Контакт

Забава

Адел има ново момче, ги спои музиката

Објавено пред

Англиската пејачка Адел (31), по разводот од сопругот Сајмон Конецки (45), ја пронајде среќата во нова љубов, раперот Скепта (37), пренесува „Дејли мејл“.

Адел (31) и нејзиниот сопруг Сајмон решија во април да стават крај на нивниот брак во кој го добија синот Ангел Аткинс. Нејзините обожаватели стравуваа дека пејачката ќе биде емотивно скршена и очекуваа многу срцепарателни балади, но се чини дека Адел страдаше кратко и најде утеха во својот почитуван колега.

„Адел и Скепта поминуваа многу време заедно по распаѓањето на нивните љубовни врски. Во меѓувреме, тие се поврзаа меѓусебно и споделуваат многу заеднички интереси. Тие поминуваат сè повеќе време заедно и сите пријатели претпоставуваат дека ќе бидат одлична двојка“, вели анонимен извор за „Сан“.

Сепак, фановите на популарната пејачка се изненадени од нејзиниот избор.

Адел и Скепта порано зборуваа еден за друг со голема љубов и почит, а честопати се спомнуваа и на социјалните мрежи. Тоа не изненади никого имајќи предвид дека тие одамна биле блиски пријатели. Па, така, пред неколку години Скепта откри дека Адел го известувала за секоја ситница во животот.

Забава

Издадена досега необјавена песна на Принц

Објавено пред

По повод 40-годишнината од вториот албум на легендарниот пејач Принц, едноставно наречен „Принц“, на „Јутјуб“ се најде досега необјавената негова песна „I Feel For You“.

Снимката е направена во зимата 1978-1979 година, во времето кога Принц се подготвувал за своето соло деби во театарот „Капри“ во северен Минеаполис, според веб-страницата на пејачот.

Комплетно продуцираната студиска снимка на синглот „I Feel For You“ се најде на албумот „Prince“, кој беше објавен на 19 октомври 1979 година. Тој беше рангиран на 10-то место на листата „Билборд хот 100“ во 1984 година кога Чака Кан ја извела обработката на оваа песна на нејзиниот соло албум.

Објавувањето на новата акустична верзија на плочата доаѓа три години по смртта на Принц во април 2016 година од случајно предозирање со фентанил.

Прикажи повеќе...

Забава

Принцот Хари: Не се разијдовме заради сопругите туку заради работата

Објавено пред

Принцот Хари (35) и принцот Вилијам (37) веќе подолго време не можат да најдат заеднички јазик, а војводата од Сасекс неодамна зборуваше за првпат за односите со неговиот постар брат. Во интервјуто со Том Бредби (52) за ИТВ, Хари призна дека браќата тргнале по различни патеки.

„Поради нашите улоги, работата, нашите семејства и фактот дека сме под притисок, се случува луѓето да се разијдат. Но, ние сме браќа и секогаш ќе бидеме браќа“, рекол Хари, додавајќи дека тој секогаш ќе биде тука за него.

„Знам дека и тој ќе биде тука за мене. Не се гледаме толку колку што сме навикнати затоа што сме зафатени. Повеќето озборувања се создадени од ништо, но кога сте браќа имате и добри и лоши денови“ – додаде Хари.

Покрај односите на браќата, таблоидите често се исполнети со фактот дека нивните сопруги, Кејт Мидлтон (37) и Меган Маркл (37) не можат да најдат заеднички јазик, поради што принцовите престанале да комуницираат.

Пријател на семејството за Си-ен-ен изјави дека тоа нема никаква врска со односот на војвотките, туку дека Хари сакал поголема независност, а на Вилијам му е потребен сопствен тим да се подготви за промена на владата кога нивниот татко, принцот Чарлс (70), ќе стане крал.

Прикажи повеќе...

Забава

Некои актери си ги кријат своите вистински имиња, се нарекуваат сосема поинаку

Објавено пред

Некои sвезди си го смениле своето име за да успеат полесно во кариерата, па затоа сега го користат уметничкото име по кое се познати.

Вистинското име на Вин Дизел (52) е Марк Синклер Винсент. Додека Вин е само скратеница за неговото вистинско презиме, тој се одлучил за уметничкото презиме Дизел бидејќи тој прекар му го дале неговите пријатели затоа што бил полн со енергија.

Вистинското име на Натали Портман (38) е Нета-Ли Херхслаг. Таа одлучила да работи под презимето Портман затоа што сакала да ја зачува приватноста поблиску до семејството. Портман е моминско презиме на баба ѝ.

 

Николас Кејџ (55) е всушност Ким Копола. Тој го криел своето вистинско име од почетокот на кариерата затоа што не сакал да се прослави само врз основа на крвната врска со славниот режисер, неговиот вујко Франсис Форд Копола.

Тој го избрал уметничкото презиме Кејџ поради стрип-херојот на Марвел, Лук Кејџ.

