Контакт

Забава

Адвокатот на Бритни Спирс тврди дека татко ѝ е алкохоличар и коцкар

Објавено пред

Адвокатот на Бритни Спирс, Метју Розенгарт, го нарече татко ѝ Џејми Спирс пријавен зависник од алкохол и коцкање во новите правни документи среде судска битка за тоа кој ќе го преземе старателството над пејачката.

Џејми (68) поднесе правни документи обидувајќи се да го оспори лицето што Розенгарт го избра да го замени за да го надгледува имотот на Бритни, Џон Зејбл, кој наводно има беспрекорна биографија на доверливи позиции.

И покрај тоа што Зејбл е опишан како високо ценет, признат и наградуван, таткото на Бритни се обидува да го оспори неговото назначување.

Меѓутоа, Розенгарт возврати на загриженоста на Џејми велејќи дека тој има нулта финансиска заднина или искуство во финансиски работи и дека претходно поднел барање за стечај и исто така наведува дека во моментот против него има судска мерка забрана за приближување поради семејно насилство.

Забава

Алиша Силверстоун двапати добила забрана од апликација за запознавање

Објавено пред

Алиша Силверстоун добила забрана за пристап и користење апликација за запознавање.

45 -годишната актерка, која беше во брак со музичарот Кристофер Џареки од 2005 до 2018 година, решила да се приклучи на апликацијата во обид да најде љубов, но таа веќе двапати е исфрлена од платформата.

Таа објасни: „Пред неколку години се обидов да се вклучам во една од апликациите за запознавање и ставив лажен профил, бидејќи ми беше непријатно. И тогаш ме исфрлија, добив забрана.”

„И потоа се обидов повторно, добив храброст затоа што слушнав дека Дру Баримур била вклучена и слушнав дека Шерон Стоун е вклучена, па си реков: ако можат тие можам и јас. Така, продолжив како вистинската јас, ми требаше многу храброст да го направам тоа.

Но, и како таква бев исфрлена“, рече таа кога гостуваше во шоуто на Дру Баримор.

И покрај застојот, таа и понатаму сака да најде љубов. Холивудската актерка која со својот поранешен сопруг има 10-годишен син знае дека нема да биде лесно да го најде совршениот партнер.

Прикажи повеќе...

Забава

Канје Вест законски си го промени името

Објавено пред

Високиот суд во Лос Анџелес го одобри барањето на Канје Вест за промена на неговото име.

Познатиот рапер, продуцент и моден дизајнер пред неколку месеци поднесе барање за легална промена на своето име Канје Омари Вест во Је, без средно име и презиме.

Во барањето што го достави до судот во Лос Анџелес во август, Канје наведе дека неговата одлука е од лични причини, но не даде дополнителни информации во образложението.

Судијката Мишел Вилијамс во документите наведува „барањето за промена на името е одобрено бидејќи немаше приговори“.

Претходно, во своите објави на социјалните мрежи како и во неколку интервјуа, Канје откри дека Је е кратенка од неговото прво име кое го сака и е збор што често се користи во Библијата.

Прикажи повеќе...

Забава

Адел ќе каже сè за себе во интервју за Опра

Објавено пред

Британската поп-ѕвезда Адел ќе изнесе сè на виделина за лансирањето на својот нов албум „30“ во интерву за Опра Винфри, а ќе говори и за сите шест години кога беше далеку од очите на јавноста.

Тоа ќе изгледа многу слично на фамозното интервју на иконата на чет-шоу со принцот Хари и Меган Маркл, војводата и војвотката од Сасекс.

Интимната исповед на Aдел кај Опра ќе биде настан кој британските медиуми го нарекоа „троубек“ или потсетување на разговорот на Опра со Хари и Меган.

„Си-би-ес“ ќе ja емитува двочасовната емисија со наслов Adele: One Night Only на 14 ноември, само пет дена пред објавувањето на долгоочекуваниот четврти студиски албум на британската пејачка текстописец.

Покрај интервјуто, ќе има и концертна изведба што ќе биде најрана можност за голем дел од светот да го слушне сосема новиот материјал на Адел.

Емисијата ќе се снима во Лос Анџелес и ќе вклучува нејзини хитови и неколку нови песни.

Проектот е најавен како „прв телевизиски разговор на Адел за нејзиниот нов албум, приказните зад песните, животот по разводот, губење на тежината и подигањето на својот син“.

