Забава
(Видео) Адел се пошегува на сметка на своето слабеење
Адел се пошегува на сметка на губењето килограми и им порача на фановите „мојот албум не е завршен“ откога, по 12 години, се врати во популарното американско ТВ-шоу „Сатрдеј најт лајв“, овој пат како водителка.
„Знам дека изгледам навистина многу пооинаку од последниот пат кога ме видовте“, рече 32-годишната британска пејачка кога се качи на сцената.
„Но, всушност, поради сите ковид-ограничувања, морав да патувам лесно и можев да донесам само половина од мене“, рече таа. „И ова е половината што ја избрав“.

Ѕвездата додаде дека е премногу возбудена и преплашена што треба да пее и да биде домаќин на СНЛ (Saturday Night Live) истовремено.
„Повеќе би сакала да носам перики, да испијам чаша вино или шест и да видам што ќе се случи“, рече Адел. Сепак, таа почна да пее за време на еден од скечевите.

Во импровизација на популарната реална серија The Bachelor, Адел се појави како кандидатка што бара момче. „Тука сум затоа што имав многу кршења на срцето во мојот живот – првин на 19 години, потоа на 21, а потоа уште попознато – на 25“, рече таа алудирајќи на насловите на нејзините први три албуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
