Контакт

Забава

Адел купи уште една куќа во Беверли Хилс

Објавено пред

Поп-ѕвездата Адел плати 10 милиони долари за нова куќа во Беверли Хилс, која се наоѓа на истата улица како и двете што веќе ги поседува.

Куќата со четири спални и четири бањи, претходно во сопственост на Никол Ричи и Џоел Меден, е во непосредна близина на имотот каде што моментно живее со осумгодишниот син Анџело.

Новокупениот имот има простран двор со голем тревник, базен и џакузи.

Според медиумите, вредноста на недвижниот имот на Адел, односно на трите куќи во Беверли Хилс, се проценува на 30 милиони долари.

Забава

(Видео) „Телохранител“ добива холивудски римејк

Објавено пред

„Телохранител“, филмот од 1992 година што ѝ ја лансира актерската кариера на покојната Витни Хјустон и ја претстави нејзината најпозната песна, ќе добие нова верзија.

Холивудското филмско студио „Ворнер брос“ во средата соопшти дека преработката на романтичниот трилер е во развој со сценарио напишано од американскиот драматург Метју Лопез.

Не беа дадени детали за кастингот, дејството или потенцијалниот датум на објавување, но „Ворнер брос“ откри дека Лоренс Кесдан, писател и продуцент на филмот од 1992 година, ќе ја копродуцира новата верзија.

Хјустон го имаше своето актерско деби во „Телохранител“ глумејќи пејачка што ја штити поранешен агент на тајната служба (Кевин Костнер) од непознат демнач.

И покрај тоа што немаше добри рецензии од критичарите во тоа време, тој беше втор најголем филм на светските киноблагајни во 1992 година, а изведбата на Хјустон на баладата на Доли Партон, I Will Always Love You, стана класик.

Прикажи повеќе...

Забава

Ќерката на Ирина Шајк се плаши од папараци

Објавено пред

35-годишниот супермодел има четиригодишна ќерка Леа со својот поранешен партнер Бредли Купер и откри дека морале да ѝ објаснат дека папараците „само си ја вршат работата“ кога го фотографираат семејство бидејќи таа е преплашена од нив.

„Леа ги здогледува папараците од километри. Моравме да ѝ објасниме: тие само си ја вршат својата работа. Со продажба на фотографии тие заработуваат за живот. Не треба да се плашиш“.

Ирина го држи својот личен живот подалеку од рефлекторите колку што е можно за да ја заштити својата ќерка. А што се однесува до Бредли, кого го нарече практичен татко, сака сам да се грижи за својата ќерка кога се заедно.

„Тој е целосенo посветен татко – нема дадилка. Леа отиде на одмор со него речиси две недели – јас не им се јавив ниту еднаш“, рече таа во интервју за магазинот „Хајстајл“.

Прикажи повеќе...

Забава

Даниел Крејг менува 20 костуми во една акциона сцена како Џејмс Бонд

Објавено пред

53-годишниот актер треба да го глуми 007 последен пат во филмот No Time To Die („Не е време за умирање“), кој конечно треба да излезе овој месец по многуте одложувања.

Тој открива дека менува многу костуми на Бонд при снимање акробации.

Говорејќи во новата епизода на No Time To Die: The Official James Bond Podcast, Даниел откри: „Ако имам костум што е вклучен во акциона секвенција, ми требаат 20 или 25 од нив“.

Насловната песна за новиот филм ја напиша и ја пее Били Ајлиш, која откри дека за инспирација се осврнала на почетните сцени од претходните филмови со Крејговиот Бонд, со посебен фокус на „Скајфол“.

19-годишната музичка sвезда рече: „Со години ја гледам почетната сцена од ‘Скајфол’. О, боже, многу е добра. Кога ја создававме оваа песна, ја гледавме таа сцена повторно и повторно“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 минути

Кина сака пристап до транс-пацифичкиот партнерски сојуз

Министерот за трговија на Кина во писмена форма му го го предаде барањето за придружување кон Договорот за слободна трговија...

Европа29 минути

Орбан: Унгарија ќе биде меѓу последните што ќе ја напушти ЕУ доколку некогаш се расформира

Унгарија мора да остане членка на Европската Унија за да обезбеди постојан пристап до нејзиниот единствен пазар, изјави денеска премиерот...

