно, 40 години по неговата смрт.

Чепмен го застрела легендарниот музичар четири пати пред неговиот стан на Менхетн, Њујорк, пред очите на Оно, на 8 декември 1980 година.

На сослушувањето минатиот месец единаесетти пат му беше одбиено барањето за условно пуштање од затвор и тој ќе остане зад решетки уште најмалку две години кога повторно ќе има право да бара условна казна.

Тој додал дека цело време размислува за одвратниот чин, како што рекол, и прифаќа да го помине остатокот од својот живот во затвор, пренесува Би-би-си.

За време на сослушувањето, Чепмен изјавил дека го убил 40-годишниот Ленон за слава и дека заслужува смртна казна.

„Повторувам дека жалам за мојот злостор“, рече Чепмен пред одборот за условно ослободување. „Немам оправдување. Тоа беше за слава. Мислам дека тоа е најлошиот злостор што може да му се направи на некој што е невин. Тој беше икона“.

Чепмен (65) издржува доживотен затвор бидејќи ја уби ѕвездата на легендарните „Битлси“.

Прикажи повеќе...

Забава

Отуѓената сопруга на Лари Кинг бара месечна финансиска поддршка од него

Објавено пред

Отуѓената сопруга на познатиот телевизиски водител Лари Кинг, Шон, поднесе документи во суд со кои бара привремена сопружничка поддршка од него во висина од 33.100 долари месечно, во услови на турбулентен и долг развод.

Шон Кинг (60) во судските документи тврди дека нема никаков приход и сака Лари (86) да ѝ плаќа ретроактивно од август 2019 година, кога тој поднесе барање за развод, објави порталот ТМЗ во понеделникот.

Во документите е наведено дека таа се откажала од профитабилни работни места како ТВ-домаќин и манекенство за да биде дома и да ги воспитува нивните деца, и дека била финансиски зависна од поранешниот водител на Си-ен-ен во текот на нивниот 22-годишен брак.

Шон понатаму тврди дека Лари заработува повеќе од 1,9 милиони долари годишно од реклами. Таа го спомнува и неодамна потпишаниот договор  вреден 5 милиони долари како водител на поткаст „Милионското прашање“.

Прикажи повеќе...

Забава

Почина мајката на Силвестер Сталоне

Објавено пред

Џеки Сталоне, мајката на холивудскиот актер Силвестер Сталоне, почина на 98-годишна возраст, како што потврди нејзиниот најмлад син Френк, пренесува „Дејли мејл“.

Во објавата споделена на Инстаграм, Френк напиша „мајка ми почина во сон, како што посакуваше, во понеделник наутро“.

„Утрово, јас и моите браќа ја изгубивме нашата мајка Џеки Сталоне. Таа беше мајка на четири деца, Томи, Силвестер, Френки и мојата покојна сестра Тони Ен“, напиша 70-годишниот добитник на  наградата „Греми“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија48 минути

Јанакиески ќе бара да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“

Миле Јанакиески ќе достави барање до Кривичниот суд за да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“ за...

Македонија1 час

„Водовод“ не најде бактерии во градската мрежа во Скопје по паниката што се прошири на социјалните мрежи

Водата од градскиот водовод во скопски Бутел нема бактерии и исправна е за пиење, а веста што се прошири на...

Свет2 часа

Одложен самитот на ЕУ – претседателот на Европскиот совет ставен во карантин

Состанокот на ЕУ, кој требаше да се одржи на 24 и 25 септември, е одложен за 1 и 2 октомври,...

Македонија6 часа

Пет лица починаа од коронавирус, потврдени се 88 нови случаи во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на...

Македонија6 часа

(Видео) Филипче: Состојбата со вирусот повторно се влошува, ако е потребно ќе има рестрикции

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека за есенва се размислува за воведување на повеќе мерки како...

Македонија8 часа

Мицкоски ги повика граѓаните утре да излезат на протест против неправдата и мафијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на нов протест што ќе се одржи утре во 18.30 часот. Како што порача...

Економија8 часа

(Видео) Бектеши: Субвенциите за етнички вработувања се дел од изгласаната владина програма

Вработувањата кои ќе поттикнат добри меѓуетнички односи се вметнати во Владината програма која е изгласана од Собранието, изјави министерот за...

Свет9 часа

Русија очекува до 15 октомври да регистрира втора вакцина против коронавирус

Русија очекува до 15 октомври да регистрира уште една, втора по ред, потенцијална вакцина против коронавирус, јави агенцијата ТАСС повикувајќи...

Европа10 часа

Шведска нема да ги вакцинира децата против коронавирусот

Шведската влада нема да препорача вакцина против коронавирусот за деца на возраст под 18 години. Според шведските експерти, децата го...

Спорт11 час

Италијански судија убиен во својот дом

Италијанскиот фудбалски судија Даниеле Де Сантис (33) и неговата девојка Елеонора Манта (30) биле убиени во домот на судијата во...

Македонија11 час

Училишниот час ќе трае пократко од 40 минути, постои можност и учебната година да заврши порано

Собранието вчера вечерта ги изгласа измените на Законите за основно и средно образование со кои се обезбедува непречено организирање на...

Македонија11 час

Од почетокот на пандемијата во Македонија починаа 700 лица

Од почетокот на пандемијата досега починаа 700 лица, откако вчера беше потврдена смртта на уште 7 пациенти. Меѓу починатите вчера...

Свет12 часа

„Сите мораме да соработуваме“, порачаа светските лидери на годишнината на Обединетите нации

Светските лидери за време на специјалната сесија на ООН посветена на 75-годишнината од основањето на таа организација се согласија дека...

Македонија12 часа

Собраниска седница за избор на заменик-министри во Владата

Собранието денеска треба да ја одржи 13-тата седница на чиј дневен ред е предлогот за именување на заменик-министри во Владата....

Македонија12 часа

Пендаровски: Неопходни се силни Обединети нации, реформирани и прилагодени на новата реалност

Претседателот Стево Пендаровски преку видеопорака се обрати на настанот на високо ниво, што по повод 75-годишнината од формирањето на Организацијата...

Македонија14 часа

Димитров во прва работна посета на Брисел од формирањето на новата Влада

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска ќе престојува во работна посета на Брисел, што всушност е...

Македонија22 часа

Игор Јанушев се повлече од функцијата

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва избра нови членови на Извршниот комитет на партијата. Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, се...

Македонија23 часа

(Видео) Мицкоски: Предложив вонреден конгрес на кој јас нема да бидам претседател, но предлогот беше одбиен

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложил вонреден конгрес за избор на нов лидер, каде што тој нема да се кандидира,...

Македонија1 ден

Седум лица починаа од коронавирус, потврдени се 45 нови случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на...

Свет1 ден

СЗО ѝ се заблагодари на Русија за напорите за развој на безбедна и ефикасна вакцина против коронавирусот

Првата официјално регистрирана вакцина против Ковид-19, развиена од Институтот за епидемиологија и микробиологија при Научноистражувачкиот центар „Гамалеја“, сега се наоѓа...

Досие