Контакт

Забава

Адел сака Идрис Елба да биде следниот Џејмс Бонд

Објавено пред

Британската поп-ѕвезда Адел откри дека би сакала да го види Џонатан Мејџор да го замени Даниел Крег како 007, но бидејќи тој е Американец, нејзиниот втор избор е Идрис Елба за кого претходно се шпекулира дека ќе ја преземе култната улога на таен агент во блокбастер-серијалот.

Зборувајќи за „Вог“ за нивната серија „73 прашања“, британската хитмејкерка и добитничка на „Греми“ рече: „Мислам дека е тешко, има многу избори и работи. Но, би сакала Џонатан Мејџор да биде следниот Бонд. Не знам дали тоа е дозволено бидејќи е Американец. Затоа мислам дека Идрис Елба би бил добар избор“.

Британскиот актер ги избезуми фановите уште во 2018 година кога објави селфи на „Твитер“ со натпис „Се викам Елба, Идрис Елба“, што предизвика шпекулации дека тој е еден од наследниците на Крег. Сепак, тој бргу ги отфрли шпекулациите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Џорџ Клуни одбил голема сума пари за реклама на авиокомпанија

Објавено пред

Џорџ Клуни откри дека еднаш одбил понуда од 35 милиони долари за да се појави во реклама за авиокомпанија.

На холивудскиот актер му било понудена неверојатна сума пари за еден ден работа, но неговата сопруга, адвокатката за човекови права Амал (43), го убедила дека не вреди бидејќи е поврзана со „сомнителна земја“.

„Ми понудија 35 милиони долари за еден ден работа за реклама на авиокомпанија, но разговарав со Амал за тоа и решивме дека не вреди. Беше за земја што, иако е сојузник, понекогаш е дискутабилна и затоа си помислив: „Ако ми одземе макар и една минута сон, не вреди“, рече Клуни во разговор со „Гардијан“.

Во интервјуто, Клуни – кој е во брак со Амал од 2014 година и ги имаат четиригодишните близнаци Ела и Александар – исто така се отвори за своите родителски вештини нагласувајќи дека и покрај брзото темпо на живеење и многуте обврски, парот не се потпира целосно на дадилки.

„Немаме персонал со полно работно време бидејќи на Амал ѝ е многу важно да биде вклучена. Имаме дадилка четири дена во неделата, а остатокот од времето сме само ние. А за време на самоизолацијата бевме само ние – цела година! Се чувствував како мајка ми во 1964 година, со миење садови и ставање во машина шест купа алишта дневно“, рече Клуни за британскиот весник.

Прикажи повеќе...

Забава

Адел: Ми недостига сигурноста што ја имав додека бев во брак

Објавено пред

Адел се чувствувала безбедно кога била во брак и сега ѝ недостига таа сигурност.

Адел се разведе од сопругот Сајмон Конецки пред две години, но поп-ѕвездата (33), која моментно е во врска со спортскиот агент Рич Пол, открива дека разводот не го променило нејзиното мислење за бракот.

Во разговор за „Сириус екс-ем“ таа рече: „Дефинитивно, повторно сум отворена за брак. Чувството што го имав кога бев во брак беше најбезбедното чувство што некогаш сум го имала во мојот живот“.

„За жал, не успеа, но ми недостига да бидам во брак“.

Адел своето скршено срце од разводот го канализира во новиот албум „30“ и верува дека во албумот го постигнала „вистинскиот тон на врска што се распаѓа“ и дека била искрена за реалноста, за крајот на бракот со Сајмон и за влијанието врз неа и деветгодишниот син Анџело.

„Суштината е во тоа што треба да седнете како двајца возрасни луѓе и да разговарате како ќе ги разделите вашите животи. Мора да се почитувате еден со друг и да бидете смирени или ништо нема да се реши“.

Хитмејкерката, која има пријавена нето-вредност од 190 милиони долари, ги отфрли шпекулациите дека Сајмон стекнал огромен дел од нејзиното богатство по разводот.

„Имаше секакви шекулации на интернет дека тој наводно ги добил сите мои пари. Како да сум глупава да дозволам некој да ги има сите мои пари. Ништо од тоа не е точно“.

Прикажи повеќе...

Забава

Бред Пит и Луис Хамилтон работат на нов тркачки филм

Објавено пред

Бред Пит и британскиот возач на Формула 1, Луис Хамилтон, работат на нов тркачки филм.

Холивудскиот миленик (57) и повеќекратниот шампион од тимот на Мерцедес (36) ги здружија силите за филмот што ќе го режира Џозеф Косински („Топ Ган: Маверик“).