А според „Вараети“, Адел и Опра ќе седат на истото место каде Меган и Хари го дадоа своето интервју во март, во градината со рози на водителката.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Заев: Извештајот на ЕК потврдува дека чекориме силно на европскиот пат

Амбасадорот Гир денеска го предаде извештајот на Европската Комисија за прогресот на Северна Македонија, кој во целост го потврдува напредокот...

Свет53 минути

Во Израел откриена мутација на делта-сојот од коронавирус, момче сместено во карантин

Израел го потврди првиот случај со мутација на делта-сојот на коронавирус, кој претходно беше откриен во некои европски земји, објави...

Македонија2 часа

Со една доза вакцинирани се 49,4% од населението над 18-годишна возраст

Заклучно со 17 октомври со една доза на вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 49,4% од населението над 18-годишна возраст. Кај...

Македонија2 часа

Пендаровски: Извештајот на ЕК претставува објективна слика за состојбите во државата

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба шефот на делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир, кој му го предаде извештајот...

Македонија2 часа

До ДИК поднесени 13 приговори за изборните резултати

До Државната изборна комисија се поднесени 13 приговори за постапката за гласање и за постапката за сумирање и утврдување на...

Спорт5 часа

Потврдено: Ако не се вакцинира, Ѓоковиќ нема да игра на Австралија опен

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, нема да може да ја брани титулата на Австралија опен, доколку не се вакцинира....

Македонија18 часа

Вархељи повика на итно решавање на спорот со Бугарија до крајот на годината

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархељи, очекува зелено светло за преговорите со Северна Македонија и Албанија и повика на итно решавање...

Македонија19 часа

Северна Македонија продолжува да ги исполнува условите за преговори за членство во ЕУ, се наведува во новиот извештај

Северна Македонија продолжува да ги исполнува условите за отворање на преговорите за членство и властите ја демонстрираа јавно својата цврста...

Македонија20 часа

Димитриевски: Лица од МВР три недели нè следат мене и мојот тим, тоа е вршење притисок поради изборите

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кого утрово полицијата го сопре и го прaти со возилото на технички преглед, на прес-конференција...

Македонија21 час

Се укинува ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти

Владата на денешната редовна 113. седница, меѓу другото, во согласност со моментната епидемиолошка состојба во државата усвои измени и дополнувања...

Македонија23 часа

(Видео) Мицкоски ја повика цела опозиција зa уривање на Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати повик до Левица и сите опозициски партии, но и до владините кои се во...

Македонија23 часа

За една недела од коронавирус починале 26 вакцинирани лица, од кои најголем дел примиле „синофарм“

Во периодот од 8 до 14 октомври од коронавирус починале 105 пациенти, а 75 % од нив не биле вакцинирани....

Македонија24 часа

МВР не ја наведува причината за запирањето на Максим Димитриевски и најави истрага за случајот

Од Министерството за внатрешни работи по сопирањето на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, велат дека за случајот е вклучен Одделот...

Македонија1 ден

Уште 27 Авганистанци заминаа од земјава

Група од 27 граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во земјава изутрината од Меѓународниот аеродром Скопје, со членови на нивните...

Македонија1 ден

35 проценти од популацијата во државата примиле две дози вакцина

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.475 дози вакцини, од кои 917 се аплицирани како прва доза, 2.509...

Македонија1 ден

Симовски: Резултатите од пописот најдоцна до март

Директорот на државниот завод за статистика, Апостол Симовски, информира дека обработката на податоците од пописот е почната веднаш по неговото...

Европа1 ден

Турција нареди нови апсења, 33 војници се меѓу 158 осомничени во врска со Ѓулен

Турското обвинителство нареди апсење на 158 осомничени, вклучително и 33 припадници на војската, во опсежна операција насочена против лица наводно...

Регион1 ден

Извештајот за напредокот на Македонија ќе биде објавен денеска во Стразбур

Се очекува денеска во Стразбур да биде усвоен Пакетот за проширување на земјите од Западен Балкан. Пакетот за проширување вклучува...

Свет1 ден

Северна Кореја лансираше ракета во морето

Северна Кореја лансираше неидентификувана ракета во морето, соопшти јужнокорејската војска. Ракетата е лансирана во морето источно од полуостровот, соопшти армијата...

Македонија2 дена

По првиот круг градоначалници се избрани во 34 општини

По првиот круг од локалните избори избрани се градоначалници во 34 општини, покажуваат првичните податоци на Државната изборна комисија. Во...

Досие