Регион1 час

Словенија воведе задолжителна вакцинација за вработените во јавната администрација

Сите вработени во јавната администрација во Словенија, кои не прележале коронавирус и кои не се вакцинирани, задолжително ќе мора да...

Свет1 час

И Холандија воведе сертификат за вакцинација за влез во ресторани, кафулиња, музеи…

Во Холандија од 25 септември за влез во кафулињата, рестораните, музеите, театрите и на културни настани ќе биде потребен сертификат...

Македонија20 часа

Косовскиот премиер не одговори дали ќе ги екстрадираат осудените во случајот „Монструм“

Министрите за правда на Македонија и Косово се во директен редовен контакт и тие соработуваат во однос на прашањето за...

Македонија24 часа

Нови правила за Македонците – влез во Швајцарија само со сертификат, во Белгија карантин за невакцинираните

Швајцарија, Белгија и Австрија донесуваат нови ковид-правила за патниците што влегуваат во нивните земји.  За Швајцарија, повеќе не е во...

Свет1 ден

(Видео) Бајден го заборави името на австралискиот премиер, нов гаф на американскиот претседател

Американскиот претседател Џо Бајден го заборави името на австралискиот премиер Скот Морисон, па го нарече „тој човек одоздола“ за време...

Македонија1 ден

МВР: На Рашковски му е дозволено да излегува од куќен притвор за да оди на лекар

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, смее да се оддалечува од домот каде што издржува куќен притвор, тврдат од...

Свет1 ден

Француската војска уби лидер на ИСИС

Францускиот претседател, Емануел Макрон, објави дека припадниците на француската војска го убиле водачот на Исламската држава во Сахара, Аднан Абу...

Македонија1 ден

Во соработка на македонската и германската полиција запленета марихуана вредна над 100.000 евра

Во Германија е запленета марихуана вредна над 100.000 евра во заедничка акција на полициите на Македонија и Германија, соопшти МВР....

Регион2 дена

(Видео) Протести против ковид – мерките во Љубљана: полицијата употреби солзавец и водени топови

Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги растера противниците на мерките во борбата против коронавирусот кои вечерва се...

Македонија2 дена

(Видео) Уште 44 бегалци од Авганистан пристигнаа во Македонија

На Меѓународниот аеродром во Скопје попладнево пристигнаа уште 44 бегалци од Авганистан. Од Владата соопштија дека станува збор за активисти...

Топ2 дена

Кривична пријава за жена од Дебар, го тепала нејзиниот осумгодишен син и го терала да питачи

Полицијата поднесе кривична пријава против 28-годишна жена од Дебар која физички го малтретирала нејзиниот син и го терала да питачи....

Европа2 дена

Шведскиот модел сепак успешен – без строги мерки до нула починати

Рекорден број заразени и починати од Ковид-19 во Европа, а во Шведска нула починти. Оваа европска земја беше ставена на...

Топ2 дена

(Видео) Откриени две илегални лаборатории за производство на марихуана во Скопје

Вчера, полициски службеници од одделот за крим-полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи и полициски службеници...

Македонија2 дена

Заев: Демократијата е двонасочен дијалог меѓу граѓаните во општеството, ние ја градиме на еднаквоста на сите

Демократијата доаѓа од народот за да му служи на народот, напиша, меѓу другото, премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил по...

Европа2 дена

Меркел од Албанија: Кој и да биде нов германски канцелар, ќе го задржи интересот за овој регион

Германската канцеларка, Ангела Меркел, на средбите во Тирана го потврди интересот на Германија за земјите од Западен Балкан. „Без оглед...

Свет2 дена

Тепачки и расправии – внатрешни конфликти за новата влада го разнишаа талибанското раководство во Авганистан

На врвот на талибанското движење дошло до голем внатрешен конфликт за составот на новата влада. Конфликтот помеѓу коосновачот на талибанското...

Европа2 дена

Борел: Русија сака да нѐ подели, не им е грижа за Европската Унија

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, тврди дека Русија сака да ја подели Европската Унија преговарајќи само со одредени членки,...

Свет2 дена

Северна Кореја лансира две балистички ракети

Северна Кореја лансирала две балистички ракети во морето, тврди Генералштабот на Јужна Кореја. Јапонската крајбрежна стража исто така соопшти дека...

Досие