Продуцентот Џери Брукхајмер и сценаристот Ерен Кругер се исто така вклучени во неименуваниот проект, кој е предмет на војна со наддавање меѓу „Парамаунт“, МГМ, „Сони“, „Јуниверзал“, „Нетфликс“, „Епл“, „Амазон“ и „Дизни“, како што наведува „Холивуд репортер“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Димитар Ковачевски почна со презентација на програмата пред членовите на СДСМ

Актуелниот кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски пред членството на партијата во општина Карпош ја презентираше својата изборна...

Македонија2 часа

Ескобар: Работиме со европските партнери за брза интеграција на Северна Македонија во ЕУ

Со нашите европски партнери работиме за да обезбедиме брза европска интеграција на Северна Македонија, изјави американскиот заменик-помошник на државниот секретар...

Регион2 часа

Радев на консултации пред врачувањето на мандатот, Петков вели: „Неопходно е да се формира влада“

Времето на едноличната премиерска власт заврши, истакна бугарскиот претседател Румен Радев пред претставниците на „Промената продолжува“, а за време на...

Економија2 часа

Бесими го достави дополнетиот предлог-буџет за следната година

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска го достави дополнетиот предлог-буџет за 2022 година до претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој...

Европа2 часа

Следната пандемија би била посмртоносна од Ковид-19, предупредува креаторката на „Астра зенека“

Идните пандемии би можеле да бидат посмртоносни од сегашната криза предизвикана од Ковид-19, предупреди Сара Гилберт, професорка на Универзитетот „Оксфорд“...

Свет3 часа

(Видео) Најмалку 15 загинати и голем број исчезнати по силната ерупција на вулканот Семеру

Индонезискиот вулкан Семеру и денеска продолжи да исфрла големи количества пепел, неколку дена по силната ерупција, во која загинаа 15...

Европа4 часа

Откриен извештај – Германија воведува задолжителна вакцинација во неколку ресори

Новата германска влада има намера од средината на март да воведе задолжителна вакцинација за вработените во одредени ресори, пренесуваат светските...

Европа5 часа

Невакцинираните во Италија нема да може да користат јавен превоз без ковид-потврда

Во Италија од денеска стапија во сила построги мерки против коронавирусот, со кои невакцинираните лица ќе бидат исклучени од многу...

Свет16 часа

Папата на Лезбос со мигрантите – стотици бели ливчиња, апел за помош

Папата Франциско на вториот ден од посетата на Грција го посети бегалскиот камп на островот Лезбос. Тој ја обвини Европа...

Свет17 часа

Путин предупреди: Полјаците ги полеваат мигрантите со хербициди на граница

Рускиот претседател Владимир Путин ја повика директорката на Федерацијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Франческа Рока, да внимава на...

Свет18 часа

Фаучи: Засега, не треба да бидеме премногу загрижени за омикрон

“Првите „малку охрабрувачки знаци“ доаѓаат од Јужна Африка кога станува збор за сериозноста на инфекциите со омикрон” , изјавил советникот...

Европа20 часа

(Видео) Со водени топови и солзавец растерани демонстрантите во Брисел

Белгиската полиција денеска употреби водени топови и солзавец за да ја растера групата демонстранти во Брисел. Учесниците на маршот протестираа...

Македонија22 часа

Заев прифати меѓународна истрага за случаите „Монструм“, „Диво Насеље“ и Алмир Алиу

Постигната е согласност Владата да испрати официјално барање до Европската Комисија со кое ќе побара тим од независни експерти кои...

Македонија23 часа

(Видео) Алтернатива доби две министерства и министер без ресор, Гаши и Заев најавија стабилно мнозинство

Алтернатива доби три министерства во Владата на заедничка прес-конференција соопштија претседателот во заминување на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на...

Македонија23 часа

Десет починати и 276 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.720 тестирања,...

Регион1 ден

(Видео) Поројни врнежи од дожд во Хрватска, поплавени улици и патишта

Пороен дожд утрово врне на Јадранот локално и со пороен дожд и грмежи. Во текот на денот се очекуваат обилни...

Топ1 ден

Петмина повредени во судир на автомобил и трактор на патот Битола-Ресен

Пет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат Битола-Ресен, кај „Сопотски ливади“. Несреќата...

Свет1 ден

Научниците со нови сознанија: Омикронот можеби презел дел од генот на вирусот на настинката

Новиот сој на коронавирус, омикрон, можеби стекнал барем една од неговите мутации со собирање фрагмент од генетски материјал од друг...

Топ1 ден

МВР со апел: Граѓаните да не користат петарди, казните се од 200 до 500 евра

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека и годинава спроведува превентивна кампања, со цел на граѓаните да им се...

Свет1 ден

Си-Ен-Ен го отпушти најпознатиот водител Крис Куомо, брат на поранешниот гувернер на Њујорк

Американската медиумска куќа Си-Ен-Ен во саботата објави дека водителот Крис Куомо е отпуштен и дека одлуката веднаш стапува на сила....

Досие