Актерката Џенифер Анистон (50) има грчко потекло и вистинското име ѝ е Џенифер Лин Анастасакис. Нејзините родители ѝ го смениле презимето во Анистон за да ѝ помогнат на својата ќерка, која сакала да стане актерка.

Полното име на Бред Пит (55) е Вилијам Бредли Пит, но сите го познавале под името Бред, па затоа тој замина во светот на глумата со тоа име.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

„Тортура“ почнува од почеток по година и 8 месеци судење

Поради смена на поротник и поради истек на 90 дена, судењето за предметот „Тортура“ на СЈО почна од почеток. Судијката...

Македонија29 минути

Туск пред пратениците во ЕП: Голема грешка е одлуката за Северна Македонија и Албанија

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск денеска пред пратениците во Европскиот парламент рече дека е голема грешка тоа што не...

Свет59 минути

Нарухито прогласен за јапонски цар, помилувани половина милион осуденици

Јапонската влада помилува околу 550.000 осуденици за помали кривични дела по повод востоличувањето на императорот Нарухито. Одлуката, одобрена од владата...

Свет2 часа

„Фејсбук“ ги објави новите мерки за претседателските избори во САД

„Фејсбук“ најави дека внимателно ќе ги следи „медиумите кои се контролирани од државата“ и се обидуваат да манипулираат со расположението...

Регион2 часа

Грчката полиција изнесе малолетници од кино на филмот „Џокер“

Во Грција изби широка полемика зошто полицијата минатиот викенд изнела малолетници од две кина во Атина, во кои се прикажувал...

Свет2 часа

Торнадо остави неколку илјади домаќинства без струја во Далас

Десетина илјади домаќинства и деловни објекти во Далас останаа без струја поради торнадо што го погоди овој американски град. Ударите...

Регион3 часа

Чавушоглу: Санкциите и заканите нема да нè спречат во офанзивата во Сирија

Меѓународните санкции или закани со санкции нема да ја присилат Турција да ја спречи својата афанзива во Северна Сирија, изјави...

Македонија14 часа

(Видео) Мицкоски: Едногласно ја преименувавме коалицијата во „Обнова на Македонија“

По средбата со коалициските партнери, Мицкоски рече дека едногласно се договориле да го сменат името на коалицијата во „Обнова на...

Македонија15 часа

(Видео) Мицкоски на средба со коалициските партнери

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во седиштето на партијата е на средба со своите коалициски партнери. Состанокот следува по...

Регион16 часа

Протест пред француската амбасада во Бугарија против одлуката на Макрон за Северна Македонија

Десетици интелектуалци, јавни личности и граѓани се собраа вечерва пред француската амбасада во Софија за да го искажат своето несогласување...

Свет16 часа

Претседателот на британскиот Парламент одби гласање за договорот за брегзит

Барањето на британската влада пратениците да гласаат со „да“ или „не“ за договорот за брегзит, што го постигна премиерот Борис...

Македонија18 часа

Конте: Преговорите за проширување на Балканот треба да почнат во ноември

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, порача дека Рим ќе предложи Европската Унија повторно во ноември да ги почне преговорите за проширување...

Топ19 часа

Млад скопјанец се фрлил од вториот кат на зграда

Во Полициската станица Центар во вечерните часови на 20 октомври било пријавено дека на скопскиот булевар Кирил и Методиј едно...

Македонија21 час

(Видео) Симовски: Нема попис во април, ќе се пролонгира

Април е непогоден термин за пописот и треба да се пролонгира, вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика,...

Економија22 часа

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат, додека цената на дизелот останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена...

Македонија22 часа

Столтенберг телефонски разговараше со Заев: Со нетрпение ја очекувам Северна Македонија во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на својот твитер-профил денеска напиша дека имал добар телефонски разговор со премиерот Зоран Заев...

Топ23 часа

Возило удри во две девојки – возачот прво побегнал, па потоа сам се пријавил во полиција

Две девојки се повредени во Скопје, кога возило удрило во нив на булеварот Кочо Рацин во Скопје. Возачот најпрво побегнал,...

Македонија24 часа

(Видео) Татко му на Боки 13: Не сум Сталоне па да тепам луѓе за една минута

Поради отсуство на скопската обвинителка Имран Османи, утрово во кривичниот суд беше одложено судењето за татко му на Боки 13,...

Свет1 ден

Студенти во Индија носат кутии на главите за време на испит за да нема измами

Индиските студенти носат кутии на главите за време на испитот за да спречат измама. Вакви фотографии се појавија во јавноста...

Европа1 ден

Aко планот на Џонсон не помине, ЕУ ќе го одложи брегзит до февруари 2020 година

Европската Унија ќе го одложи брегзит до февруари 2020 година, ако британскиот премиер Борис Џонсон не добие поддршка за неговиот...

Досие