Забава
Адвокатите на Деп цврсто уверени дека во случајот клевета нема грешки за да се оправда успешна жалба

Адвокатскиот тим на Џони Деп смета дека нема грешки во неговиот случај за клевета, како и во противтужбата на Амбер Херд што би оправдале успешна жалба.
Поротата во Ферфакс, Вирџинија, утврди дека Херд го клеветела нејзиниот поранешен сопруг со статија во кој таа тврди дека била жртва на семејна злоупотреба. Нејзината адвокатка Елејн Бредехофт тогаш изјави дека има одлична основа за жалба.
Но, во ново интервју, адвокатот на Деп, Бенџамин Чу, се сомнева во жалбата.
Говорејќи во емисијата „Тудеј“, тој рече: „Цврсто сме уверени и сигурни дека нема грешки што би оправдале каква било успешна жалба“.
Деп доби отштета од 15 милиони долари – 10 милиони долари компензаторна отштета и 5 милиони долари казнена отштета, но втората оштета беше намалена од судијата Пени Азкарате на 350.000 долари поради законската граница на државата Вирџинија.
Херд доби 2 милиони долари надомест за штета откако таа поднесе противтужба за 100 милиони долари. Минатата недела нејзината адвокатка изјави дека Херд не е во состојба да плати пресуда од 10,4 милиони долари. „Не, апсолутно не,“ рече таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Зеленски се сретна со Шон Пен, кој снима филм за Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот официјален Фејсбук профил сподели видео од средбата со Шон Пен.
„ Актерот и режисер Шон Пен снима документарен филм за војната во Украина. Од првиот ден на целосната инвазија, тој беше во Киев и со свои очи виде што е руска агресија. Наскоро целиот свет ќе може да ja види целата вистина за војната благодарение на неговиот филм. Шон, ти благодарам што ја поддржуваш нашата држава и нашиот народ!“, напиша Зеленски на видеото.
Пен се сретна со Зеленски во февруари, ден пред инвазијата и денот кога започна инвазијата.
„ Јасно беше дека сум во присуство на нешто… Тоа беше нешто ново за современиот свет во смисла на храброст, достоинство и љубов. Тоа беше извонреден момент. Начинот на кој ја обедини таа земја. Бев импресиониран и трогнат од тоа и преплашен од него и за Украина“, рече актерот за украинскиот претседател.
Тој исто така спомна дека неговата непрофитна организација прави се што може за да им помогне на луѓето во Украина, кои живеат во „мрачна нова реалност“.
Забава
Промоција на албумот на Влатко Илиевски со необјавени песни

По компилацијата со најголемите хитови на Влатко Илиевски – „За љубов се пее до крај“, објавена во 2020 година, на иницијатива на семејството на Влатко, на 2 јули ќе биде промовиран уште еден негов албум – „Последно танго“, составен од досега необјавени песни.
На денот кога Влатко ќе го прославеше својот 37. роденден, 2 јули 2022, точно напладне во ресторанот на ФК „Работнички“ во Градскиот парк, во присуство на неговите најблиски соработници и пријатели, првпат ќе бидат претставени песните, кои пред неговото трагично заминување беа подготвувани за неговиот нов студиски албум. Нешто што несомнено претставува музички тестамент на нашиот Влатче, велат организаторите на настанот.
Станува збор за колекција од 14 песни, кои авторски ги потпишуваат Кристијан Габроски, Владимир Дојчиновски, Ристо Самарџиев, Дарко Тасев, Весна Малинова…, како и легендарниот лидер на „Дивље јагоде“ – Зеле Липовача.
Зеле и Влатко, на радост на многубројните фанови, заедно го снимија големиот хит на „Дивље јагоде“ – „ Не желиш крај“.
Албумот содржи досега необјавени песни на носач на звук (некои фестивалски, две со златните славејчиња…), од кои половина се сосема нови и никогаш не се најдоа ниту на носач на звук ниту во радискиот етер, стои во соопштението.
Забава
Хуманитарен концерт во чест на Тоше на денот на неговиот прв концерт

В среда, 29 јуни, во спомен-куќата ќе се одржи хуманитарен концерт „Детска насмевка за овој свет“, кој ќе биде во чест на Тоше и од млади таленти ќе се интерпретираат негови песни.
Настанот ќе се одржи во спомен-куќата „Тодор Проески“, со почеток во 19.30 часот, а како организатор се јавува Play Without Boundaires со поддршка на спомен-куќата.
„29 јуни е ден што е особено значаен за Тоше, посебен ден во неговата кариера, ден на кој е запишан неговиот прв концерт на Градскиот стадион, кој сега е именуван по неговото име. Талентитани уметници, како Никола Зацески, Денис Димоски, Марија Груевска и Елена Петреска, ќе ги изведуваат безвременските хитови на Тоше, поддржани со музичките групи ‘Инвиктус’ и ‘Мелем’. Собраните средства ќе бидат искористени за набавка на неопходна медицинска опрема за тестирање слух кај новороденчиња во Македонија“, велат организаторите.